Студентките Александра Кузманоска и Матеа Пејчиноска од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација реализираа проекти за дизајн на станбен ентериер.
Проектите беа реализирани во рамки на предметот Дизајн на ентериер, под менторство на Илија Паунков. Студентите во текот на наставата работеа на ентериерно решение за стан, почнувајќи од мерење на реален простор и анализа, развивање концепт, до финална 3D визуелизација.
Како изгледа процесот на дизајн на ентериер?
Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација е 10-месечна професионална програма за подготовка на идни ентериер дизајнери, дисциплина што често се поистоветува со внатрешно уредување, но за разлика од внатрешното уредување, ентериер дизајнот опфаќа поширок процес на концепт, просторна анализа и техничка разработка. Програмата комбинира практична работа, современи методологии и примена на 3D и AI алатки како SketchUp, 3ds Max и Rhino, со фокус на развој на портфолио и подготовка за кариера како ентериер дизајнер.
Александра Кузманоска

Се одлучив за ова идеја…
Поради тоа што ми даде можност преку иста зададена основа да развијам сопствено ентериерно решение. Иако сите работевме на ист проект, секој имаше слобода преку својот дизајнерски пристап да создаде простор што го одразува неговиот личен стил.

При процесот на креирање, се соочив со…
Најголем предизвик ми беше да создадам функционален и естетски усогласен ентериер во зададениот простор. Направив измени на дел од внатрешните ѕидови и заменив две класични врати со лизгачки за подобра организација на просторот, а дополнително работев на усогласување на сите елементи во едно целосно решение.
За соработката со менторот Илија Паунков…
Менторот Илија ни покажа исклучителна посветеност, професионалност и подготвеност да помогне во секоја фаза од изработката на проектот. Неговите насоки и конструктивни забелешки ми помогнаа полесно да ги развијам и реализирам моите идеи.


Како влијаеше овој проект врз твојот личен раст и развој…
Стекнав поголема самодоверба и го унапредив начинот на размислување како иден ентериер дизајнер. Овој проект ми покажа дека добрите резултати доаѓаат со истрајност и континуирана работа, а ова искуство е добра основа за мојата понатамошна професионална кариера.

Зошто ваквите проекти се важен дел од студирањето?
Работејќи на вакви задачи, студентите учат како самостојно да го реализираат целиот процес на проектирање на ентериер.
Од анализа на потребите и организација на функционалните зони, преку избор на материјали, мебел и осветлување, па сè до финална визуелизација на проектот, студентите поминуваат низ процес кој е многу близок до реалната професионална пракса. Токму затоа ваквите проекти се особено важни – тие ги подготвуваат студентите за работа во дизајнерско студио или архитектонско биро, како и за комуникација и соработка со клиенти при развој на ентериерни решенија.

Матеа Пејчиноска

Се одлучив за ова идеја…
Сакав да создадам простор кој ќе биде функционален, модерен и топол. Користев природни материјали и топли тонови за да создадам пријатна атмосфера, но и да му дадам современ и елегантен изглед на ентериерот. Целта ми беше станот да биде и визуелно привлечен и удобен за секојдневно живеење.

При процесот на креирање, се соочив со…
Најголем предизвик ми беше работата со нови програми и алатки. Но, со континуирана работа и поддршка од менторот, успеав да ги совладам сите пречки и да го завршам проектот.
За соработката со менторот Илија Паунков…
Соработката со менторот беше одлична. Секогаш добивав корисни насоки и поддршка кога ќе се соочев со технички предизвици, што многу ми го олесни процесот на работа.

Како влијаеше овој проект врз твојот личен раст и развој…
Овој проект ми даде поголема самодоверба, ми покажа дека можам успешно да го работам она што го сакам и да се движам кон остварување на мојот сон. Во текот на процесот стекнав многу нови знаења и практично искуство.

Следната приказна може да биде твојата
На Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација ќе работиш на проекти што го симулираат реалниот процес на работа во професијата. Ќе научиш како да развиеш концепт, да го претвориш во 3D визуелизација и да изградиш портфолио што го прикажува твојот креативен пристап. Со поддршка од искусни ментори ќе работиш со професионални алатки и ќе стекнеш практично искуство уште за време на студирањето.

Во тек е конкурсот за стипендии во Скала:
- 6 стипендии со 100% покриена школарина
- 12 стипендии со 50% покриена школарина
- 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:
- Кандидати без претходно искуство во областа (преквалификација)
- Кандидати со претходно искуство во областа (доквалификација)
Апликациите се отворени.
Искористи ја можноста и аплицирај денес.
