Skip to content
скала веб дизајн графички студенти хакатон

Скала-студентите наградени на Startup Weekend Ohrid!

Од 26-28 април се одржа Startup Weekend Ohrid, во организација на Startup Од 26-28 април се одржа Startup Weekend Ohrid, во организација на Startup Macedonia, во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“, во соработка со Techstars-интернационална инкубаторска програма.


Startup Weekend Ohrid претставува еден од најзначајните настани во Startup-заедницата токму поради тоа што е иницијална каписла за многу идеи коишто прераснале во реалност.
Овој настан всушност, е и натпревар во којшто се избира победничка бизнис-идеја и во којшто учесниците имаат предизвик во рок од 54 часа да стигнат од развој на идеја до прототип.

Многу Стартап-бизниси можат да го препишат својот почеток на овој настан, каде што оваа година го сочинуваа повеќе од 20 ментори од различни области и тоа: бизнис, комуникација и технологија. На настанот зедоа учество повеќе од 70 учесници меѓу кои и 9 студенти на „Скала“ и тоа: Ана Апостоловска, Марија Миноска, Андреј Наков, Милена Петковска, Анастасија Попоска, Елена Петковска, Николија Стојановска, Моника Стојковска и Елена Трајчева. 

Горди сме на нашите студенти кои беа дел од 5 тима како дел од финалните презентации! Секој од тимовите работеше на различни бизнис-идеи од кои една од нив е и „Стрела“ -бизнис-идеја во чијшто развој беа вклучени Марија и Анастасија и заедно со нивниот тим освоија 2-ро место.

 

хакатон џолев скала студенти академија графички дизајн веб

А по тој повод, ги прашавме Анастасија Попоска и Марија Миноска да ни кажат нешто повеќе околу нивната бизнис-идеја …

Анастасија:
„Стрела“ е брзо и лесно решение за достава на вашите нарачки, до вашиот дом… додека Марија се надоврза: 

Стрела би била компанија којашто би им помогнала на помалите бизниси и купувачите во процесот на испорака и примање на порачките. Нашата идеја е корисниците преку број за следење, во секое време да знаат каде се наоѓа нивната пратка (нешто што е лесно изводливо), преку нас да добиваат конкурентни пониски цени од страна на поштите во Македонија и куриерите да ги преземаат порачките од местото на коешто се наоѓаат малите бизниси (трговци, продавници за рачна изработка, уметници итн.) 

 

Учесниците на настанот имаа можност да се запознаат со менторите и да ги збогатат своите знаења и искуства, па затоа ни споделија три клучни лекции коишто ги извлекоа од Startup Weekend Охрид и тоа:

Елена Петковска одвои..


1. Сѐ е поедноставно отколку што изгледа.
2. Квалитетен тим значи половина завршена работа.
3. Клучот за успех е пристап до вистинските информации, во вистинско време.

 

 

Ана Апостоловска: За време на Startup Weekend Охрид, научив доста нови работи за коишто сум сметала дека никогаш не би имала потреба да ги знам. Првата клучна лекција којашто ја извлеков од настан како овој е дека јасното и креативно презентирање на идејата е од клучно значење за привлекување поддршка и инвестиции. Исто така, градењето разновиден тим ја подобрува креативноста и решавањето проблеми, обезбедувајќи различни перспективи и вештини.
Работата под притисок беше една од клучните работи којашто ја научив и ќе ми помогне многу во иднина за брзо развивање на минимален остварлив производ (MVP) и собирање повратни информации од корисниците коешто помага да се усоврши и ефикасно да се подобри идејата.

 

Исто така, ги прашавме и како искуството и знаењето стекнато во Скала им помогна за време на Startup Weekend-от, на што Марија Миноска ни одговори:

Најпрвин, доколку не постоеше Скала, немаше ни јас да бидам дел од овој настан и за тоа сум бескрајно благодарна. Знаењето коешто го стекнав на академијата беше клучно за дизајнот на Стрела. Брендингот, презентацијата и сите креативни решенија ги постигнавме благодарение на досегашното искуство во Скала

 

Во секој бизнис така и во нашиот, е потребен дизајн, бидејќи дизајнот е најдобрата визуализација на тоа каков всушност е бизнисот, така што дизајнерските вештини коишто ги имав стекнато во Скала навистина ми помогнаа во делот со дизајн за бизнисидејата.

 

-сподели Николија Стојановска на што Ана Апостоловска се надоврза…

Искуството стекнато во „Скала“ мене лично ми беше од суштинско значење со оглед на тоа што мојата улога во тимот беше дизајнирање на High-Fidelity Wireframes во Figma. Имајќи го искуството стекнато во „Скала“, процесот на изработка на мојата задача беше многу полесен и поинтересен.

 

 

 

Милена Петковска пак додадe:

Најпрвин, имавме голема предност како тим поради техничката „поткованост“. Ги знаевме можностите и имавме реалистични очекувања околу она што може да се направи за 50 часа. Никогаш се немам замислено како личност која може да „pitch-ира“. Самите презентации во текот на академијата ме подготвија за еден ваков голем потег. Од друга страна, советите на менторите за реалниот свет на поврзаноста на бизнисот и технологијата нè натераа да размислуваме подлабоко околу тоа кој проблем ќе се решава и дали е навистина потребно едно такво решение.

 

Startup Weekend Охрид претставуваше незаборавно искуство за студентите, па затоа го прашавме и Христијан Волкановски од Startup Weekend да ни сподели повеќе за искуството со работа со студентите од „Скала“ на што тој ни одговори:

Импактот на студентите од Скала беше од големо значење за тимовите, особено во делот на дизајн каде што се применуваа напредни и модерни креативи за самите презентации. Креативите и изработката на презентациите беше забележана и од страна на судиите и рангирана со најмногу бодови. Покрај креативите, студентите покажаа и претприемничко размислување за нивниот продукт, што резултираше со второ место за време на настанот.

 


Ние „Скалаџиите“, студентите и административниот тим, оваа победа ја прославивме традиционално со еден тон крофни, сок од портокал и многу желби за понатамошни успеси !

Се гледаме и следна година на Startup Weekend, а доколку сакаш и ти да ги развиеш твоите вештини во полето на дизајн до следното издание на овој настан, запиши се во „СКАЛА“!

 

▷▷ ПРИЈАВУВАЊЕТО е бесплатно со регистрација на следниов линк: https://skala.edu.mk/otvoreni-denovi-vo-skala/

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: