Skip to content

Академиja за Video Content Creation

Академија за Video Content Creation во Скопје е наменета за оние што сакаат да го претворат својот потенцијал и желба во професија и да изградат реална основа за кариера во креативните индустрии. Програмата се одвива со физичко присуство и нуди структуриран и практичен пристап, работа на реални проекти и менторска поддршка, со јасен фокус на снимање, камера, светло, аудио, монтажа и визуелно раскажување, како и креативна примена на AI.

Академија за Video Content Creation претставува 10-месечна, темелно конципирана програма која комбинира практична работа, современи продукциски методологии и примена на релевантни софтверски и AI-алатки. Програмата води кон развој на авторски видеа и дигитален контент, разбирање на целиот процес , од идеја, снимање и продукција, до монтажа и објава, како и подготвеност за работа во продукциски тимови, агенции или како content creator и самостоен автор.

видео продукција анимација студенти на час во Скала

За кого е академијата?

akademija-video-produkcija-novi-medii-ai-skala-001.jpg

Ментори

13

Портфолио

Реален проект

Апликации

Уште 5 слободни места

Можности

+45 компании

За време на академијата

Креирај го твоето портфолио како Видеограф, контент креатор или визуелен артист преку креативно размислување, практични вежби и работа на реални проекти под менторство на долгогодишни професионалци и експери од индустријата.

Твојата прва скала

По академијата студентите се насочуваат кон пракса, ангажмани или вработување преку воспоставен систем на соработка со компании и студија од креативната индустрија. Процесот се темели на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препораки од менторите.

Карактеристики

320 часа

120 часа

10 месеци

20

физичко присуство

Можности за финансирање

2750 €

500 евра попуст

20 месечни рати

Од настава до влез во индустрија - временска рамка

15.10.2026 - Почеток на настава

јуни 2027 – Финализација на портфолио и професионална подготовка

јули 2027 – Јавна изложба и презентација пред индустријата

сеп. 2027 – Влез во пракса, ангажман или вработување во компании

Аплицирај во ран уписен рок!

Оваа година, на располагање се:

  • -500 € за упис до 15 мај
  • до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите

Ментори кои се врвни професионалци и експери во индустријата

По академијата​

Те поврзуваме со најголемите компании од индустријата

Резултат

Нашите студенти се вработени и активно работат во креативната индустрија.

Предмети

Семестар I

Video Storytelling (Short Form) + CapCut
  • основи на визуелно раскажување приказни преку кратка видео форма
  • content формати, hook, динамика и задржување на вниманието
  • снимање, режија и workflow во CapCut
  • адаптација на видео содржина за TikTok, Instagram Reels и YouTube Shorts
  • развој на конзистентен визуелен стил и video-first стратегија
  • реализација на авторски short-form видео проекти
Основи на визуелни комуникации
  • композиција и организација на визуелен простор
  • теорија на боја, значење и психологија на бојата,
  • контраст и хармонија
  • линија и форма, органски и геометриски структури,
  • негативен простор
  • текстура и патерн,
  • естетика, визуелна вредност, критериуми и развој на личен визуелен стил
Social Media Marketing
  • основи на дигиталниот маркетинг и социјалните медиуми
  • анализа на публика и дигитални трендови
  • планирање на content стратегија и content календар
  • оптимизација на органски и платени содржини
  • анализа на резултати и перформанси
  • развој на практични маркетинг кампањи
Фотографија
  • основи на фотографијата и фотографското размислување
  • технички карактеристики и ракување со фото-камера
  • светло и студиска фотографија за продукт, концептуална и адвертајзинг примена
  • фотографски елементи и принципи
  • практични фотографски вежби и проекти
  • користење AI алатки како поддршка во анализа, селекција и подобрување на фотографија
Обработка на фотографија + Adobe Photoshop
  • ADOBE Photoshop + Camera Raw
  • основи на обработка
  • работа со layers, masks и blending modes
  • корекција на светло, контраст и тонски опсег
  • корекција и контрола на боја
  • ретуширање и чистење на фотографија
  • фотомонтажа и комбинирање на повеќе фотографии
  • користење AI алатки во Photoshop
AI за Content Creation
  • AI како алатка во современата видео и медиумска продукција
  • улогата на AI во развој на визуелен концепт и стил
  • AI за истражување, референци и визуелна насока
  • генерирање и адаптација на визуелни елементи за видео
  • AI како поддршка во storyboard, moodboard и previsualization
  • AI во motion и визуелни ефекти (основно разбирање)
  • етика, авторство и одговорна употреба на AI во видео медиуми
  • интеграција на AI во продукциски workflow за нови медиуми
  •  

Семестар II

Video Storytelling (Long Form)
  • развој на режисерска визија и complex storytelling за long-form видео
  • истражување, концепт, сценарио, storyboard и shot list
  • продукција на YouTube содржини, видео подкасти и интервјуа
  • режија на документарни, едукативни и бренд продукции
  • организација на предпродукција, снимање и продукциски процес
  • реализација на авторски long-form видео проект
Cinematography, Lighting & Studio
  • организација и workflow на професионален снимачки сет
  • камера и кинематографски кадар
  • природно, студиско и континуирано осветлување
  • креативно обликување на сцената со светло
  • практични снимања во студио и на терен
Visual Branding / Art Direction
  • развој на визуелен идентитет за бренд
  • креирање визуелен концепт и moodboard
  • избор на колор палета, типографија и визуелен стил
  • art direction за фотографија и видео
  • визуелна конзистентност низ дигиталните канали
  • развој на бренд кампања преку практичен проект
Видео постпродукција + Adobe Premiere Pro
  • професионален workflow и организација на проекти во Adobe Premiere Pro
  • монтажа и storytelling за различни видео формати и дигитални платформи
  • интеграција на слика, звук, музика и ритам во монтажниот процес
  • колор корекција, основи на color grading и финализација на видеото
  • AI алатки за автоматизација на селекција, титлување и работен процес
  • подготовка, оптимизација и испорака на финален видео продукт
Креативна продукција
  • разбирање на креативната продукција како процес (идеја → концепт → реализација)
  • улоги и одговорности во креативен и продукциски процес
  • развој на креативна идеја и концептуално размислување
  • визуелна насока и креативен правец (што, зошто и како се создава)
  • планирање и организација на креативна продукција
  • работа со бриф, задачи и ограничувања
  • основи на продукциска логика (рокови, ресурси, формати)
  • комуникација и соработка во креативен тим
  • разбирање на контекст: публика, платформа и намена на содржина
Кариера и личен развој
  • развој на професионално портфолио и личен бренд
  • комуникација со клиенти и управување со креативни проекти
  • презентација и продажба на креативни решенија
  • фриленс работење, цени, понуди и договори
  • маркетинг и професионална промоција
  • стратегија за долгорочен кариерен развој
Creative Pitch
  • подготовка на професионална презентација на проект
  • развој на pitch структура и визуелна презентација
  • аргументација и одбрана на креативни решенија
  • јавен настап и комуникациски вештини
  • презентација пред клиенти и стручно жири
  • финална презентација на авторски проект

Скала-ленд

Ментори и наставен тим

Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.

ПЕТАР ПАВЛОВ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА AI И ВИЗУЕЛНИ КОМУНИКАЦИИ
ПЕТАР ЏОН
MOTION GRAPHIC ДИЗАЈНЕР
фејми даут скала
ФЕЈМИ ДАУТ
ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА

Oscar Nomminate

дејан џолев скала
ДЕЈАН ЏОЛЕВ
CEO: SKALA School
гоце кралевски
ГОЦЕ КРАЛЕВСКИ
ФИЛМСКИ ПРОДУЦЕНТ / ФИЛМСКИ МОНТАЖЕР

DNF Films

Огнен Антов
ОГНЕН АНТОВ
ФИЛМСКИ И ТВ ПРОДУЦЕНТ

Dream Factory Macedonia

ВЛАТКО РИСТОВ
АРТ ДИРЕКТОР

New Moment New Ideas Company

КРСТО ЗЛАТКОВ
КАРИЕРЕН СОВЕТНИК

i – Кариерен центар

АНТОНИО СТАНКОВ
ФОТОГРАФ

Studio 1

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Често поставувани прашања

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

Аплицирањето е брзо и едноставно, преку пополнување на нашата онлајн апликација. По апликацијата, нашиот тим те контактира за краток разговор и договор за следните чекори.
Доколку преферираш, можеш и лично да нè посетиш или директно да нè контактираш на 076 266 740.

Колку трае академијата и каков е форматот на наставата?

Академијата трае 10 месеци и се одвива со физичко присуство.
Наставата се реализира 3–4 пати неделно, во попладневни термини, со јасно структуриран распоред што овозможува усогласување со работа или студии.

Програмата бара континуиран ангажман, но е дизајнирана така што студентите постепено влегуваат во реален работен ритам – преку практична настава, работа на проекти и директна комуникација со менторите.

Како Академијата помага при вработување и пракса?

Сите академии во Скала се конципирани како подготовка за реална работа во креативната индустрија, а не само како едукативен процес.

За време на академијата, студентите работат на реални проекти, градат професионално портфолио и добиваат менторска поддршка од активни професионалци од индустријата.
Процесот е насочен кон практична примена, професионални стандарди и развој на вештини кои се барани од компании и студија.

По завршувањето, студентите учествуваат на настанот „Скала по скала“, каде што јавно го презентираат своето портфолио пред компании, студија и HR претставници од креативната индустрија.
Врз основа на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препорака од менторите, студентите се насочуваат кон пракса, ангажман или вработување.

Ова не е автоматски процес, туку реален и селективен систем, кој овозможува директна поврзаност меѓу студентите и индустријата.

Кои се опциите за плаќање?

Овозможуваме повеќе флексибилни опции за плаќање, со цел академијата да биде достапна за различни ситуации:

Еднократно плаќање со попуст
При уплата на целиот износ, студентот добива попуст од 100 евра.
Оваа можност важи во периодот на ран упис, додека цената е најповолна.

Плаќање на рати – без камата
Нудиме можност за плаќање на до 20 месечни рати, без дополнителни трошоци и камати.
Бројот на рати и планот за исплата се договараат индивидуално со секој студент.

Важно е да се напомене дека со секој нареден месец, цената на академијата постепено се зголемува, па ранaта апликација значи поповолни услови и поголема финансиска флексибилност.

Дали е потребно предзнаење?

Не е потребно претходно предзнаење во областа.
Потребни се основни компјутерски вештини, редовност и сериозна посветеност кон програмата.

Наставата е структурирана така што студентите постепено ги градат знаењата од основа, а активното учество и практичната работа се клучни за постигнување на резултати.

Каде се одвива наставата?

Наставата се одвива во просториите на Скала, лоцирани во центарот на Скопје.

Покрај училниците, Скала нуди високостандардизирани работни, продукциски и креативни простори, опремени за практична настава, развој на проекти и професионална примена.

Физичкото присуство и квалитетот на просторот се суштински дел од искуството и ја прават наставата поблиска до реалната работа во креативната индустрија.

Кои вештини и знаења ќе ги стекнам?

Во рамки на академијата ќе стекнеш практични знаења и вештини во областа на видео продукцијата и новите дигитални медиуми, со фокус на визуелни комуникации, storytelling, камера, светло, звук и монтажа. Ќе учиш како да развиваш идеи и да ги претвораш во видеа – од концепт и сценарио, до снимање, постпродукција и финална објава, користејќи професионални алатки како Adobe Premiere и After Effects, како и AI-поддржани алатки за креирање и оптимизација на содржина.

Преку работа на реални проекти ќе развиеш вештини за креирање видеа, кратки филмови, motion design и дигитален контент за различни платформи, комбинирајќи креативен пристап со техничка прецизност. Во процесот ќе работиш на стратегија за видео содржини, визуелен идентитет и комуникација, во соработка со ментори и професионалци од индустријата, како основа за професионална работа во продукциски тимови, агенции или како самостоен content creator.

Што по завршување на академијата?

По завршување на програмата, студентите излегуваат со комплетно изградено професионално портфолио и јасна насока за влез во индустријата. Академијата завршува со јавна презентација и завршна изложба, каде што студентските проекти се претставуваат пред компании и професионалци од креативните индустрии.

Преку воспоставен систем на соработка со компании, студентите ги презентираат своите портфолија пред потенцијални работодавачи, по што дел од нив продолжуваат на пракса, проектен ангажман или добиваат понуда за вработување. Процесот е поддржан со менторски препораки, кариерно насочување и директна поврзаност со индустријата.

Академијата не завршува само со диплома, туку со реална можност за професионален ангажман.

Студенти од Академијата работат во:

Направи поволен финансиски план

Уплата до 15 мај

Уплата до 20 рати без камата
102 Месечно
  • заштеда од 500€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет
Активно

Уплата до 15 јули

Уплата до 18 рати без камата
125 Месечно
  • заштеда од 300€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Уплата до 15 септември

Уплата до 16 рати без камата
153 Месечно
  • заштеда од 100€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Што кажуваат Скала студентите

Тестимонијали

Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.

Андреј Арсенков

Пријатно се изненадив од тоа колку Академијата за Визуелни уметности ме подготви за практична работа! 

Ана В’чкова

Имав ментори кои ме охрабруваа да правам исчекори, да бидам посигурна во себе и слободно да творам. Уживав во предавањата кои беа спој од технички можности, креативно размислување, разговори за уметност и дизајн, изложби и настани.

Стефан Трпески

За време на предавањата на Академијата за Визуелни уметности си поминувам супер и морам да кажам дека сѐ она коешто го учиме, го применувам веднаш на местото каде што работам.

Гаја Смилевска

Менторот Кардула ми остави особен впечаток, по секое предавање со него го имав чуството дека навистина сака да ни го пренесе своето  знаење и искуство.

Ана Попоска

Имав одлична соработка  и комуникација со менторите на академијата за Визуелни уметности. Работата со Illustrator ме плашеше пред да почнам, но многу брзо го совладав благодарение на практичните и разбирливи предавања.

Студентите создаваат

Студент Vs. Ментор

Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Гоце Кралевски

Дипломиран филмски и ТВ-монтажер на Факултетот за драмски уметности во Скопје, продуцент, монтажер и основач на продукциската куќа „ДНФ Филмс“ која што годинава слави 10 години од нејзиното постоење.

Андреј Арсенков

Музичар и фотограф, кој од мала возраст има интерес за цртање и анимација. Андреј, минатата година дипломираше на Филолошки факултет „Блаже Конески" во Скопје на Катедрата за преведување и толкување.

Последни новости

UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /

Истражи ја твојата креативност и талент со Скала

скала студенти дигитален маркетинг човечки ресурси продукт оунер програмирање софтвер тестер графички дизајн
×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: