Skip to content

ВЕБИНАР: Што е Product owner во IT индустрија?

Зборуваме за што е потребно да започнеш кариера како Product Owner!

Месец април во Скала броеше неколку настани и голем број на активности, еден од настаните кој се одржа е Вебинарот на тема: What it takes to be a product Owner?

Целта на овој вебинар беше посуштински да нурнеме во одговорностите на еден product owner, вештините кои се потребни да ги поседува и кои се првите чекори доколку некој сака да започне кариера како product owner.

Говорници на овој вебинар беа врвни експерти од индустријата со повеќе годишно работно искуство, наши соработници и драги пријатели:  Данче Масларова Стојановска, Lead Product Owner во RLDatix, ментор на Академија за product owner во СКАЛА, Марјан Николовски, oсновач и извршен директор на Emit Knowledge и Игор Добросављевиќ, Продукт Менаџер во Kin + Carta, ментор на Академија за product owner во СКАЛА.

За време на вебинарот успеавме да дадеме голем број на практични примери за како изгледа day to day работата на еден product owner, кои се предизвиците на таа позиција и дали техничкото образование и вештини се клучни при работата. Во продолжение ви ги издвојуваме дел од заклучоците ….

 

За улогата на еден product owner важно е…

Идентификување, дефинирање и приоретизирање на активностите во рамки на еден процес со цел испорачување на максимална вредност на клиентот. 

Да се зборува јазикот на клиентот и јазикот на тимот кој го развива/подобрува продуктот, грижејќи се дека вредноста што ја испорачува е оптимална за финансиските средства кои се инвестираат.

Интегритетот на личноста и способноста да се даде насока и план за реализација, што и како е потребно да се постигне.

Свесно да применуваме интеративен пристап кон работата и да бидеме подготвени за промени, тестирања и преземање на ризик.

 


Вештините кои треба да ги поседува еден product owner се…

Комуникациски вештини, потребна е јасна, точна и презицна комуникација.
Емоционална интелегенција и способност за работа со луѓе.
Креативно размислување и желба за континуирано учење.
Лидерски вештини, способност за стратешко размислување и solution mindset.
Свесност за ризик и преземање на одговорност. 

 

Литература препорачана од говорниците…

User story maping – Jeff Patton, предлог од Данче Масларова Стојановска
The design of everything – Don Norman, предлог Марјан Николовски

 

Погледнете го целосното видео од вебинарот кој ги вклучува сите дополнителни примери и совети од страна на говорницте како и информации за како да се подготвите за вашето прво интервју за позицијата Product Owner.

 

 

 

 

 

Во рамки на Академијата за Product Owner, практично ќе работиме на стекнување на сите претходно наведени вештини, преку работа на реални проекти ставајќи ве дирекно во улогата на product owner. Погледни ја програмата и резервијрај го твоето место во групата што започнува во октомври!

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: