Иако звучи како егзистенцијално прашање, откако цел интернет се потресе од способноста на вештачката интелигенција да дава решенија додека кажеш „кекс“, сепак, да си маркетер во денешно време е далеку од стресна и непријатна работа.
Напротив, живееме во едно возбудливо време каде што се случува, како што некои луѓе љубат да кажат, четвртата технолошка револуција.
Да, вештачката интелигенција зема голем замав.
Да, развојот на големи јазични модели (LLM) е побрз отколку што повеќето од нас очекувавме.
Да, одредени работи изгледаат како да може да се решат со два клика, па следствено на тоа, што ќе им се на компаниите маркетери кога со еден „prompt“ на ChatGPT може да добиеш цела маркетинг–стратегија заедно со копирајтинг за секоја можна објава?
Вистината е во средината.
Од една страна, ги имаме загрижените маркетери кои сметаат дека половина од нивните работни места ќе исчезнат за година-две. И не се далеку од вистината. Како што ќе се развиваат модерните апликации коишто користат вештачка интелигенција, така и ќе се намалува потребата од човечка работна сила.
★
Искористи ја можноста да се запишеш на Академијата за Дигитален маркетинг, во ран уписен рок и заштеди 500€. Погледни повеќе на овој линк.
★
Во моментов, ако си доволно подготвен, можеш да подигнеш локални „GPT-a“ и да ги истренираш на документи коишто си ги развивал и подготвувал со години. Со тек на време, со добар тренинг и учење, овие „GPT-а“ може да стануваат сѐ попаметни, за на крај да може да го реплицираат твојот креативен израз до степен да не се знае дека вештачката интелигенција пишува наместо тебе.
Од друга страна, ако ти како маркетер постојано учиш нови работи, се надградуваш со вештини коишто ти се потребни низ призма на вештачка ителигенција и имаш силно познавање на теорија на маркетинг (со особен акцент на дигитален маркетинг), како што можеш да стекнеш на Академијата на Скала и Пиксел, тогаш, народски кажано, за тебе „нема зима“.
Оние луѓе кои се добро потковани со знаење, имаат фундаментално разбирање од тоа што функционира во светот на маркетингот, а што не и кои разбираат дека најважниот дел од дигиталната трансформација е да се автоматизираат процеси за да се ослободат луѓето да размислуваат стратешки и креативно, е тие луѓе и те како ѝ се потребни на секоја компанија.
Оттука, клучно е да се каже дека иднината на модерните маркетери е да се развиваат во форма на буквата „Т“ – односно, хоризонтално да имаат широко познавање од основите на дигиталниот маркетинг, а вертикално да почнат да се специјализираат во конкретни вештини коишто ќе им помогнат да ги остварат нивните маркетинг–цели.
А каде е вештачката интелигенција во целава приказна?
Вештачката интелигенција е трансформативна сила во дигиталниот маркетинг којашто им овозможува на маркетерите да работат побрзо, попаметно и попрецизно. Еве неколку конкретни примери за тоа како алатките за вештачка интелигенција може да се користат за подобрување на маркетинг–стратегиите:
- Copilot: Како твој виртуелен помошник, Copilot може да генерира код, да пишува ефикасни е-меилови и да предложи стратегии за оптимизација на веб-страници и сè тоа за само неколку секунди.
- Dall E и Midjourney: Ако сакаш да создадеш визуелни содржини врз база на текстуални описи, со Dall E и Midjourney можеш да направиш уникатни графички материјали за маркетинг–кампањи без никакво искуство во дизајн. Да, ова нема да бидат можеби финални креативи, ама барем ќе може да дадеш одлични насоки на твоите колеги– дизајнери.
- Gemini: Моќната алатка на Google може да анализира трендови и однесување на корисници со што ќе ти даде можност за подобри предвидувања и начин како да се прилагодиш на промените на пазарот, нешто што е од клучно значење за секој маркетер.
- Kapwing: Kapwing е моќна алатка за уредување на видео којашто користи вештачка интелигенција за да го оптимизира процесот на создавање и уредување на видео–содржини. Со само неколку клика можеш од долго видео да извадиш „лудница“ клипчиња за социјални медиуми и тоа со готови титлови.
- Synthesia: Оваа платформа овозможува создавање на персонализирани видеа со виртуелни ликови кои говорат и се однесуваат како вистински луѓе, што е идеално за дигитални реклами и промотивни видеа.
Секоја од овие алатки нуди различни можности за маркетерите да ги подобрат своите вештини, да бидат конкурентни на пазарот и да ги подобрат резултатите од нивните маркетинг–активности. Со правилно разбирање и примена, вештачката интелигенција може да биде моќен сојузник во светот на дигиталниот маркетинг.
На најобемната академиja за дигитален маркетинг на „Скала“ и „Пиксел“ меѓу другото, ќе научите како да ги искористите овие алатки за да останете конкурентни и да ги достигнете вашите маркетинг–цели. Аплицирај на Академијата за дигитален маркетинг, искористи го попустот за ран упис и стани дел од новата генерација маркетери.
Се гледаме на предавања!
★
Уписите за новата генерација студенти на Академијата за Дигитален маркетинг е во тек! Погледни повеќе на овој линк.
★
Пишува : Владимир Ристевски