Повик за стипендии

Кандидатите имаат можност да аплицираат во две различни категории, со различен систем на вреднување:
• кандидати со искуство од дејноста (со портфолио);
• кандидати без претходно искуство од дејноста (без портфолио).

Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите и дел од наставниот кадар на Скала. На овој повик ќе бидат доделени вкупно 33 стипендии + 33 ваучери, вкупно 66 и тоа:

• 11 целосни стипендии (100% намалување на школарината);
• 22 полу-стипендии (50% намалување на школарината);
• 33 ваучери со 15-25% попуст.