Skip to content
скала стипендии академија за дизајн

Последниот повик за стипендија е отворен – искористи ја шансата!

На првиот отворен повик за стипендии, за учебната 2025/26 година, доделивме 10 стипендии на кандидати кои аплицираа во две категории: кандидати со портфолио и кандидати без претходно искуство во областа за која аплицираа.

 

Со цел да те охрабриме да се пријавиш на последниот отворен повик, ти ги претставуваме стипендистите и нивното искуство од интервјуто и процесот.

 

Добитници на стипендија од првиот отворен повик:

Мишела Делова – Академија за графички дизајн
Ангел Стефанов – Академија за графички дизајн
Матеа Пејчиноска – Академија за ентериер и продукт-дизајн
Петар Ивановски – Академија за ентериер и продукт-дизајн
Марија Николиќ – Академија за дигитален маркетинг
Драгана Андреевска – Академија за дигитален маркетинг
Маринела Блажеска – Академија за фотографија
Марија Перчинковска – Академија за видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми
Мелани Марјановиќ – Академија за моден дизајн
Пеце Давитковски – Академија за моден дизајн

 

Две категории, една цел – твој развој

Ако го пропушти првиот повик – ова е твојата шанса!
Секој кандидат се пријавува во една од двете категории:

  1. Кандидати со претходно искуство во областа – лица кои веќе работеле или учеле и сакаат доквалификација.
  2. Кандидати без претходно искуство – лица кои сакаат преквалификација и почеток од нула во нова професија.

Независно од категоријата, сите пријавени ќе бидат поканети на кратко интервју со координаторите и дел од менторскиот тим. Овој разговор не е тест, туку пријателска можност да се запознаеме подобро – со твојата мотивација, потенцијал и интереси.

 

Аплицирај тука!

 

Прочитај за искуството на кандидатите од интервјуто за стипендии

 

Поразговаравме со Марија Николиќ од Куманово – стипендистка на Академијата за дигитален маркетинг. Таа својата креативност ја изразува на повеќе начини, од готвење до разни креативни активности во секојдневието. Ја прашавме како си помина на интервјуто за стипендии.

Марија Н.: „На интервјуто за стипендии си поминав многу пријатно, со многу нови и интересни сознанија за дигиталниот маркетинг и целата маркетинг мрежа која е неопходна во секоја компанија.“

 

Своето искуство ни го сподели и Маринела Блажеска, стипендистка на Академијата за фотографија, дипломиран економист во областа на е-бизнис, која има намера да започне кариера во креативните индустрии.

Маринела: „Интервјуто го доживеав како пријатно и инспиративно искуство. Имав можност искрено да ја споделам мојата приказна, страста кон фотографијата и визијата за мојот идeн развој. Се чувствував прифатено и мотивирано, а тоа дополнително ме охрабри дека сум на вистинскиот пат.“

 

 

Слично позитивно искуство имаше и Мелани Марјановиќ од Скопје – стипендистка на Академијата за моден дизајн.

Мелани: „Атмосферата беше преопуштена и спонтана. Разговорот течеше одлично и чувствував дека можам слободно да ги споделам своите идеи и визии.“

 

Своите впечатоци ги сподели и Марија Перчинковска, стипендистка на Академијата за видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми:

Марија П.: „Средбата ги задоволи сите мои стандарди за тоа како треба да изгледа интервју од овој тип. Разговорот беше пријатен и се споделија важни информации. Најважно од сè, темите помогнаа да се расчисти сликата за мојот кариерен пат, по што бев подготвена за нова одлука.“

Инспирацијата, како што вели, ја наоѓа во напуштени простори и изгубени предмети, во маалските улици на Скопје низ кои шета со точак, во својот дневник што ѝ носи јасност и организираност.

 

Пријави се и започни кариера во креативните индустрии!

 

Што вклучува повикот?

На овој повик, на располагање се:

  • 12 стипендии со 50% намалување на школарината
  • 12 ваучери со попуст од 15% до 25%

Повикот е отворен за сите ентузијасти што сакаат да се образуваат и изградат кариера во креативната индустрија, без разлика дали веќе имаат искуство или имаат желба за преквалификација.

 

Аплицирај за стипендија тука!

 

Што ги мотивираше кандидатите да се пријават?

 

Матеа Пејчиноска, студентка по молекуларна биологија и генетика, својата креативност одлучи да ја насочи кон Академијата за ентериер и продукт-дизајн. Освен што сака уредување на простори, таа ужива во цртање, моделирање фигури од глина и во друштво со нејзиното куче Баки.

Матеа: „Се пријавив на конкурсот за стипендија бидејќи слушнав многу позитивни препораки за Академијата. Желбата да го остварам мојот сон и можноста за добивање стипендија ми помогнаа полесно да се одлучам дека токму оваа академија е вистинскиот избор за мене.“

 

 

Својата мотивација ја сподели и Маринела Блажеска:

„Секогаш сум имала силна желба да ја изразам мојата креативност преку фотографија, но досега тоа го правев аматерски. Кога дознав за Академијата за фотографија во Скала, ја препознав како идеална можност за професионално надградување и стекнување нови знаења.“

 

Марија Перчинковска: „Скала беше мојот избор затоа што верувам дека ќе бидам дел од заедница полна со страствени, вредни и инспиративни луѓе. Го ценам работењето на менторите, професорите и студентите и сакам да учам од и со нив.“

 

Две категории, една цел – твој развој

Секој кандидат се пријавува во една од двете категории:

  1. Кандидати со претходно искуство во областа – лица кои веќе работеле или учеле и сакаат доквалификација.
  2. Кандидати без претходно искуство – лица кои сакаат преквалификација и почеток од нула во нова професија.

Независно од категоријата, сите пријавени ќе бидат поканети на кратко интервју со координаторите и дел од менторскиот тим. Овој разговор не е тест, туку пријателска можност да се запознаеме подобро – со твојата мотивација, потенцијал и интереси.

 

Уписите се во тек!
Пријави се и стани дел од најкреативната заедница во регионот!

 

Аплицирај за стипендија!

 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: