„Она што најмногу ме импресионираше кај Скала е сериозниот и посветен пристап кон учењето, како и чувството дека станува збор за заедница која навистина верува дека образованието има моќ да ги промени животите на луѓето, а не само да им додели сертификат“, вели Огнен Антов, продуцент и основач на Dream Factory Macedonia.
Токму затоа партнерствата што ги градиме во Скала не се само формални соработки, туку можности студентите да стекнат искуство во реална продукциска средина уште за време на студиите.

Dream Factory Macedonia е филмска и ТВ продукциска компанија која работи на играни, документарни и комерцијални проекти, а моментално го развива и играниот филм „СНЕШКО“ („Snowman“).
Студентите од Академијата за видео продукција, нови медиуми + AI ја посетија филмската екипа на снимањето и имаа можност да видат како изгледа работата зад камерите во реални продукциски услови.
Разговаравме со Огнен Антов, кој ни сподели повеќе за визијата на компанијата и важноста на практичното искуство за новата генерација професионалци.

На кој начин сметате дека оваа соработка може да придонесе за вашата компанија?
„Соработката ни овозможува пристап до свежи идеи, енергија и ново знаење од млади луѓе кои растат со дигиталните алатки и трендови, а ние им нудиме реално искуство во филмска продукција, маркетинг и знаење што не можат да го стекнат само преку теорија.“
Студентите ќе имаат можност да се развиваат во различни области од современата продукција, вклучувајќи дигитален маркетинг и социјални мрежи, графички дизајн и видео монтажа, продукција, PR и комуникации, како и во администрација и координација на проекти
„Нашиот тековен проект „СНЕШКО“ има силна дигитална и образовна компонента, која вклучува математички предизвици и соработки со училишта. Токму затоа особено ги охрабруваме студентите кои се заинтересирани за спојот на креативноста, технологијата и образованието да се вклучат во вакви проекти.“

Академија за видео продукција, нови медиуми + AI
На Академијата за видео продукција, нови медиуми + AI во Скала студентите ги изучуваат сите клучни сегменти на современата продукција – од развој на креативна идеја и продукциско планирање, до снимање, монтажа, создавање содржини за дигитални платформи и примена на AI алатки во креативниот процес.
Преку партнерствата како ова со Dream Factory Macedonia, тие имаат можност стекнатото знаење да го применат во пракса, да учат од искусни професионалци и да се подготват за следниот чекор во кариерата.
Зошто сметате дека е важно партнерството помеѓу образованието и компаниите?
„Партнерството помеѓу образованието и бизнис секторот е важно бидејќи го поврзува теоретското знаење со реалните потреби на индустријата. Во филмската продукција, многу вештини како тимска работа, комуникација и работа под рокови најдобро се учат преку практично искуство.
За Dream Factory, ваквите соработки се можност да препознаеме млади таленти, да внесеме нови идеи во нашата работа, да придонесеме за развојот на следната генерација професионалци и за градење мост помеѓу академската средина и реалниот свет на работа.“
Наместо само да учат за продукција, студентите имаат можност да видат како изгледа организацијата на снимање, тимската комуникација и целиот процес зад една реална продукција.

Што им недостасува на младите кадри денес?
„Она што најчесто го забележуваме е недостиг на трпение и истрајност во процесот, како и желбата сè да биде брзо и веднаш видливо. Креативната индустрија, особено филмската продукција, бара време, повторувања и постепено градење на резултати, кои често се гледаат дури по месеци или години работа.
Но позитивно гледано, младите носат силна дигитална писменост, брзо учење нови алатки и свежа креативност, која станува уште повредна кога се надополнува со трпение и проактивност во процесот на работа.“
Започни ја својата кариера во креативната индустрија
Ако сакаш да бидеш дел од средина каде што се учи преку реални проекти, соработка со индустријата и практична работа, сега е вистинскиот момент да го направиш првиот чекор.
Во тек е конкурсот за стипендии во Скала:
- 6 стипендии со 100% покриена школарина
- 12 стипендии со 50% покриена школарина
- 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:
- Кандидати без претходно искуство во областа (преквалификација)
- Кандидати со претходно искуство во областа (доквалификација)
Апликациите се отворени до 1 јули.
Искористи ја можноста и аплицирај денес.





