Skip to content
студентски реални проекти од академија за фотографија во скала школа за дизајн

Како изгледа процесот на работа на студентите по студиска фотографија?

Студентките Викторија Андреевска, Марија Митреска и Ангелина Наумовска од Академијата за фотографија и визуелно креирање работеа на проекти по Студиска фотографија.

 

Проектите се реализирани под менторство на Дејан Џолев, во рамки на предметот Студиска фотографија, кој ги опфаќа областите на продукт, портрет, модна, концепт и њуд фотографија. Сите фотографии се создадени за време на наставата, каде што студентите работеа на практични задачи: фотографирање продукти со изградба на сцена и употреба на реквизити, како и реализација на портрет фотографии според однапред дефинирани референци.

 

Како изгледаат часовите по студиска фотографија?

На часовите по Студиска фотографија, студентите работат во компетно опремени професионлани студиски услови и преку практични задачи се запознаваат со целиот процес на создавање фотографија, од поставување на сцената и осветлувањето до финалната обработка.

 

Марија Митреска

 

Марија Митреска Проект по студиска фотографија реализиран од студентки од Академијата за фотографија и визуелно креирање во Скала.

 

Се одлучив за ова идеја…
Го избрав брендот The Ordinary за мојата продукт фотографија, кој се одликува со ладна и клиничка естетика, лабораториски и чист изглед на производите. Целта ми беше преку композицијата, боите и реквизитите да ја пренесам естетиката и вредностите на брендот, а истовремено да внесам и дел од мојот стил, па се одлучив за потопли тонови.

При процесот на креирање, се соочив со…
Иако немав проблем со рефлексијата на стакленото шише, на моменти беше потешко да се добие соодветното осветлување, бидејќи користев природно светло, па фотографирав на повеќе места покрај прозорец, во различни периоди. Исто така, повеќе време посветив на композицијата и уредувањето, пробав различни предмети за да го добијам изгледот што го замислив.

 

 

Како влијаеше овој предмет кон твојот развој…
Научив колку е важно осветлувањето. Покрај тоа, научив дека успешната фотографија не бара само техничко знаење, туку и креативно размислување, трпение и добро планирање и истражување за самиот производ.

 

 

Што учат студентите од вакви проекти?

Работејќи на вакви задачи, студентите учат како самостојно да го планираат, организираат и реализираат целиот процес на фотографирање.

Од бриф, преку идеја и техничка разработка, па сè до финален продукт, студентите поминуваат низ процес кој е близок до реалната професионална пракса. Токму затоа ваквите проекти се особено важни, тие ги подготвуваат студентите за начинот на работа, комуникацијата и соработката помеѓу фотографот и клиентот.

 

Скала Академија за фотографија

 

Ангелина Наумовска

 

Ангелина Наумовска Проект по студиска фотографија реализиран од студентки од Академијата за фотографија и визуелно креирање во Скала.

 

Се одлучив за ова идеја…
Сакав да ја истражам продукт фотографијата и со внимателно избрани елементи да создадам атмосфера што ќе ја нагласи намената и карактерот на производот.

 

 

При процесот на креирање, се соочив со…
Предизвици во осветлувањето, бидејќи се појавуваа тврди сенки кои не одговараа на визијата што сакав да ја постигнам. Со дополнително прилагодување на светлината и нејзината позиција, успеав да добијам помеки сенки и понежен изглед на фотографијата.

 

Скала академија за фотографија

 

За соработката со менторот Дејан Џолев…
Менторот ми беше голема поддршка во текот на целата академија. Неговите совети секогаш ми помагаа да ги видам работите од поинаков агол и да ги подобрам фотографиите. Најмногу ми значеше што секоја сугестија и критика беше конкретна и веднаш можев да ја применам.

 

 

Отворен повик за стипендии во Скала

 

Аплицирај тука!

 

 

Викторија Андреевска

 

Проект по студиска фотографија реализиран од студентки од Академијата за фотографија и визуелно креирање во Скала.

 

Се одлучив за ова идеја…
Сакав да создадам свежа и минималистичка продукт фотографија која преку светлината, композицијата и внимателно избраните елементи ќе пренесе чувство на свежина и природност. Амбиентот го креирав целосно самостојно, со цел секој детал да придонесе кон приказната што сакав да ја раскажам.

 

 

При процесот на креирање на продукт фотографијата, се соочив со…
Најголем предизвик беше правилното поставување на светлото и гобо ефектот за да добијам природен изглед на сончева светлина. Посветив внимание и на распоредот на елементите, рефлексиите на стаклото и балансот на композицијата, за фотографијата да изгледа чисто, хармонично и визуелно привлечно.

 

Како влијаеше овој проект кон твојот развој…
Овој проект ми помогна подобро да разберам колку се важни подготовката, светлото и секој детал во продукт фотографијата. Научив дека добрата фотографија не зависи само од техниката, туку и од идејата, креативноста и внимателното градење на сцената.

 

 

Скала академија за фотографија работа на студенти во студио

 

 

Од студентски проект до професионално портфолио

Во рамки на Академијата за фотографија и визуелно креирање, студентите преку реални проекти создаваат портфолио, и се стекнуваат со практично искуство за професионална работа.

Ако сакаш да развиваш фотографски вештини, да создаваш свое портфолио и да работиш на практични задачи со менторска поддршка, сега е вистинскиот момент да го направиш следниот чекор.

Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Во тек е конкурсот за стипендии во Скала:

  • 6 стипендии со 100% покриена школарина 
  • 12 стипендии со 50% покриена школарина
  • 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

Отворен повик за стипендии во Скала

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:

  1. Кандидати без претходно искуство во областа (преквалификација)
  2. Кандидати со претходно искуство во областа (доквалификација)

Апликациите се отворени.

Искористи ја можноста и аплицирај денес.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: