Skip to content
презентација пред компании скала академии вработување пракса

Повеќе од 40 студенти од октомври на пракса!

На 19 септември, студентите од Академиите за графички дизајн, UX/UI-дизајн, визуелни уметности и фотографија на „Скала“ ги презентираа своите портфолија пред водечките и најголемите креативни и технолошки компании и стартапи, со цел остварување соработки, пракса и вработувања на студентите.

 

Студентите кои одбраа да посетуваат пракса по завршувањето на Академијата, ги презентираа своите професионални проекти, дела и креативни процеси коишто со голем интерес беа проследени од менаџерите на водечките компании во креативните и технолошки индустрии, вклучувајќи ги и локалните маркетинг и адвертајзинг-агенции, дизајн и фото-студија, видео-продукции и медиуми!

 

 

презентација пред компании скала академии вработување пракса

 

 

Презентации пред компаниите – прекрасно и незаборавно искуство за студентите на „Скала“!

 

Во неформалниот дел од настанот, се дружевме со студентите кои ни ги споделија нивните импресии и интересни впечатоци од нивното искуство на „Скала по скала“. Меѓу нив е и Марија Шестакова од Академијата за графички дизајн на „Скала“ која ја воодушеви публиката со своето портфолио. Марија со задоволство ни ги сподели нејзините импресии од настанот!

 

Презентацијата пред компаниите е голем настан за нас студентите во „Скала“. Сам по себе, настанот има две значења: крај на една прекрасна академска година од којашто научивме многу, но исто така и почеток на некои нови искуства, нови страници. И покрај малата доза на трема којашто ја имав, си поминав прекрасно. Беше навистина ново искуство да се одржи таков тип на презентација – вели Марија.

 

 

презентација пред компании скала академии вработување пракса

 

Уписите за новата учебна 2024/25 година
се во тек! Закажи
СРЕДБА

 

презентација пред компании скала академии вработување пракса

 

Менаџерите и претставниците на компаниите – воодушевени од професионалноста и креативноста на студентите на „Скала“!

 

Помеѓу присутните менаџери од компаниите, беше и Јана Марковска, од креативната маркетинг-агенција „DO:MORE“. Јана ни се пофали дека секогаш кога соработува со студенти од „Скала“, има пријатно искуство и е воодушевена од креативноста, одговорноста и професионалноста.

 

Со студентите од Скала, секогаш имам пријатно искуство, а некои од нив се веќе и дел од мојот тим! Одговорниот и сериозен пристап кон работата е несомнено тоа што ги дефинира. Презентациите на студентите беа одлични и професионално сработени, а целото искуство на настанoт беше прекрасно организирано од страна на тимот на „Скала“ – ни сподели Јана.

 

презентација пред компании скала академии вработување пракса

 

презентација пред компании скала академии вработување пракса

 

Пресреќни сме што годинава интересот од компаниите беше огромен, на денот на презентациите, присуствуваа над 50 гости од 38 компании.

ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА АКАДЕМИИТЕ НА „СКАЛА“

 

Стипендистите те повикуваат на стипендии! 

На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“. Аплицирај на следиот линк!

 

 

Настанот „Скала по Скала“ го олеснува воспоставувањето на директни врски меѓу идните професионалци и индустријата!

 

Настанот е дел од програмата за предметите Развој на лична кариера и Бренд-менаџмент коишто се единствени во рамките на неформалното образование и се дизајнирани да им помогнат на студентите во градењето на нивната кариера и остварување на трајни вработувања. Овие предмети имаат клучна улога во развојот на професионалните вештини и личниот бренд на студентите што им овозможува да се истакнат на пазарот на трудот, презентирајќи го своето професионално портфолио.

 

Од друга страна, настанот им овозможува на компаниите да се запознаат со талентот, потенцијалот и интересите на студентите. Оваа интеракција им помага на компаниите да согледаат како студентите би можеле да се вклопат во нивните тековни процеси и да придонесат за развојот на организацијата. По завршувањето на настанот, секоја компанија ќе има можност да избере студент за соработка што претставува одлична можност за понатамошна пракса, вработување или долгорочна соработка.

 

 

презентација пред компании скала академии вработување пракса

 

Настанот го олеснува воспоставувањето на директни врски меѓу идните професионалци и индустријата, создавајќи платформа за раст и развој на обете страни.

Изминатите години, на настанот „Скала по скала“ учествуваа повеќе од 150 компании, при што повеќе од 500 студенти успешно обезбедија пракси, додека над 200 студенти трајно се вработија!

 

 

Групите на некои академии веќе се полни. Закажи
СРЕДБА и фати последно место! ♡

 

 

Благодарност до сите компании коишто се вклучија во овој значаен настан за новата генерација! Ви благодариме што заедно ја обликуваме новата генерација на креативната и технолошката сцена!

 

 

Стипендистите те повикуваат на стипендии! 

На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“. Аплицирај на следиот линк!

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: