Анастасија Попоска е студентка на Академијата за ентериер и продукт-дизајн во „Скала“ која уште за време на студирањето се вработи како архитект во хрватската компанија „Прима Мебел“.
Ѝ поставивме неколку прашања за да дознаеме како Академијата за ентериер и продукт- дизајн ѝ помогнала во нејзиниот професионален и креативен развој!
Од студентка на Академијата за ентериер и продукт-дизајн до архитект во „Прима Мебел“
Вработена сум во „Прима Мебел“ како архитект, но пресреќна сум што во текот на денот имам голем број активности – од продавање мебел, учење на асортиманот, до цртање кујни, земање мерки, па и уредување на цели апартмански проекти. Најважно од сè, е дека се забавувам и секој ден учам нешто ново. Се учам да воспоставувам добра комуникација со клиентите и секако, да оставам впечаток за да задржам некои контакти и клиенти – вели Анастасија.
Анастасија ни откри дека нејзиното вработување како архитект во „Прима Мебел“ било случајно и спонтано — видела оглас и веднаш испратила CV, а имала мотивација да напише и мотивационо писмо. „Благодарение на Академијата за ентериер и продукт- дизајн на „Скала“, се чувствував помоќна со знаење и подготвена да рушам сè пред себе!“ – ни сподели Анастасија.
Таа ни раскажа дека нејзиниот работен ден започнува со кафе коешто ѝ помага психички да се подготви за денот. Потоа, доколку нема активни проекти за цртање на лаптоп, ги пречекува посетителите во салонот и им помага да најдат идеални парчиња мебел. Проектите ги изработува во програмата 3cad каде што, по мерењето на терен, го скицира апартманот со сите детали – ѕидови, кабли, водовод – и потоа го уредува просторот со мебел од „Прима“.
Академијата за ентериер и продукт–дизајн ѝ ја вратила желбата и љубовта кон професијата
Иако претходно дипломирала како инженер-архитект, Анастасија ја изгубила желбата да работи во таа област. Сè се променило кога случајно видела објава на социјалните мрежи за Академијата за ентериер и продукт-дизајн во „Скала“ што ја инспирирало повторно да ѝ се посвети на професијата.
Кога случајно ја видов објавата на „Скала“ за Академијата за ентериер и продукт-дизајн, си реков дека ова е знак и дека задолжително треба да се вратам на патот по којшто одамна одлучив да тргнам. Најмногу од сè, ми недостасуваше „осетот“ за рачно скицирање и цртање – вели Анастасија.
„Академијата за ентериер и продукт-дизајн ми ја врати желбата за професијата. Особено, се пронајдов во предметот Продукт-дизајн и уживав на часовите!“ — додава Анастасија.
♡
Стипендистите те повикуваат на стипендии!
На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“. Аплицирај за стипендија на следиот линк!
Импресии од Академијата за ентериер и продукт–дизајн
Анастасија ни сподели импресии од Академијата за ентериер и продукт – дизајн и горди сме што започнала нови пријателства, го обновила своето знаење, стекнала многу нови вештини и се развила како личност, учејќи со љубов и ентузијазам.
На Академијата во „Скала“, стекнав многу дружби и познанства. Се запознав со млада група на луѓе полни со ентузијазам којшто е многу редок во нашата држава. Само во една година, се променив јас како личност и секако, моите гледишта кон многу работи! Академијата ме потсети на сите знаења одамна заборавени од факултет. Но, тие беа претставени на дури поинтересен начин од факултетот! Не учев со сила, само со љубов. А кога се учи со љубов, работите сами доаѓаат! -изјави Анастасија.
Омилен ментор на Академијата ми беше Апостол и неговиот предмет Продукт-дизајн. Сега „се смешкам“ гледајќи ги двете скицирки, полни со цртежи и чкрабаници и се присетувам на првите часови кога моливот го држев со тресење на раката. Благодарение на Академијата на „Скала“, го разбудив детето во себе кое во детските денови не престана да црта по ѕидовите и книгите! – вели Анастасија.
★
Тимот на „Скала“ е секогаш подготвен за разговор, совет и консултација.
Закажи СРЕДБА и стани дел од креативната заедница на „Скала“! ♡
★
Другарски совет до идните студенти на „Скала“
Анастасија ги советува идните студенти на „Скала“ да не размислуваат премногу, бидејќи „Скала“ е Школа за дизајн и технологија којашто нуди поддршка, слобода на изразување и инспиративна средина и ќе ги мотивира да растат и да се развиваат.
Не мислете се многу. Во една година се учи многу, а менторите се секогаш отворени за прашања. Не е воопшто како на факултет, многу е послободно во однос на изразување и стил на облекување и живеење. Ќе се почувствувате видени и битни, а тоа ќе ви даде желба и енергија сами да се надоградувате заедно со сите луѓе во заедницата на „Скала“ – им порачува Анастасија на идните студенти на „Скала“.
Ние сме единствената Академија за ентериер и продукт-дизајн којашто има активна работа во ателје и работилница, како и можност за директна инволвираност во процесите на изработка. Запознај ги менторите!
Сега е вистинското време да донесеш одлука за следната „скала“ од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата.
♡
Стипендистите те повикуваат на стипендии!
На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“. Аплицирај на следиот линк!