Skip to content
Авторска модна колекција создадена од студентите на Академијата за моден дизајн во Скала.

Како студентите од Скала создаваат свои модни колекции

Студентите Матеа, Гаврило и Пеце од Академијата за моден дизајн создадоа авторски модни колекции.

 

Проектите се реализирани под менторство на Ирина Тошева и Катерина Тошева, во рамки на предметите „Модна колекција“ и „Конструкција на облека“. Во текот на наставата, студентите го поминуваат целиот процес на развој на авторска модна колекција: од идеја и концепт, преку модна илустрација, технички цртеж, развој на крој и изработка на прототип, до финалната реализација на колекцијата.

 

Каде студентите ги претставуваат своите колекции?

По завршувањето на проектите, студентите од Академијата за моден дизајн своите колекции ги претставуваат на Skopje Fashion Weekend. На овој начин тие добиваат можност да го искусат процесот на професионална презентација пред публика, медиуми и претставници од модната индустрија.

Токму од оваа модна платформа, во изминатите десет години, својата професионална кариера ја започнаа голем број алумни на Скала, кои денес успешно работат како модни дизајнери и развиваат сопствени модни брендови и атељеа.

 

Гаврило Парталоски

,,Пет состојби на душата”

гаврило парталоски скала академија за моден дизајн

Инспирацијата за колекцијата ја пронајдов во идејата дека емоциите можат да се препознаат и преку погледот на човекот. Избрав пет различни емоции и ги претставив преку облека, користејќи бои, форми и текстури за да го пренесам нивниот карактер и внатрешна состојба.

 

Како влијаеше овој проект кон твојот личен раст и развој?
Првпат работев на машина за шиење. Со оглед на тоа што ова е мојот прв проект, задоволен сум од резултатот.

Какво беше твоето искуство од соработката со менторката Ирина Тошева?
Менторката создаде пријатна атмосфера во која учењето беше лесно и мотивирачко. Секогаш беше подготвена да одговори на прашања и да помогне кога беше потребно.

Како ќе го примениш знаењето од предметот „Модна колекција“ и колку е важно за твојата понатамошна работа?
Од предметот стекнав основни знаења за процесот на креирање и развивање на една колекција, од дефинирање на таргет група, материјали, како треба да изгледа едно портфолио до разбирање на модните сезони и поширокиот контекст на модата.

 

академија скала моден дизајн
Модна илустрација од модната колекција
скала академија за моден дизајн
Технички цртеж и модна фотографија од конечното модно парче // Фотограф: Викторија Андреевска / Модел: Марта Михаловски / Агенција: MAX Models

 

 

Матеа Стојановска

„Nocturna“

матеа стојановска студентка на Скала на академија за моден дизајн

Мојата колекција е инспирирана од поговорката „Тивка вода брег рони“. Ја носи пораката дека во секое лошо може да се пронајде нешто добро. Преку внимателно избрани форми, материјали и детали сакав да покажам дека и најмалите промени можат да донесат сила, надеж и нов почеток.

 

 

Како влијаеше овој процес кон твојот личен раст и развој?
Овој процес ми покажа дека модниот дизајн не е само создавање убави модели, туку начин на раскажување приказни преку форма, материјали и детали. Ме научи да бидам поорганизирана, потрпелива и поистрајна.

Што би споделила за искуството со менторката Ирина Тошева?
Работата со менторката Ирина беше многу инспиративна. Со своите совети и насоки ми помогна да го развијам концептот и да добијам поголема самодоверба во моите идеи.

Како ќе го примениш знаењето од предметот „Модна колекција“ и колку е важно за твојата понатамошна работа?
Предметот ми помогна да разберам како се создава една комплетна модна колекција. Научив како да развијам концепт, да создадам кохезивна приказна и да обрнам внимание на секој детал. Ова знаење ќе ми биде многу важно во иднина, за да продолжам да се развивам како моден дизајнер.

 

Moodborad + текстилна карта + колорна карта за колекцијата
матеа стојановска студентка на академија за моден дизајн
Технички цртеж и модна фотографија од конечното модно парче // Фотограф: Викторија Андреевска / Модел: Марта Михаловски / Агенција: MAX Models

Отворен повик за стипендии во Скала

 

Аплицирај тука!

 

 

Пеце Давитковски

,,Циклус“

пеце давитковски студент на скала за академија за моден дизајн

Мојата колекција е збир од десет изгледи со кои сакав да ја претставам тагата како дел од еден бесконечен циклус на чувства и емоции што се случуваат кај човекот. Инспирација ми беше и циклусот на Месечината, како симбол на промените низ кои постојано поминуваме. Самиот термин циклус ми беше и симбол на колекцијата.

 

Како влијаеше овој процес кон твојот личен раст и развој?
Знаењето и искуството што го добив како производ на овој процес, ми донесе повеќе самодоверба и една поцврста основа на која понатаму треба да продолжам да градам.

Што би споделил за искуството со менторката Ирина Тошева?
Менторката Ирина беше доста посветена на пренесувањето на нејзиното знаење и често тоа го правеше на уникатни и доста практични начини.

Како ќе го примениш знаењето од предметот „Модна колекција“ и колку е важно за твојата понатамошна работа?
Моментално мојот фокус е повеќе на конструкцијата и моделирањето на облека, бидејќи тоа е и дел од работата што ја работам. Верувам дека сè што научив на предметот ќе дојде до израз понатаму, особено ако еден ден почнам да работам на нешто свое.

 

пеце давитковски скала модна илустрација
Модна илустрација од модната колекција
пеце давитковски скала академија за моден дизајн модна фотографија и технички цртеж
Технички цртеж и модна фотографија од конечното модно парче // Фотограф: Ангелина Наумовска / Модел: Марта Михаловски / Агенција: MAX Models

 

Порака до идните Скала студенти

 

Пеце Давитковски: Доколку веќе се одлучиле да се запишат, нека бидат истрајни, љубопитни и нека му веруваат на процесот. А ако сè уште се двоумат, би ги охрабрил да се запишат, бидејќи за една година можат многу да научат, и за областа и за себе. 

Матеа Стојановска: Да бидат љубопитни, да не се плашат да експериментираат и да поставуваат прашања. Секој проект е можност да научат нешто ново и да го пронајдат својот стил. 

Гаврило Парталоски: Да бидат трпеливи, да ги прифатат предизвиците со позитивен став и да веруваат во себе.

 

Од студентски проект до професионално портфолио

На Академијата за моден дизајн студентите создаваат авторски модни колекции, градат свое портфолио и стекнуваат практично искуство преку реални проекти и менторска поддршка.

Ако сакаш да научиш како се создава модна колекција, да изградиш свое портфолио и да стекнеш практично искуство преку реални проекти, сега е вистинскиот момент да го направиш следниот чекор.

 

Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Во тек е конкурсот за стипендии во Скала:

  • 6 стипендии со 100% покриена школарина 
  • 12 стипендии со 50% покриена школарина
  • 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

Отворен повик за стипендии во Скала

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:

  1. Кандидати без претходно искуство во областа (преквалификација)
  2. Кандидати со претходно искуство во областа (доквалификација)

Апликациите се отворени.

Искористи ја можноста и аплицирај денес.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: