Skip to content
дејан џолев и сања митровска скала нетворкер фаундер гејмс

Скала x The Founder Games: Поврзување на студентите со стартап светот

Во Скала веруваме дека секој студент носи потенцијал за големи достигнувања – сè што им е потребно е вистинска можност. Затоа постојано градиме партнерства што инспирираат, поддржуваат и отвораат врати кон реалните предизвици.

Со задоволство ви ја претставуваме иницијативата The Founder Games, која се приклучува на нашата мрежа на соработници како иновативна платформа што го негува претприемачкиот дух кај младите. Со својата визија за иновација и развој, The Founder Games веднаш го препозна потенцијалот на нашите студенти и им понуди простор каде што можат да го изразат својот талент, креативност и претприемачки дух.

The Founder Games започна сосема природно – од потреба. Постојат акцелератори и натпревари, но до тогаш никој не се фокусираше на тоа што навистина се случува зад кулисите, низ процесот на градење стартап од нула. „Сакавме да го документираме целиот процес – не само презентациите и победите, туку и моментите кога е тешко и кога најмногу се учи.“

Денес, The Founder Games е регионална програма што вклучува стартапи од 15 земји, 40 избрани тимови, ментори, инвеститори и едно големо финале.

Во рамки на оваа соработка, нашите студенти ќе имаат можност активно да се вклучат во реални стартап предизвици, работeјќи на развој на продукциски концепти, визуелни решенија и дигитални маркетинг стратегии. Дел од нив од скоро сите академии веќе беа вклучени во финалето на најновата сезона на настанот, каде што придонесоа со својата креативност и посветеност. Преку ова искуство, студентите ќе стекнат практични вештини, ќе имаат простор за креативна изразност и ќе работат во динамична и иновативна средина.

Тие ќе бидат во директен контакт со стартапи со висок потенцијал, со можност за понатамошна соработка, како и со инвеститори – отворајќи врати кон реални професионални ангажмани и личен развој. The Founder Games веќе е препознаена платформа за иновации и раст.

Тимот на Founder Games ни беше во посета во Скала, каде што подетално не запознаа со нивната мисија, целите и можностите за меѓусебна соработка.

Дејан Џолев, Оливера Матакова, Скала, Петар Младенов, Нетворкер, Гого Рафајловски

За таа цел, поразговаравме со Сања Митровска – Founder and CEO of Networker and The Founder Games и Ана Диневска – Growth and Partnership Manager на The Founder Games.

Кои се клучните активности и формати што ги вклучува The Founder Games?

Имаме акцелераторска програма со индивидуална и групна менторска работа, работилници со врвни експерти, реалити формат каде што се снима сè што се случува зад сцената – низ интересни и едукативни предизвици со реални ситуации – како и јавен настан со презентации пред инвеститори. – сподели Сања

Тука

 

Дејан Џолев, Оливера Матакова, Скала, Петар Младенов, Нетворкер, Гого Рафајловски

На кој начин замислувате вредностите на The Founder Games да се пренесат преку креативната работа на студентите од Скала?

Автентичност, тимска игра, работа во променлива и динамична средина и реална комуникација – тоа се вредностите што ги негуваме. И баш тие ги видовме кај студентите од Скала. Дојдоа со став: „Што треба – тука сме!“ и се вклучија повеќе од очекуваното. Ги сликаа и снимаа најдобрите моменти и произведоа одлична содржина. – ни кажа Ана

Аплицирај за стипендија!

the founder games skala

 

Кои се бенефитите и можностите што ги гледате во соработката меѓу The Founder Games и Скала?

Соработката со Скала донесе позитивна енергија, брза акција и свежа перспектива. Студентите добиваат реално искуство – работат на настан каде што има инвеститори, стартапи, гости, продукциски тим… и учат повеќе за неколку дена отколку што би можеле да прочитаат во една книга. Ние, пак, добивме проширен тим од креативни и мотивирани луѓе. За нас, ова е долгорочна соработка и се надеваме дека ќе ја прошириме уште повеќе во следните изданија. – раскажа Сања

the founder games skala

 

Тука

 

Преку ова партнерство, заеднички чекориме кон креирање на амбициозна и иновативна генерација, подготвена да ги поставува новите трендови во индустријата.

Горди сме на студентите кои беа вклучени во организацијата на финалето на The Founder Games – неуморно работеа зад сцената, покажувајќи што значи вистинска посветеност и тимска работа и тоа:

Aндреа Каревска, Драгана Гаврилова Димитриевска, Ристо Толичев, Андреа Осман, Виктор Дуковски и Вулнет Џелили 


Со нетрпение го очекуваме периодот што следи! ❤️

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: