Skip to content
стипендистите повикауваат-на -стипендии-скала

Стипендистите те повикуваат на повик за стипендии!

Во тек е повикот за стипендии во „Скала“ за сите оние кои имаат желба и насока да започнат кариера во најпопуларните професии денес. Повикот е активен до 5 октомври! 

На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“.

АКАДЕМИИ:  

 

СТИПЕНДИИ: 

  • 22 делумни стипендии (50% намалување на школарината)
  • 33 ваучери со 15-25% попуст

 

Кандидатите се поделени во две различни категории:

1. кандидати со искуство од дејноста и
2. кандидати без претходно искуство.

 

★ Пријави се за стипендија на следниот ЛИНК!

 

Со цел да ве охрабриме да се пријавите на нашиот повик за стипендии, ви претставуваме дел од новите стипендисти. Андреа, Марио, Мартина, Ева, Бојан, Верица, Марија, Ивана, Алија, Јана и Драгана, ги споделија своите искуства од интервјуата за стипендии и ни раскажаа кои се нивните очекувања, како се одвивал разговорот, како се справиле со тремата и како стипендијата ќе им помогне во нивниот личен и професионален развој! 

 

 

Први импресии од интервјуто за доделување стипендии

Интервјуто за стипендии во просториите на „Скала“ е од големо значење за студентите кои имале различни, но позитивни импресии од своето искуство.

Андреа Осман, студентка на Академијата за графички дизајн, раскажа дека кога влегла во просториите на „Скала“, била пријатно изненадена од амбиентот.

Многу ми се допадна прекрасниот „cozy vibe“ којшто смирува. Кога заврши интервјуто, си отидов со многу добри импресии и возбудена за почетокот на Академијата! – вели Андреа.

 

Марио Ристески, студент на Академијата за UX/UI+ дизајн и архитект со страст за графички дизајн и 3Dмоделирање, сподели дека во „Скала“ се почувствувал самоуверен и подготвен за следната фаза од образованието.

Најсилен впечаток ми остави ентериерот во којшто се одржа интервјуто – пријатен, модерен и добро ги претставува вредностите на „Скала“, Школата за дизајн и технологија! – вели Марио.

 

 

Студентите се желни за ново знаење, искуство и прогрес

Ивана Гијовска од Академијата за моден дизајн, најмногу е мотивирана од желбата за прогрес и креативност.

Сакам да учам од успешни луѓе, а таа здрава конкуренција што ќе ја имам во „Скала“, е многу важна за мене. Верувам дека треба да се предизвикуваме и да се впуштаме во води коишто носат нови искуства и знаења – вели Ивана.

 

Мојата најголема пасија е модата, бидејќи таа е втор јазик за личноста и ќе ми биде привилегија да го научам тој јазик преку академските предавања во „Скала“, коишто со нетрпение ги чекам да започнат! – вели Алија Демиралиески кој, по интервјуто со тимот на „Скала“, бил воодушевен и пресреќен. 


Јана Кузманоска
од Академијата за фотографија ни раскажа дека сака да научи повеќе за фотографијата и верува дека ќе се стекне со професионални вештини коишто ќе ѝ бидат од значење за идната кариера. 

 

 

Трема и најсилни впечатоци за време на интервјуто

Разговорот којшто го имавме, беше од „отворен“ карактер – без осуда и критика, давајќи ми мотив и целосна поддршка и разбирање – вели Алија кој на почетокот имал трема, но брзо ја надминал. 

 

Ивана Гијовска ни сподели дека честопати има проблем да зборува концизно и кратко, но на интервјуто се чувствувала слободно, без притисок да брза и можела да се изрази отворено и искрено.

Прашањата коишто ми ги постави тимот на „Скала“ на интервјуто беа преинтересни и имав можност да се претставам на најдобар начин! По првото прашање, толку бев внесена во разговорот што сосема заборавив на тремата! – вели Ивана. 

 

Имав трема на почетокот, но ја надминав така што се фокусирав на тоа да се претставам најдобро што можам, но исто така, пријатната атмосфера и топлиот пристап дополнително ме опуштија! – вели Ева Стојановска од Академијата за ентериер и продуктдизајн. 

 

 

★ Пријави се за стипендија на следниот ЛИНК!

 

Стефани Неделкова Кузманоска – добитничка на 100% стипендија за Академијата за дигитален маркетинг

 

Стипендијата им помага на студентите да ги остварат своите соништа и да се развиваат лично и професионално 

Стипендијата не само што им овозможува на студентите да ги остварат своите соништа, туку и нуди значајна финансиска помош, олеснувајќи им го патот кон личен и професионален развој, без финансиски притисоци. Тоа им овозможува на студентите да се фокусираат целосно на учењето и усовршувањето на своите вештини во „Скала“. 

 Стипендијата ми значи многу затоа што ми овозможи да го остварам мојот прв сон во професионалниот живот – да се запишам на академски студии во „Скала“ со финансиско олеснување! – вели Алија. Тој очекува да стекне нови вештини, знаење и искуство и ни ветува дека ќе работи внимателно и посветено!

 

И Андреа Осман и Марио се согласуваат дека стипендијата е клучен фактор во исполнувањето на нивните соништа. 

Со стипендијата, можам да си дозволам да учам нешто што многу долго време го сакам! Планирам да бидам одличен стипендист и да се посветам целосно на Академијата за графички дизајн за да го остварам својот сон како графички дизајнер! – вели Андреа Осман. 

 

Марио додава:

Стипендијата ми потврди дека сум на вистинскиот пат и професионално и лично, поттикнувајќи ме да продолжам да креирам и да се развивам во креативните сфери.

 

 

Како студентите планираат да ја искористат стипендијата и кои се нивните очекувања како студенти на „Скала“? 

Студентите на „Скала“ веќе имаат конкретни планови и очекувања за искористување на стипендијата којашто ќе им помогне во нивниот професионален развој. Мартина Ѓорѓиева од Академијата за UX/UI+ дизајн објаснува дека стипендијата ќе ѝ овозможи да се фокусира на својата кариера и да се стекне со дополнителни квалификации и искуства што ќе биде клучно за нејзиниот професионален напредок. 

Ева Стојановска ни раскажа дека на личен план, стипендијата ќе ѝ помогне да ја зголеми својата креативност, а на професионален, ќе ѝ помогне да стекне искуство коешто е важно за нејзината кариера.

Очекувам да стекнам практично искуство коешто ќе ми помогне да ги применам знаењата во реални проекти. Времето, планирам да го искористам максимално, со сите знаења што ги нуди „Скала“! – вели Ева. 

 

Мартина додава дека ја гледа стипендијата како можност за воспоставување на нови контакти со професионалци и колеги коишто имаат потенцијал за идни соработки.

Очекувам да имам активно учество во наставата и проектите. Ќе се посветам на изучување на нови концепти и техники, сакам воедно и да воспоставам контакти со професионалци и соученици за идни можности и соработки – вели Мартина.

 

★ Александар Николовски – добитник на 100% стипендија Академијата за Software Testing ★

 

★ Пријави се за стипендија на следниот ЛИНК!

 

★ Голема благодарност до Smart Living кои ни помогнаа во сценскиот дизајн за сетот! 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: