На 26 септември, студентите од Академијата за ентериер и продукт-дизајн на „Скала“ ги презентираа своите портфолија пред водечките студија за ентериерен дизајн, архитектонски бироа, работилници за мебел, студија за индустриски и продукт-дизајн, како и студија за 3D-моделирање, визуализации, прототипирање и 3D-печатење.
Студентите кои избраа да посетуваат пракса по завршувањето на Академијата, ги претставија своите професионални проекти, дела и креативни процеси коишто со голем интерес, беа проследени од менаџерите на компаниите!
Настанот им овозможи на компаниите да се запознаат со талентот, потенцијалот и интересите на студентите, отворајќи им врати за соработка, пракса и вработување на студентите од Академијата за ентериер и продукт-дизајн на „Скала“.
Презентации пред компаниите – прекрасно и предизвикувачко искуство за студентите од Академијата за ентериер и продукт-дизајн
Во неформалниот дел од настанот, се дружевме со студентите кои ни ги споделија своите импресии и интересни впечатоци од искуството на „Скала по скала“. Меѓу нив е и Алексеа Ризеска од Академијата за ентериер и продукт-дизајн на „Скала“ која преку нејзината презентација им остави прекрасен впечаток на компаниите.
Алексеа со задоволство ни ги сподели нејзините впечатоци од настанот!
Настанот беше неверојатно искуство! Иако малку бев под стрес, сè беше прекрасно. Посебно ми се допадна што по презентациите, компаниите можеа да ги видат нашите продукти – од првичната скица до финалниот дизајн, заедно со нашите проекти. Пред мојата презентација, чувствував трема бидејќи за мене тоа беше голем предизвик, но тие 5 минути беа мои и сум многу горда како ги искористив! – вели Алексеа.
♡
Групите на некои академии веќе се полни. Закажи
СРЕДБА и фати последно место!
♡
Студентите на „Скала“ ги воодушевија менаџерите и претставниците на компаниите
Меѓу присутните менаџери и претставници на компаниите, беше и Бисера Саздовска, основачка на Антре – дизајнерско студио коешто нуди услуги за внатрешен дизајн. Таа ни изјави дека е презадоволна од презентациите на студентите од Академијата за ентериер и продукт-дизајн на „Скала“ и дека им претставува вистинско задоволство да бидат дел од овој настан.
„Скала“ им дава добра основа на студентите да се развиваат во различни аспекти и да ја пронајдат својата ниша на интерес како потенцијални дизајнери и проектанти. Диверзитетот на проектите којшто студентите го прикажаа низ своите портфолија, е уште една потврда за широкиот спектар којшто ја опфаќа самата професија, како и шанса да се согледа како овие различни аспекти ја креираат личноста на еден дизајнер. Им посакуваме успешна понатамошна работа на сите кои се охрабрија да го испрезентираат својот труд и ги советуваме непречено да работат на својот развој! – вели Бисера Саздовска.
♡
Стипендистите те повикуваат на стипендии!
На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“. Аплицирај за стипендија на следниот линк!
Пресреќни сме што интересот од компаниите беше огромен и на денот на презентациите присуствуваа над 50 гости од најпознатите компании и студија за ентериер-дизајн!
Настанот „Скала по Скала“ го олеснува воспоставувањето на директни врски меѓу идните професионалци и индустријата!
Настанот е дел од програмата за предметите Развој на лична кариера и Бренд-менаџмент коишто се единствени во рамките на неформалното образование и се дизајнирани да им помогнат на студентите во градењето на нивната кариера и остварување на трајни вработувања. Овие предмети имаат клучна улога во развојот на професионалните вештини и личниот бренд на студентите што им овозможува да се истакнат на пазарот на трудот, презентирајќи го своето професионално портфолио.
Од друга страна, настанот им овозможува на компаниите да се запознаат со талентот, потенцијалот и интересите на студентите. Оваа интеракција им помага на компаниите да согледаат како студентите би можеле да се вклопат во нивните тековни процеси и да придонесат за развојот на организацијата!
По завршувањето на настанот, секоја компанија има можност да избере студент за соработка што претставува одлична можност за понатамошна пракса, вработување или долгорочна соработка. Со тоа, настанот го олеснува воспоставувањето на директни врски меѓу идните професионалци и индустријата, создавајќи платформа за раст и развој на обете страни.
Уписите за новата учебна 2024/25 година се во тек!
Закажи СРЕДБА! ♡
Изминатите години, на настанот „Скала по скала“ учествуваа повеќе од 150 компании, при што повеќе од 500 студенти успешно обезбедија пракси, додека над 200 студенти трајно се вработија!
Благодарност до сите компании коишто се вклучија во овој значаен настан за новата генерација! ♥
♡
Стипендистите те повикуваат на стипендии!
На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“. Аплицирај за стипендија на следниот линк!