Модниот фестивал, започна на 10ти ноември, а ќе трае до 20ти ноември. На овој настан, ја имавме честа и можноста да учествуваме со креации од нашите студенти од генерацијата 2021/22 на Академијата за моден дизајн, односно да ги претставиме нивните дела во текот на ревиите и како дел од поставката во шоу-румот.
На 14 октомври беа доделени +80 дипломи и уверенија за постигнатиот труд и успех на студенти од 6 академии, а беше отворена и завршната изложба „Decennium“
„Скала“ Школата за дизајн, уметност и технологии (поранешно „Џолев и уметностите), неуморно работи со цел многу талентирани млади креативци да си го најдат своето работно гнездо и перспектива, напредувајќи во кариерата и професијата која сакаат да ја работат со многу љубов. Плод на таа желба е соработката помеѓу модната куќа „Bella“ и студентите од Академијата за моден дизајн
Преку 60 студенти од Скала Школата за уметност, дизајн и технологија, летово ја имаа можноста откако ги завршија циклусот студии, да влезат во работен однос со своите знаења во различни компании.
Традиционално, секое лето во „Скала“ Школата за дизајн, уметност и технологии се дружиме и правиме настани на кои ги поврзуваме студентите со менторите. Така и овој пат, во два дена беа направени многу коктели, се запознавме едни со други и уживавме во разговорите.
Разговаравме со нашите студенти Гаја Смилевска, Филип Гаговски, Сара Секулоска и Теона Димова студенти на Академијата за графички дизајн и Академијата за визуелни уметности за нивниот студентски проект „Филмски плакат“ на предметот дигитална илустрација, под менторство на супер популарниот и обожаван дизајнер Зоран Кардула.
Разговаравме со нашите студенти Дејан и Михаела за нивниот семестрален проект по предметот фотографија „Рекреација на дело" под менторство на Дејан Џолев. Оригиналните дела се на Андреј Павлов, алумни-студент на Академијата за визуелни уметности, сега ментор на курсот Adobe Illustrator кој започнува на 20 март.
Денес, го имаме Андреј Павлов, дипломиран индустриски дизајнер, визуелен уметник во областа на линиска уметност и дигитална илустрација, моментално дизајн-уредник на „Скала магазин“ и графички дизајнер во „Џолев и уметностите“.