Skip to content
академија за ентериер и продукт дизајн ментори скала school

Запознајте ги менторите на Академијата за ентериер и продукт-дизајн!

Нивната работа е полна со различни димензии и создавање секакви надворешни и внатрешни светови. Секој од нив има различен, единствен пристап во предавањата, но и долгогодишна кариера и работно искуство надвор од Академијата за ентериер и продукт-дизајн.

 

Ви ги претставуваме нивните биографски патеки преку коишто ќе дознаете колку се значајни овие ментори, кои се нивните професионални достигнувања и какво влијание имаат врз нашите студенти во „Скала“.

 

Ви ги претставуваме менторите на Академијата за ентериер и продуктдизајн!

 

 

Илија Паунков

академија за ентериер и продукт дизајн ментори скала school

Илија Паунков дипломирал на Академија Италијана, како ентериер и продукт-дизајнер. Речиси две децении има искуство во проектирање и реализација на продукти и ентериери. Главна преокупација му е работата како консултант за Архитектура и имплементирање на нови технологии и материјали во повеќе компании.

Работи како сениор-дизајнер и 3D-артист во „BH ARCHITECTS“, со чиј тим освоија прво место на Конкурсот за изработка на идејно решение за универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“, во 2017 година.

Иако е далтонист, совршено разликува светли и темни тонови и работи со бои целиот свој живот. Повеќе од пет години менторира и образува млади луѓе во различни образовни формални и неформални институции. „Главен“ е за професионална 3D-визуализација.

 

 

Апостол Тноковски

академија за ентериер и продукт дизајн ментори скала school

Апостол Тноковски е домашен, а светски продукт-дизајнер кој дипломирал на Факултетот за арт и дизајн. Неговите концепти се инвентивни и уникатни, често инспирирани од органски форми. Главната инспирација му е морската вода и водата воопшто. Неговото најпознато дело коешто „одекна“ во светската јавност, е пијаното Hydra, за поп-дивата Лејди Гага.

Освен што работи футуристички дизајн, Апостол креира и чевли, слушалки, часовници и пијана. Неговите дела се најдоа во многу светски медиуми и публикации, меѓу кои и италијанскиот Vogue и Piano Moda Pelle, National Geographic, FHM, како и Piano Magazine во Франција. Изложувал свои проекти на многу значајни интернационални конкурси за дизајн во Шпанија, Англија, за брендови како Microsoft, Peugeot, Electrolux. Дизајнер, соработник на неколку компании и дизајн-студија во Париз, Њујорк и Лос Анџелес.

Неуморен во создавањето нови и крајно визионерски дела, последен негов ваков проект е автомобилот инспириран од изгледот на охридската пастрмка.

 

 

Никола Узуновски

академија за ентериер и продукт дизајн ментори скала school

Никола Узуновски е современ мултидисциплинарен уметник кој студирал на неколку места во светот – од Скопје до Венеција и Хелсинки. Предава уметност и дизајн на неколку светски универзитети, меѓу кои во Италија, Норвешка, Финска, Шведска и Тајланд. Во неговото творештво, секогаш ги спојува индивидуалецот наспроти општеството, со отворени прашања за позицијата на уметникот во него, но и науката во контекст на уметничкото дејствување.

Учествувал на неколку интернационални изложби со свои проекти, од коишто најпознат е „Мy Sunshine“, со којшто учествуваше на 53-тото Венециско биенале, претставувајќи ја Македонија.

Беспрекорно инспириран од храната, познат е и како готвач кој комбинира светски вкусови со фузија од азиски „допир“ на гастрономските патеки, за свои луѓе, но и за публика. Во овој контекст, негов проект е „Соларната кујна“ каде што се промовира соларната енергија, преку настани каде што се готви и храната и техниката се споделува со публиката. Никола е концептуален уметник кој има учествувано на преку 50 групни изложби, а има и неколку самостојни.

 

 

 

Во тек се уписите на нови студенти за учебната

2024/25 година.

 

 

 

Јелена Џокиќ

академија за ентериер и продукт дизајн ментори скала school

Јелена Џокиќ е доктор по технички науки од областа на машинството. Таа работи во областа на индустрискиот дизајн и адитивното производство. Учествувала на домашни и меѓународни изложби во нејзината дејност. Од 2011 е вклучена во наставниот процес на Машинскиот факултет како асистент на предметите коишто ги покрива Институтот за машински конструкции, механизациони машини и возила.

Посветена на биониката и ергономијата, во своите трудови честопати се инспирира од човечките коски, органски форми на движења и ги инкорпорира во својата работа.

Била вклучена на многу развојно истражувачки проекти, дома и во странство, поврзани со различни процеси на креирање, конструкција и примена на инженерингот. Професор на Машински факултет, со посветеност за создавање дизајни со примена на различни материјали и адаптација за секакви намени. Дел е од неколку научни трудови токму во областа на продукт-дизајнот и реверзибилното инженерство.

 

 

Љубомир Васиќ

академија за ентериер и продукт дизајн ментори скала school

Менторот на Академијата за ентериер и продукт дизајн, Љубомир Васиќ, е толку зафатен со работа што сè уште го чекаме неговиот одговор! 😀 Тој е дизајнер и сопственик на @rabotilnica1 за дрвени ентериерни продукти, каде што создава уникатни предмети за домот од чисто дрво, третирани со природно масло. Неговото портфолио вклучува маси, ѕидни украси, кружни закачалки, детски мебел, кревети, и многу други дрвени производи коишто внесуваат модерен и топол „финиш“ во секој ентериер.

Во рамките на предметот „Прототип дизајн студио“, студентите на Академијата имаат можност да учат директно од врвни професионалци како менторот Љубомир и да се стекнат со практично искуство и тереански вежби во работилница, што ја прави Академијата за ентериер и продукт дизајн на „Скала“ единствена во својата област!

 

 

 

Погледни ја Академијата за ентериер и продуктдизајн
на „Скала“ и инвестирај во својата кариера.

 

 

 

Ги поздравуваме и останатите ментори без кои не би била комплетна оваа листа: Небојша Вилиќ, Крсто Златков, Кристина Крагујевска и Дејан Џолев.

 

Ние сме единствената Академија којашто има активна работа во ателје и можност за директна инволвираност во процесите на изработка.

 

 

 

Попустите за ран упис се сè уште во тек.

Закажи средба!

☆ 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: