Skip to content

Академија за фотографија

Академијата за фотографија е 9 –месечна темелна програма којашто ти овозможува да се стекнеш со практични знаења и вештини во областа на фотографијата.

4.8

регрутација

150+

студенти

Ментори

6

Портфолио

Реален проект

Апликации

Уште 12 слободни места

Можности

+20 компании

За време на академијата

Креирај го твоето портфолио како фотограф преку креативно размислување, практични вежби и работа на проекти под менторство на долгогодишни професионалци и експери од индустријата.

Твојата прва скала

Биди дел од најновите активности во Скала, информирај се, инспирирај се и запознај се со нашите програми преку нашите настани и содржини.

Карактеристики

320 часа

120 часа

9 месеци

почетно

15

физичко присуство

Можности за финансирање

2100 €

целосна/половична

500 евра попуст

20 месечни рати

временски план

14.10.2024 - Почеток на настава

јули 2025 - Крај на настава

лето 2025 - Пракса

септември 2025 - Изложба на дизајн

Временски план

14.10.2024 - Почеток на настава

јули 2025 - Крај на настава

лето 2025 - Пракса

септември 2025 - Изложба на дизајн

Зошто Скала

12 години ги создавеме најкавлитетните кадри во областа на дизајнот.

Важно!

Академии со најголем фонд на часови и највисоки оценки од студентите

Учи од најдобрите

Ментори кои се врвни професионалци и експери во индустријата

По академијата

Те поврзуваме со најголемите брендови од индустријата

Предмети

Семестар I

Естетика и историја на уметност и дизајн

• Уметност и визуелна култура: основи поими и дефиниции;
• Историјата на уметноста како научна дисциплина:
• Методологии, пристапи;
• Формална и контекстуална анализа;
• Модерна и современа уметност;
• Општествената улога на уметноста.
• Преглед на појавата и определувањето на естетичките идеи;
• Естетиката како самостојна философска дисциплина во 19 век;
• Новите правци во разбирањето на естетиката во 20 век;
• Современите разбирања и дискурзивноста на естетиката во светската и македонската творечка пракса.

ИСТОРИЈА И ТЕОРИЈА НА ФОТОГРАФИЈА

• Вовед во фотографија; 
• Предисторија на фотографија; 
• Историја на фотографија во XIX век; 
• Историја на фотографија во XX век;
• Теорија на фотографија; 
• Фотографијата во Македонија;

ФОТОГРАФСКИ ТЕХНИКИ, ЕЛЕМЕНТИ И ПРИНЦИПИ

• Технички карактеристики на фото-камера;
• Принципи на композиција;
• Теорија на боја, текстура, линија.

ТЕХНИКИ НА ОСВЕТЛУВАЊЕ И СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА

• Типови и техники на осветлување;
• Студиски алатки и реквизити;
• Продукт фотографија.

ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА / ADOBE Photoshop

• Adobe Photoshop;
• Вовед во естетика;
• Постпродукција на фотографија;
• Монтажа на фотографија;
• Фотографија во дизајнот.

ПОРТРЕТ ФОТОГРАФИЈА

• Техники и принципи на осветлување;
• Комуникација и методологија;
• Портрет во ентериер;
• Портрет во екстериер;
• Портрет во студио.

Семестар II

ФИЛМСКА КАМЕРА И СНИМАЊЕ
ДОКУМЕНТАРНА ФОТОГРАФИЈА

• Фоторепортажа: новинска фотографија, евент фотографија, спортска фотографија;
Фото-есеј.

КОНЦЕПТ ФОТОГРАФИЈА

• Применета фотографија;
• Уметничка фотографија;
• Модна фотографија;
• Експериментална фотографија;
• Нови медии.

креативно размислување

• Креативно размислување;
Структура и процес на создавање;
• Развој на креативен концепт;
• Фотографска гимнастика.

ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ

• Филмска режија;
• Видео монтажа;
• Анимација;
• Филмско сценарио;
• Графичка илустрација.

КАРИЕРА + ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

• Личен брендинг, пp и промоција;
• Презентациски вештини;
• Стратегија за личен развој;
• Бизнис-модели;
• Старт-ап;
• Маркетинг и продажба
• Поим за индустриска сопственост;
• Услови за заштита на индустриски дизајн;
• Услови за заштита на патент.

Скала-ленд

Ментори и наставен тим

Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.

ДРАГИ НЕДЕЛЧЕВСКИ
ФОТОГРАФ
ДЕЈАН ЏОЛЕВ
ВИЗУЕЛЕН АРТИСТ / ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР / УМЕТНИЧКИ КООРДИНАТОР

Скала

ПЕТАР ПАВЛОВ
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ДИЗАЈНЕР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА БРЕНД
НЕБОЈША ВИЛИЌ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР

Факултет за ликовни уметности

КРСТО ЗЛАТКОВ
ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР

Институт за дизајн и технологии – ИДТ Скопје

КРИСТИНА КРАГУЈЕВСКА
АДВОКАТ / ПРАВЕН ЕКСПЕРТ

Konrad Partners

После Скала-ленд

Твојата идна кариера

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Често поставувани прашања

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација. Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да договориме за термин.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРAE И КАКО СЕ ОДВИВА НАСТАВАТА?

Наставата се одржува 4 пати неделно, со по 3 часа дневно. Термините за настава се секогаш попладне од 17:00 до 19:00 часот или од 19:30 до 22:00 часот. 

Студентот може да избере дали наставата ќе ја следи целата програма со физичко присуство или комбинирано (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА АКАДЕМИЈАТА?

Програмата е прилагодена со цел да може да ја следат: лица без искуство со цел да започнат кариера како фотографи/визуелни артисти како и за лица со искуство кои сакаат да го усовршат своите знаења во областите на фотографија, обработка на фотографија и визуелни уметности.

Кои се опциите за плаќање?

Овозможуваме две опции за плаќање и тоа: 

Еднократно праќање со попуст: при уплата на целиот износ студентот добива попуст од 100 евра (оваа можност се однесува и во периодот на ран упис на академиите)

На рати со флексибилни опции: можност за плаќање до 20–месечни рати, без дополнителни трошоци и камати (бројот на рати и планот за исплата го дефинираме заедно со студентот).

Дали е потребно предзнаење?

За следење на програмата не е потребно претходно предзнаење во областа, но потребно е познавање од основни компјутерски вештини и посветеност кон програмата. Редовноста и активноста за време на часовите се клучни за постигнување на  резултати.

Каде се одвива наставата?

Наставата се одвива во просториите на Скала кои се лоцирани на 50та Дивизија бр.22 во склоп на објектот Јавна Соба.

Што ќе научам од академијата?

Во рамки на академијата ќе имаш можност да ги совладаш од технички и креативен аспект основните фотографски принципи: фотографија, постпродукција и монтажа, според ликовните елементи и принципи, со цел нивно комбинирање, што во суштина и претставува фотографијата. Оваа програма ќе те научи како да размислуваш креативно, преку различен тип на методологии и техники со цел да создаваш креативни фотографски дела, користејќи ги најпознатите дигитални софтверски алатки како Adobe Photoshop. Ќе научиш како да создадеш визуелен идентитет (брендинг) за компанија, да фотографираш портрет и документарна фотографија како и да совладаш работа во фотографско студио.

Што по завршување на академијата?

Програмата на академијата завршува со заедничко подготвување на завршната студентска изложба, настан на кој се изложуваат проектите на студентите од академиите за дизајн и се доделуваат дипломи и уверениај на сите студенти во Скала. По завршување на програмата студентите своите веќе изработени портфолија ги презентираат пред избрани компании од индустријата кои селектираат студенти кои продолжуваат на пракса или пак добиваат понуда за вработување.

Trusted by

Направи поволен финансиски план

Уплата до 15 мај

Уплата до 20 рати без камата
85 Месечно
  • заштеда од 500€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет
Активно

Уплата до 15 јули

Уплата до 20 рати без камата
100 Месечно
  • заштеда од 250€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Уплата до 15 октомври

Уплата до 20 рати без камата
105 Месечно
  • заштеда од 100€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Што кажуваат Скала студентите

Тестимонијали

Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.

Теона Димова

Неформалното образование е убедливо најдобрата опција да зачекорите во графичкиот дизајн и да се стекнете со огромен фонд на знаење од искусни ментори.

Аника Радевски

Овој сајт [skala.edu.mk] е едно од моите први искуства во UX/UI кариерата. Се радувам на можноста да соработувам со тимот од професионалци на Tivius и секако ништо од ова не би било можно без студирањето на академијата.

аника веб дизајн скала академија
Ивана Латинска

Од лично искуство и досегашно учење во повеќе образовни институции, би ја издвоила Академијата во Скала како најперспективна и најпродуктивна!

Теа Клинчарова

Скала за мене е од големо значење, се здобив со големо знаење и само ми е жал што Академијата не траеше повеќе од една година.

Ивана Коцева

Преку Академијата, стекнав знаења и вештини кои што сега ги применувам секојдневно, овозможувајќи  да напредувам и да придонесам во проекти во кој што сум вклучена.

Студентите создаваат

Студент Vs. Ментор

Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Гордана Вренцоска

Магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, и книги. Редовен професор и деканка на ФАД и Менторка на Академија за графички дизајн во Скала.

Немња Пејиќ

Завршил во средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ на смерот сликарство. Денес студент на Академијата за графички дизајн, и тату-артист.

Последни новости

UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /

Истражи ја твојата креативност и талент со Скала

скала студенти дигитален маркетинг човечки ресурси продукт оунер програмирање софтвер тестер графички дизајн
НЕБОЈША ВИЛИЌ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР

Факултет за ликовни уметности

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: