Skip to content

Студенти од Академијата за визуелни уметности, дел од full-service агенцијата „Пиксел“

Стефан Божиновски и Лука Кузманоски, тековни студенти на Академијата за визуелни уметности во „Скала“, започнаа пракса во маркетинг-агенцијата „Пиксел“.

Станува збор за пракса во full-service агенција со над 10 години искуство којашто им помага на клиентите да постигнат дигитална зрелост преку иновативен дизајн, технолошки напредни веб-страници и уникатна дигитална комуникација на сите канали.  

Лука Кузманоски е motion designer и создава анимирани реклами, телевизиски реклами, содржини за социјалните медиуми, како и текст и лого-анимации. Стефан Божиновски пак, се занимава со фото и видео-продукција, со фокус на монтажа на поткасти, промотивни и корпоративни видеа и кратки видеа за социјалните медиуми.

Горди сме на Лука и Стефан чијшто талент беше препознаен од „Пиксел“ и за таа цел, им поставивме неколку прашања за да ни го раскажат нивното досегашно искуство како практиканти во „Пиксел“. 

 

 Пракса во една од најдобрите маркетинг-агенции во земјата

Пиксел е место каде што се создаваат иновативни решенија во сфера на маркетинг, развој и дизајн. Преку синхронизацијата на овие три одделенија, агенцијата создава проекти со коишто клиентите ќе можат да се истакнат од конкуренцијата – вели Лука. 

 

Тој ни раскажа дека во „Пиксел“ има улога на Motion Designer и во текот на денот, изработува секакви видови на анимирани реклами, ТВреклами, реклами за на социјалните мрежи, текстанимации и логоанимации. 

Стефан пак, работи во секторот за фото и видеопродукција.

Најмногу се занимавам со монтирање на видеа – поткасти, промотивни видеа, корпоративни видеа и кратки видеа за социјални медиуми. Повремено помагам и во снимање, а понекогаш и во дизајн – вели Стефан. 

 

 

Академијата за визуелни уметности на „Скала“ – повеќеслојно искуство за студентите

Стефан сподели со нас дека Академијата за визуелни уметности на „Скала“ за него било интересно и повеќеслојно искуство.

Академијата ми даде изговор да работам на задачи и активно да размислувам за креативни проблеми. Тоа е секогаш добредојдено кај креативците, бидејќи честопати не си даваме простор и време да се соочуваме со креативни проблеми и предизвици, а тоа се оние коишто најмногу нè водат кон развој – вели Стефан. 

 

 

Моето запишување во „Скала“ е микс од: препораки, искуството на професорите, програмата на Академијата за визуелни уметности и наставата којашто се одржува со физичко присуство… и можам најискрено да кажам дека Академијата ги исполни сите мои очекувања во целост! – вели Лука.

Тој ни го сподели и тоа како Академијата за визуелни уметности му помогнала во професионалниот и креативен развој.

 

Начинот на предавање на менторите го поттикнуваат креативното размислување и процесот на создавање и креирање на идеите. Би ги издвоил менторите Дејан Џолев кој многупати ми помогнал да го променам начинот на размислување и да размислувам надвор од рамките и секој следен пат да ги гледам работите од нова перспектива и менторот Петар Џон кој секогаш имал прецизен одговор на моите прашања без разлика дали тоа се прашања во однос на анимации или пак, во однос на развој и кариера – вели Лука.


За Стефан, сите предавања и ментори му се од големо значење за професионалниот развој.

Сите си носеа свој „драж“. Сепак, доколку морам, како поинтересни процеси можеби би ги издвоил вежбите по Илустрација кај Зоран Кардула и Фотографија кај Џолев– вели Стефан. 

 

 

Стипендистите те повикуваат на стипендии! 
Аплицирај на следиот линк!

 

 

 Планови за иднината – од скромни почетоци до „ѕвездите“

Лука ни раскажа дека неговите главни интереси во светот на дизајнот се концентрирани околу motion graphics и анимација. Во следните неколку години, тој сака да ги усоврши вештините, работејќи на проекти за клиенти и „passion projects“, со повеќе соработки како вработен во маркетинг-агенција или фриленсер. 

По 5 години од денес, се гледам како угледен Motion designer кој  го има пронајдено, одредено и усовршено својот стил и е во тек со развојот на motion graphics, некој кој ја има одредено својата кариера и гледа да се прошири во останатите гранки во дизајн-светот како: UX/UI анимации, game design или можеби продукција на филмови! – вели Лука. 

 

Доаѓајќи од академска позадина на ликовен уметник (графичар), моето искуство вклучува работа со визуелните медиуми, а мојот интерес за различните дисциплини и области природно го прави мојот пристап мултидисциплинарен. Мојата желба е успешно да се изборам за своето место во уметничките и креативните области и индустрии, докажувајќи дека и од скромни почетоци може да се стигне до ѕвездите – вели Стефан Божиновски. 

 

Уписите за новата учебна 2024/25 година
се во тек! Закажи
СРЕДБА! ♡

 

 

 Другарски совет до сите идни студенти на „Скала“

Советот на Стефан до идните студенти на „Скала“ е доколку навистина искрено се интересираат за визуелните уметности, да не се двоумат и да не размислуваат предолго.

Секогаш кога и јас сè уште застанувам да се запрашам зошто сум се насочил кон овие области, секогаш само си потврдувам дека не би сакал да правам нешто друго, без разлика на предизвиците. – вели Стефан. 

 

Доколку некој размислува да ја промени својата кариера или пак, го бара правилното место за почеток на својата кариера во светот на визуелните уметности, Академијата за визуелни уметности на „Скала“ e правилниот избор! – им порачува Лука на идните студенти на „Скала“. 

 

 

Групите на некои академии веќе се полни. Закажи
СРЕДБА и фати последно место! ♡

 

Сега е вистинското време да донесеш одлука за следната „скала“ од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата. 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: