Skip to content
стипендистите-повикуваат на стипендии-скала-џолев

Стипендистите ве повикуваат на повик за стипендии!

На отворениот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 33 стипендии за упис во учебната 2024/25 година и тоа: 11 целосни, 22 делумни стипендии и дополнителни 33 ваучери со попуст за уписи на 11-те академии:

 

ДИЗАЈН: 

• Графички дизајн; [погледни повеќе]
• UX/UI+ дизајн; [погледни повеќе]
• Ентериер и продукт-дизајн; [погледни повеќе]
• Визуелни уметности; [погледни повеќе]
• Моден дизајн; [погледни повеќе]
• Фотографија. [погледни повеќе]

ТЕХНОЛОГИЈА И КОМУНИКАЦИИ:
• Дигитален маркетинг; [погледни повеќе]
• Човечки ресурси (HR) + регрутација; [погледни повеќе]
• Product owner; [погледни повеќе]
• Front-end Development; [наскоро]
• Software Tester. [наскоро]

СТИПЕНДИИ: 

11 целосни стипендии (100% намалување на школарината);
22 делумни стипендии (50% намалување на школарината);
33 ваучери со 15-25% попуст.

 


Во тек е повикот за стипендии во
Скала за сите оние кои имаат желба и насока да започнат кариера во најпопуларните професии денес. Повикот е активен до 30 јуни!

 

★ Пријави се на следниот линк.

 

Со цел да ве охрабриме да пристапите кон нашиот повик за стипендии, решивме поблиску да ве запознаеме со некои од нашите тековни студенти – стипендисти од изминатата година. Тие ни споделија искуства од интервјуата за стипендии, какви прашања биле поставени, за што се раговарало и сл. 

Разговорот го започнавме со Јана Иванова, Теона Милева и Маја Петревска, стипендистки на Академијата за UX/UI+ дизајн кои ги прашавме: „Што те мотивираше да се пријавиш на повикот за стипендии?“

 

Јана: Ме мотивираше можноста за професионален развој и надградување на знаењата во UI/UXдизајн. Стипендијата беше добра можност за напредок во оваа област. Дополнително, ме заинтересира и можноста за физичка настава којашто овозможува подобра интеракција со предавачите и колегите, што е значајно за поефективно учење и практична примена на знаењата.

 

стипендии-скала-академии-дизајн-технологија

На ова се надоврзаа Теона и Маја…

Теона: Најпрвин, стекнување на понатамошно знаење и развивање на моите способности, како и дигитализирање на истите. Ме примами фактот што мојата љубов кон уметноста и дизајнот конечно, преку се разбира, вежби, практика и учење ќе можам да ја префрлам т.е да направам премин од традиционално кон дигитално. Второ, актуелното ширење на дизајнот, каде што јас сакав да се надоградам и проширам, не само како графички дизајнер, туку и како Ux/Uiдизајнер. Скалами овозможи до дополнително знаење и вештини коишто знам дека не би ги стекнала во формалното образование и навистина сум благодарна. 

 

Маја: Како тековен студент на магистерски студии по архитектура, бев сигурна во својот креативен потенцијал, портфолио, но и желба за совладување на поле коешто е сосем непознато за мене – се надевав дека тимот на Скала ќе го препознае мојот квалитет, но и потенцијал и ќе ме поддржи финансиски во предизвикот да се пронајдам во полето на UX/UIдизајнот. Многу сум благодарна што токму тоа и се случи.

 

За впечатоците и искуството од интервјуто, си позборувавме со Стефан Божаров, стипендист на Академијата за визуелни уметности и Теона Милева кои ни споделија…

Стефан: Бев многу среќен кога го добив повикот дека сум избран за интервју, од самото влегување во просториите наСкала“, сфатив дека е правилниот избор. На интервјуто зборувавме за дотогашното мое искуство, личните мотиви за поднесување на апликацијата за стипендија и моите очекувања по завршување на академијата.

 

Додека пак, Теона ни сподели за нејзиното искуство со тремата при интервјуто… 

Теона: Се разбира, на почеток имаше трема, како ќе се претставиш, што ќе кажеш, што имаш зад себе (дали знаење или портфолио). Но, кога пристигнав и видов колку е всушност опуштена целата атмосфера и колку сладок мачор имаат, сите мои несигурности исчезнаа. Навистина интерактивно и без страв, сепак ова е ново искуство од коешто ние не треба да се плашиме.

 

★ Пријави се на следниот линк.

 

стипендии-скала-академии-дизајн-технологија


За досегашното искуство
и студирањето во Скала“, Милена Петровска од Академијата за UX/UI+ дизајн ни сподели…

Милена: Едукативно и забавно. Запознав многу прекрасни луѓе во текот на моите студии, се открив на полиња во коишто мислев дека не припаѓам и собрав искуство коешто не би можела да го добијам на друг начин.

 

Јана Иванова пак се надоврза…

Досегашното искуство е интересно. Програмата нуди широк спектар на предмети, не само во UI/UXдизајнот, туку и во други области, што ми овозможува да стекнам пошироки знаења и вештини. Возбудена сум за она што следи како дел од програмата, особено можноста за презентација на портфолио пред компании во септември и пракса којашто би ми помогнала да ги применам стекнатите вештини и знаења на реални проекти.

 

Стефан Божаров пак додаде..

Студирањето е прекрасно, да се дели просторија со толку истомисленици и креативци е мое огромно задоволство. Особено благодарам би упатил до сите ментори кои несебично го пренесуваат нивното знаење и техники. Би останал должен ако не го спомнам целиот тим во позадина кои се грижат сите работи да бидат во најдобар ред и се во постојана комуникација со нас за било какви прашања и нејаснотии.

 

★ Пријави се на следниот линк.

 

стипендии-скала-академии-дизајн-технологија

ВАЖНО: Кандидатите кои ќе аплицираат, ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите од академиите, пред кои ќе имаат можност да се претстават преку интересот за личен развој и преквалификација или преку портфолија и дела за понатамошно надоградување во дејноста од интерес.

Возможни се два типа на интервју (поделени во две различни категории) и тоа, 

  1. кандидати со искуство од дејноста и 
  2. кандидати без претходно искуство.

Двете категории имаат различен систем на вреднување.

Повеќе информации: 076 266 740
Закажи средба на следниот линк.

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: