Skip to content

Академија за ентериер и продукт дизајн

Единствената академија за ентериер и продукт дизајн која ти овозможува практично искуство и вежби на терен. Совладај ги сите актуелни апликации за дигитално рендерирање Sketchup, 3ds Max, Rhino 3D и работи на развој на твој продукт.

4.8

регрутација

150+

студенти

Ментори

11

Портфолио

Реален проект

Апликации

Уште 7 слободни места

Можности

+20 компании

За време на академијата

Креирај го твоето порфолио како Енериер и продукт дизајнер преку креативно размислување, практични вежби и работа на проекти под менторство на долгогодишни професионалци и експерти од индустријата.

Твојата прва скала

Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.

Карактеристики

320 часа

120 часа

10 месеци

почетно

20

физичко присуство

Можности за финансирање

2450 €

целосна/половична

500 евра попуст

20 месечни рати

временски план

14.10.2024 - Почеток на настава

јули 2025 - Крај на настава

лето 2025 - Пракса

септември 2025 - Изложба на дизајн

Временски план

14.10.2024 - Почеток на настава

јули 2025 - Крај на настава

лето 2025 - Пракса

септември 2025 - Изложба на дизајн

Зошто Скала

12 години ги создавеме најкавлитетните кадри во областа на дизајнот.

Важно!

Академии со најголем фонд на часови и највисоки оценки од студентите

Учи од најдобрите

Ментори кои се врвни професионалци и експери во индустријата

По академијата

Те поврзуваме со најголемите брендови од индустријата

Предмети

Семестар I

ТЕХНОЛОГИИ И МАТЕРИЈАЛИ

• Поим и типови материјали и нивна употреба;
• Типови на финиши;
• Типови на обработки;
• Начини на производство и нивна употреба.

2Д СКИЦИРАЊЕ / SketchUp

• Технички основи на софтвер за 2Д скицување;
• Развој на креативен концепт;
• 2Д рендеринг на продукт;
• Ликовни елементи и принципи;
• Теорија на боја;
• Структура и процес на дизајн;
• Рачно моделирање;
• Дизајн размислување.

3Д МОДЕЛИРАЊЕ / Autodesk 3ds Max

• Техничко цртање;
• Технички основи на софтвер за 3Д моделирање;
• Основи на моделирање;
• Развој на креативен концепт;
• 3Д рендеринг на продукт.

ПРОТОТИП ДИЗАЈН СТУДИО ЗА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

Запознавање со процес на производство дизајнирање на концепт дизајн изработка на прототип.

ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ
ЛИКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИНЦИПИ

• Принципи на композиција;
• Теорија на боја.

ЕСТЕТИЧКИ ДИСКУРСИ

• Преглед на појавата и одредувањето на естетичките идеи;
• Естетиката како самостојна филозофска дисциплина во 19 век;
• Новите правци во разбирањето на естетиката во 20 век;
• Современите разбирања и дискурзивноста на естетиката во Светската и македонската творечка пракса.

Семестар II

ДИЗАЈН ПРОЦЕС

• Дизајн размислување;
• Структура и процес на дизајн;
• Развој на креативен концепт;
• 3Д рендеринг на продукт;
• Изработка на прототип или финален продукт.

ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР

• Стандарди и анализи на простор;
• Употреба на мебел и функционалност;
• Декорации, бои, текстури;
• Осветлување.

ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ / Rino - Rhinoceros 3D

• Композиција и поставување на камери;
• Осветлување;
• Материјализација;
• Оптимизација на рендери;
• Сетирање на рендери.

3Д ПЕЧАТЕЊЕ

• Запознавање со технологии на адитивно производство (3Д печатење);
• Дизајн на адитивно производство;
• Изработка на самостојни дела.

ИСТОРИЈА НА ДИЗАЈН

• Историски преглед и анализа на развојот на различните стилови и техники во зависност од историските, општествените и културолошки контексти.
• Примери од сликарството, скулптурата, архитектурата и дизајнот;
• Разлика помеѓу занаетчиство и дизајн;
• Современи тенденции.

КАРИЕРА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

• Личен брендинг, пp и промоција;
• Презентациски вештини;
• Стратегија за личен развој;
• Бизнис-модели;
• Старт-ап;
• Маркетинг и продажба;
• Поим за индустриска сопственост;
• Услови за заштита на индустриски дизајн;
• Услови за заштита на патент.

Скала-ленд

Ментори и наставен тим

Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.

АПОСТОЛ ТНОКОВСКИ
ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈНЕР
ИЛИЈА ПАУНКОВ
АРХИТЕКТ, ДИЗАЈНЕР НА ЕНТЕРИЕР

BH Architects

љупчо-васиќ-академија-за-ентериер-и-продукт-дизајн-скала-џолев
ЉУПЧО ВАСИЌ
НИКОЛА УЗУНОВСКИ
ДИЗАЈНЕР И УМЕТНИК
НЕБОЈША ВИЛИЌ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР

Факултет за ликовни уметности

ДЕЈАН ЏОЛЕВ
ВИЗУЕЛЕН АРТИСТ / ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР / УМЕТНИЧКИ КООРДИНАТОР

Скала

ЈЕЛЕНА ЏОКИЌ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФ.

Машински факултет

КРИСТИНА КРАГУЈЕВСКА
АДВОКАТ / ПРАВЕН ЕКСПЕРТ

Konrad Partners

КРСТО ЗЛАТКОВ
ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР

Институт за дизајн и технологии – ИДТ Скопје

После Скала-ленд

Твојата идна кариера

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Често поставувани прашања

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација. Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да договориме за термин.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРAE И КАКО СЕ ОДВИВА НАСТАВАТА?

Наставата се одржува 4 пати неделно, со по 3 часа дневно. Термините за настава се секогаш попладне од 17:00 до 19:00 часот или од 19:30 до 22:00 часот. 

Студентот може да избере дали наставата ќе ја следи целата програма со физичко присуство или комбинирано (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА АКАДЕМИЈАТА?

Програмата е прилагодена со цел да може да ја следат: лица без искуство  со цел да започнат кариера како дизајнери на мебел и ентериер како и за лица со искуство во областите на 2D и 3D скицирањето, дизајн на ентериер и дигиталното рендерирање, како и методологија на креирање и  дизајн размислување

Кои се опциите за плаќање?

Овозможуваме две опции за плаќање и тоа: 

Еднократно праќање со попуст: при уплата на целиот износ студентот добива попуст од 100 евра (оваа можност се однесува и во периодот на ран упис на академиите)

На рати со флексибилни опции: можност за плаќање до 20–месечни рати, без дополнителни трошоци и камати (бројот на рати и планот за исплата го дефинираме заедно со студентот).

Дали е потребно предзнаење?

За следење на програмата не е потребно претходно предзнаење во областа, но потребно е познавање од основни компјутерски вештини и посветеност кон програмата. Редовноста и активноста за време на часовите се клучни за постигнување на  резултати.

Каде се одвива наставата?

Наставата се одвива во просториите на Скала кои се лоцирани на 50та Дивизија бр.22 во склоп на објектот Јавна Соба.

Што ќе научам од академијата?

Во рамки на академијата ќе имаш можност да ги совладаш од технички и креативен аспект основните ентериер и продукт дизајн принципи: 2D и 3D моделирање, рендерирање и прототипирање, според ликовните елементи и принципи, со цел нивно комбинирање, што во суштина и претставува ентериер и продукт дизајнот. Оваа програма ќе те научи како да размислуваш креативно, преку различен тип на методологии и техники со цел да создаваш мебел и продукт дизајни, користејќи ги најпознатите дигитални софтверски алатки како Autodesk 3ds Max, Rino – Rhinoceros 3D, Sketch Up, ADOBE Photoshop. Ќе научиш како да создадеш визуелни решенија за мебел,  продукти за ентериер и екстериер како и работа со 3Д печатење.

Што по завршување на академијата?

Програмата на академијата завршува со заедничко подготвување на завршната студентска изложба, настан на кој се изложуваат проектите на студентите од академиите за дизајн и се доделуваат дипломи и уверениај на сите студенти во Скала. По завршување на програмата студентите своите веќе изработени портфолија ги презентираат пред избрани компании од индустријата кои селектираат студенти кои продолжуваат на пракса или пак добиваат понуда за вработување.

Trusted by

Направи поволен финансиски план

Уплата до 15 мај

Уплата до 20 рати без камата
100 Месечно
  • заштеда од 500€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет
Активно

Уплата до 15 јули

Уплата до 20 рати без камата
110 Месечно
  • заштеда од 500€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Уплата до 15 октомври

Уплата до 20 рати без камата
120 Месечно
  • заштеда од 100€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Што кажуваат Скала студентите

Тестимонијали

Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.

Стефани Андова

Времето на Академија поминува многу брзо, дружбата и учењето преку пракса ја прават истата посебна и забавна. За да започнеш, потребна ти е желба за учење и дизајнирање, а понатаму да се посветиш на процесот, топло ти препорачувам да се запишеш и целосно да уживаш во искуството.

Николина Тасевска

Академијата за ентериер и продукт-дизајн е една од најдобрите одлуки што сум ги направила за себе и за својата кариера. Мој совет е без двоумење да го направиш првиот чекор и да се запишеш!

Ивана Латинска

Академијата за Ентериер и продукт дизајн во Скала би ја издвоила како една од најперспективни и најпродуктивни академии во областа. Најискрено ја препорачувам како можност за стекнување на практично знаење, изразување на вашиот стил и најважно од сè, можност да се поврзете со компании од индустријата.

Христина Пешевска

Многу сум благодарна на прекрасните ментори на Академијата за ентериер и продукт-дизајн. Омилен предмет на академијата ми беше дизајн – процес со менторот Апостол Тноковски, а од сите часови би го издвоила последниот практичен час со менторот Илија Паунков.

Наталија Ангеловска

Академијата во „Скала“ нуди нова програма којашто ги следи трендовите и потребите на креативните индустрии. Ќе имате можност да учите од супер искусни и професионални ментори од кои и јас лично научив многу. Искрено ви ја препорачувам, затоа што оваа Академија е идеалното место за да стекнете знаење!

Студентите создаваат

Студент Vs. Ментор

Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Гордана Вренцоска

Магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, и книги. Редовен професор и деканка на ФАД и Менторка на Академија за графички дизајн во Скала..

Немња Пејиќ

Завршил во средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ на смерот сликарство. Денес студент на Академијата за графички дизајн, и тату-артист.

Последни новости

UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /

Истражи ја твојата креативност и талент со Скала

скала студенти дигитален маркетинг човечки ресурси продукт оунер програмирање софтвер тестер графички дизајн
×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: