Skip to content

Ние не ја создадовме Скала за да ги убедиме сите дека е најдобра

Личен став на основачот и главен извршен директор на Скала, Дејан Џолев

 

Во изминатите денови повторно добив голем број прашања поврзани со актуелните случувања. Ова е мојот личен став.

 

Ние не ја создадовме Скала за да ги убедиме сите дека е најдобра. Ја создадовме за луѓето кои веруваат во нашиот пристап кон образованието, дизајнот и кариерата.

Не трошиме време убедувајќи ги луѓето на кои не им се допаѓа тоа што го правиме. 

Целата наша енергија ја вложуваме во младите кои сакаат да учат, да создаваат и да изградат кариера.

Последните 15 години ги вложив во создавање место во кое и јас самиот би сакал да учам, благодарение на стотици вработени, ментори и соработници што беа дел од Скала низ годините.

И да, меѓу студентите секогаш ќе има и залутани, неподготвени да го прифатат нашиот пристап. Наместо да преземат одговорност за сопствениот неуспех, ќе се обидат да го претстават како нечија вина.

Но тоа никогаш не било причина да ги напуштиме вредностите во кои веруваме. А уште помалку поради луѓе кои немаат никакво лично искуство со Скала, како и во овој случај, каде што шират шпекулации, водени од мотиви кои не ми се познати и кои не би сакал да ги толкувам.

Скала е создадена за луѓе што критички размислуваат, знаат да аргументираат и имаат желба да учат.

Ние одговараме пред нив.

За сите добронамерни и аргументирани соговорници, на следниот линк е детално претставен системот на оценување во Скала.

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: