Академија за моден дизајн
- Можности за кариера: моден дизајнер, конструктор на облека, стилист, развој на сопствен моден бренд...
Академијата за моден дизајн во Скопје е наменета за оние што сакаат да изградат реална основа за кариера во модната индустрија. Програмата се одвива со физичко присуство и нуди структуриран и практичен пристап, работа на реални проекти и менторска поддршка, со јасен фокус на моден дизајн, конструкција на облека и развој на сопствен бренд.
- Ова не е краток курс, туку целосна академска програма со континуирана практика и менторска поддршка.
Академијата за моден дизајн води кон развој на сопствена колекција, разбирање на модниот пазар и професионална подготвеност за работа во модни студија, брендови или развој на сопствен моден бренд.
- Кариерен план
- Насочување и поддршка
За кого е академијата?
- 1. Почетници без претходно искуство што сакаат структуриран влез во дизајнот со јасна професионална насока.
- 2. Лица за професионална преквалификација што бараат практична и применлива настава со цел влез во индустријата и почеток на кариера.
- 3. Креативци со интерес или искуство што бараат структуриран процес, менторска поддршка и континуирана работа на реални проекти.
Ментори
10
Портфолио
Реален проект
Апликации
Уште 8 слободни места
Можности
+20 компании
За време на академијата
Креирај го твоето модно досие и колекција преку работа на реални проекти и менторство од професионални дизајнери, како подготовка за професионална работа во модни студија, брендови или како самостоен дизајнер и креатор на сопствен бренд.
Твојата прва скала
По академијата студентите се насочуваат кон пракса, ангажмани или вработување преку воспоставен систем на соработка со компании и студија од креативната индустрија. Процесот се темели на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препораки од менторите.
Карактеристики
- Уште 8 слободни места
- НАСТАВА
320 часа
- ПРАКСА
120 часа
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ
10 месеци
- ПОТРЕБНО НИВО
почетно
- СТУДЕНТИ
15
- ФОРМАТ
физичко присуство
- СЕРТИФИКАТ
✔
Можности за финансирање
- ЦЕНА
2750 €
- РАН УПИС
500 евра попуст
- ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ
20 месечни рати
- АЛУМНИ СМЕТКА
✔
- ПРОГРАМА ЗА ПРЕПОРАКА
✔
временски план
15.10.2026 - Почеток на настава
јуни 2027 - Крај на настава
јули 2027 - Изложба на дизајн
сеп. 2027 - Можност за пракса во компанија + Fashion Weekend Skopje
Аплицирај во ран уписен рок!
Оваа година, на располагање се:
- -500 € за упис до 15 мај
- до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите
Ментори кои се врвни професионалци и експери во индустријата

По академијата
Те поврзуваме со најголемите компании од индустријата

Резултат
Нашите студенти се вработени и активно работат во креативната индустрија.
Предмети
Семестар I
- основи на модна колекција и нејзина структура
- развој на тема, инспирација и концепт
- изработка на moodboard, color board и textile board
- визуелна насока и стилска конзистентност
- планирање на модни парчиња и силуети
- вовед во процесот од идеја до колекција
- алатки и техники за кроење и шиење
- моделирање и конструкција на крој
- изработка на основен терк и модификации
- проба, корекција и прилагодување на облека
- изработка и финализација на производ
- историски преглед и анализа на развојот на различните типови и додатоци, во зависност од историските, општествените и културолошките контексти
- модна илустрација и ликовна едукација
- ликовни елементи, принципи и техники
- пропорции на човечко тело и модна фигура
- контрапост и движење
- стилизација и визуелна интерпретација
- теорија на боја, значење и психологија на бојата, контраст и хармонија
- линија и форма, органски и геометриски структури и негативен простор
- текстура и патерн како визуелен и материјален израз
- естетика, визуелна вредност и развој на личен моден стил
Семестар II
- разбирање на модниот систем и неговите современи контексти
- дефинирање на модни категории и позиционирање на колекција
- методологија на дизајнирање и развој на модна колекција
- градење релации со целна публика и пазарен контекст
- презентација и дистрибуција на модна колекција (ревија, фото-едиторијал, дигитални канали)
- алатки и техники за кроење и шиење
- моделирање и конструкција на крој
- изработка на основен терк и модификации
- проба, корекција и прилагодување на облека
- изработка и финализација на производ
- дигитализација на технички цртежи и кројни скици
- дигитална модна илустрација и визуелна презентација на дизајн
- работа со слоеви, линии и бои за модна илустрација
- личен брендинг и позиционирање на моден бренд
- PR, промоција и комуникација во модната индустрија
- презентативни и pitching вештини
- стратегија за личен и професионален развој
- маркетинг, презентација и продажба на модни производи
- практичен процес на изработка на модна фотографија
- концепт и визуелен пристап во моден фото-едиторијал
- продукт модна фотографија и комерцијална примена
- работа со тим, стилинг и визуелна презентација
- личен брендинг, PR и професионална промоција
- презентациски и комуникациски вештини
- стратегија за личен и професионален развој
- основи на бизнис-модели и самостојна работа
- стартап размислување и претприемачки пристап
- маркетинг и продажба во креативен контекст
Скала-ленд
Ментори и наставен тим
Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.
ЕЛЕНА ВАНГЕЛОВСКА
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ДОЦ. / МОДЕН ДИЗАЈНЕР / МОДЕН ИЛУСТРАТОР
ЗАПОЧНИ СО СКАЛА
Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!
Често поставувани прашања
Аплицирањето е брзо и едноставно, преку пополнување на нашата онлајн апликација. По апликацијата, нашиот тим те контактира за краток разговор и договор за следните чекори.
Доколку преферираш, можеш и лично да нè посетиш или директно да нè контактираш на 076 266 740.
Академијата трае 10 месеци и се одвива со физичко присуство.
Наставата се реализира 3–4 пати неделно, во попладневни термини, со јасно структуриран распоред што овозможува усогласување со работа или студии.
Програмата бара континуиран ангажман, но е дизајнирана така што студентите постепено влегуваат во реален работен ритам – преку практична настава, работа на проекти и директна комуникација со менторите.
Сите академии во Скала се конципирани како подготовка за реална работа во креативната индустрија, а не само како едукативен процес.
За време на академијата, студентите работат на реални проекти, градат професионално портфолио и добиваат менторска поддршка од активни професионалци од индустријата.
Процесот е насочен кон практична примена, професионални стандарди и развој на вештини кои се барани од компании и студија.
По завршувањето, студентите учествуваат на настанот „Скала по скала“, каде што јавно го презентираат своето портфолио пред компании, студија и HR претставници од креативната индустрија.
Врз основа на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препорака од менторите, студентите се насочуваат кон пракса, ангажман или вработување.
Ова не е автоматски процес, туку реален и селективен систем, кој овозможува директна поврзаност меѓу студентите и индустријата.
Овозможуваме повеќе флексибилни опции за плаќање, со цел академијата да биде достапна за различни ситуации:
Еднократно плаќање со попуст
При уплата на целиот износ, студентот добива попуст од 100 евра.
Оваа можност важи во периодот на ран упис, додека цената е најповолна.
Плаќање на рати – без камата
Нудиме можност за плаќање на до 20 месечни рати, без дополнителни трошоци и камати.
Бројот на рати и планот за исплата се договараат индивидуално со секој студент.
Важно е да се напомене дека со секој нареден месец, цената на академијата постепено се зголемува, па ранaта апликација значи поповолни услови и поголема финансиска флексибилност.
Не е потребно претходно предзнаење во областа.
Наставата е структурирана така што студентите постепено ги градат знаењата од основа, а активното учество и практичната работа се клучни за постигнување на резултати.
Наставата се одвива во просториите на Скала, лоцирани во центарот на Скопје.
Покрај училниците, Скала нуди високостандардизирани работни, продукциски и креативни простори, опремени за практична настава, развој на проекти и професионална примена.
Физичкото присуство и квалитетот на просторот се суштински дел од искуството и ја прават наставата поблиска до реалната работа во креативната индустрија.
Во рамки на академијата ќе стекнеш практични знаења и вештини во областа на модниот дизајн, со фокус на форма, силуета, материјали, конструкција и модна илустрација. Ќе учиш како да развиваш модни концепти и да ги трансформираш во финален производ, преку цртање, кроење и техничка изработка на облека – вклучувајќи изработка на кроеви, мерења, проби, корекции и финална реализација на парчиња, како и примена на дигитални алатки и современи методологии.
Преку работа на реални проекти ќе развиеш вештини за креирање моден идентитет, дизајн и изработка на колекции, комбинирајќи креативен пристап со техничка прецизност. Во процесот ќе работиш на различни типови на модни решенија и ќе стекнеш основа за развој на сопствен моден бренд, во соработка со искусни ментори и професионалци од индустријата.
По завршување на програмата, студентите излегуваат со комплетно изградено професионално портфолио и јасна насока за влез во индустријата. Академијата завршува со јавна презентација и завршна изложба, каде што студентските проекти се претставуваат пред компании и професионалци од креативните индустрии.
Преку воспоставен систем на соработка со компании, студентите ги презентираат своите портфолија пред потенцијални работодавачи, по што дел од нив продолжуваат на пракса, проектен ангажман или добиваат понуда за вработување. Процесот е поддржан со менторски препораки, кариерно насочување и директна поврзаност со индустријата.
Академијата не завршува само со диплома, туку со реална можност за професионален ангажман.
Студенти од Академијата работат во:














































Направи поволен финансиски план
Уплата до 15 јуни
Уплата до 19 рати без камата-
заштеда од 400€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 јули
Уплата до 18 рати без камата-
заштеда од 300€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Уплата до 15 август
Уплата до 17 рати без камата-
заштеда од 200€ за рана уплата
-
100€ попуст за уплата на целиот износ
-
50€ попуст за секоја препорака
-
твојата желба за студирање е наш приоритет
Што кажуваат Скала студентите
Тестимонијали
Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.
Mаја Матлијоска
Мојот совет е да немате ни најмал сомнеж ако одберете студии на Академијата затоа што, студирајќи на моден дизајн, знам дека најдоброто допрва доаѓа!
Марија Трајковска
Многу ме радува праксата во Bellа која ја посетувам благодарение на Академјата за Моден дизајнм, во Bella сум месец ипол и веќе се запознав со сите процеси кои се дел од работата во модната индустрија.
Тиана Јовиќ
Благодарна сум за секоја пофалба и совет од страна на менторот Ношпал затоа што токму тие совети и насоки направија да сум поупорна и поцврста во процесот на дизајнирање.
Никола Јовановски
Академијата за Моден дизајн ме доведе тука каде што сум денес, моето прво стажирање беше во „Bella” и најдобриот почеток да видам како функционира модната индустрија.
Mихаела Штерјова
Менторите на Академија за моден дизајн ми беа од огромна помош низ процесот на креирање модно досие и модна колекција. Тие беа многу посветени и успешно ни го пренесоа нивното долгогодишно знаење и искуство.
Студентие создаваат

Студент Vs. Ментор
Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Никола Булески – Буле
Дипломиран моден дизајнер во областа на pattern-making и продукција на облека во Милано, Италија. Го започнува својот дизајнерски бренд „COLLECTION“ и моден бренд „MATTIS“, прв во Македонија. Освен искуството како дизајнер, тој е и професор по дизајн на Катедрата по арт и дизајн на две академии, дома и во странство. Активен е со неговиот бренд „Никола Булески Буле“.

Катерина Тошева
Моделар во модната куќа „BELLA“, но свој креативен придонес има и на други проекти од индустријата, како 3Д-дизајнер во "Virtuality.Fashion”, моден дизајнер во "Модно Студио ЛЕ-ТЕ”, продукт-дизајнер во "BRUMMELL” и менторка на обуката за кроење и шиење во „SKALA“.
Последни новости
Што точно работи дигитален маркетер (во реалноста, не во опис на професија)
Дизајн на столица како дел од ентериер процесот – студентски проекти од Скала
Од модна илустрација до конструкција на облека – студентски проекти од Академијата за моден дизајн во Скала
Зошто дигиталниот графички дизајн е основа на современата видео-продукција?
Дипломираше генерацијата 2024/25 во Скала
Content Creation & Influencer Marketing програма во Скала | Pilot генерација
Концептуална фотографија – студентски реални проекти
Како се станува видео креатор?
8 години по ред Скала на Fashion Weekend Skopje
Истражи ја твојата креативност и талент со Скала