Skip to content
академија за видео контент креатори во скала

Како се гради кариера како Video Content Creator?

Студентките Марија, Дора и Елена од Академијата за Video Content Creation реализираа авторски едноминутни филмови.

 

Проектите се реализирани во рамки на предметот Филмска режија, под менторство на Дејан Џолев. За време на наставата студентите поминаа низ целиот процес на создавање филм – од развивање идејата, пишување сценарио, до снимање и монтажа, со цел во само една минута да раскажат приказна.

 

Од филмска режија до современо Video Storytelling

Следејќи ги светските трендови и сè поголемата потреба на пазарот за content creators, предметот од следната академска година ќе биде проширен со современи форми на Video storytelling. Покрај класичната филмска нарација, студентите ќе работат и на short-form и long-form видео содржини, YouTube формати, интервјуа, видео подкасти и бренд продукции, со фокус на знаења и вештини што директно одговараат на потребите на денешната индустрија.

 

Студентски проекти: Од првата идеја до финалниот филм

 

Дора Младеновска

„Желба“

Студенти од Академиите за фотографија, видео и графички дизан во Скала за време на финалната испитна сесија

 

Се одлучив за ова идеја…
Преку овој краткометражен филм сакам да ја подигнам свеста за зачувување на сè што ни е дадено, но и да ја истакнам важноста на вложување во младите. Тие се нашата иднина, а со поддршка, можности и верба во нивните способности, можат полесно да ги остварат своите соништа и да чекорат кон нови успеси и достигнувања.

 

 

При процесот на креирање, се соочив со…
Имаше многу препреки, но не дозволив да ме спречат во креирањето на филмот. Секој предизвик беше можност да пронајдам ново решение и да продолжам понатаму.

Како влијаеше овој проект кон твојот развој…
Ме научи никогаш да не се откажувам, бидејќи секогаш постои решение за остварување на целите.

 

Што учат студентите од вакви проекти?

Во текот на академијата, студентите не работат само вежби, туку развиваат проекти по модел на професионална продукција. Од идеја и сценарио, преку претпродукција и снимање, до монтажа и финална презентација – секој чекор го реализираат со менторска поддршка и користење на професионалното студио и опремата на Скала.

Ваквиот пристап ги подготвува за реалната работа на еден Video Content Creator, каде покрај техничките знаења, подеднакво важни се креативното размислување, организацијата на продукцијата, комуникацијата со клиент и способноста една идеја да се претвори во квалитетна видео содржина.

 

Марија Перчинковска

„Слеп поглед“

 

Се одлучив за ова идеја…
Првично, во мојот бележник за идеи недостасуваше приказна раскажана во само една минута. Често се водам од едно едноставно правило – ако поврзам три навидум случајни зборови, секогаш може да се појави нова идеја. Така настана и „Слеп поглед“, приказна за минатото, соочувањето и ослободувањето, инспирирана од зборовите сина, крпа и портрет.

 

Студенти од Академиите за фотографија, видео и графички дизан во Скала за време на финалната испитна сесија

 

При процесот на креирање, се соочив со…
Најголем предизвик беше да создадеме осветлување што ќе ја пренесе атмосферата на приказната. Токму барањето на вистинското решение ми покажа дека филмскиот процес не е само финалниот резултат, туку и истражување, експериментирање и учење низ работата.

За соработката со менторот Дејан Џолев…
Мило ми е што менторот ги познава нашите способности и граници, бидејќи неговиот пристап не е само да нè насочува, туку и да нè поттикнува да одиме чекор подалеку. Секогаш нè охрабрува да излеземе од зоната на комфор, да бараме подобри решенија, да размислуваме подлабоко и преку процесот да научиме повеќе.

 

 

Отворен повик за стипендии во Скала

 

Аплицирај тука!

 

Елена Иванов

„Присутна“

 

 

Се одлучив за ова идеја…
Сакав да раскажам едноставна, но искрена приказна за тоа како малите секојдневни моменти може да нè вратат во сегашноста. Инспирацијата произлезе од моето лично искуство, но верувам дека чувството на отсутност од сопствениот живот е нешто со коешто многу луѓе би можеле да се поврзат.

 

Студенти од Академиите за фотографија, видео и графички дизан во Скала за време на финалната испитна сесија

 

При процесот на креирање, се соочив со…
Предизвик беше во само една минута да пренесам емоција и да раскажам приказна што ќе допре до гледачот. И секако, снимањето со животни бараше многу трпение, бидејќи нивното однесување не може целосно да се контролира.

Како влијаеше овој проект кон твојот развој…
Овој проект ми помогна да сфатам колку многу детали стојат зад еден добар филм и колку е важна секоја фаза од процесот – од идејата, преку претпродукцијата и снимањето, до монтажата. Освен што научив многу нови работи, ова искуство уште повеќе ја потврди мојата желба да продолжам да учам и да раскажувам нови визуелни приказни.

 

 

Следната приказна може да биде твојата

Од едноминутен филм до short-form содржини, YouTube формати и бренд продукции. На Академијата за Video Content Creation ќе работиш на реални проекти и ќе изградиш портфолио што ќе биде твојата прва професионална препорака. Покрај наставата, ќе имаш пристап до професионално филмско студио и комплетна фото и видео опрема, кои ќе можеш да ги користиш за снимање, експериментирање и реализација на сопствените проекти.

Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Во тек е конкурсот за стипендии во Скала:

  • 6 стипендии со 100% покриена школарина 
  • 12 стипендии со 50% покриена школарина
  • 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

Отворен повик за стипендии во Скала

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:

  1. Кандидати без претходно искуство во областа (преквалификација)
  2. Кандидати со претходно искуство во областа (доквалификација)

Апликациите се отворени.

Искористи ја можноста и аплицирај денес.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: