Skip to content
скала-илустрација-зоран кардула-академии-графички дизајн-ux ui-визуелни уметности

Реални проекти: Чест е да се соработува со менторот Зоран Кардула!

Разговараме со нашите студенти: Крсто Глигорјадис, Христина Ѓорѓиевска, Ана Стојанова и Маринела Миланова, студенти на Академијата за визуелни уметности, Академијата за UX/UI+ дизајн и Академијата за графички дизајн, за нивните семестрални проекти по предметот Илустрација на тема: „Автопортрет”, под менторство на Зоран Кардула.


За изборот на делата, нивното влијание и искуството со менторот низ академските часови, студентите ни открија интересни и уникатни детали. Интересно е да се воочи како секој студент преку својот автопортрет, изразува уникатна гледна точка и толкување за себеси со помош на ликовните елементи, па прочитајте како тие стигнаа до нивните решенија.. 

 

Автопортрет –Крсто Глигорјадис

 


Се одлучив за оваа тема/идеја/дело поради…

Крсто Глигорјадис:
Се одлучив за илустрација на ова дело затоа што сакав да го овековечам моментот кога е направена оригиналната фотографија за време на снимањето на перформансот со колегите од Академијата Скала. Ова дело има за цел да го зачува моментот на трансформацијата и атмосферата по изведбата на перформансот.


Христина Ѓорѓиевска:
Никогаш не е доста од автопортрети. Тие се еден вид архива на ракописот на еден автор и според мене, дури зборуваат погласно за неговата благосостојба.


Ана Стојанова:
Се одлучив за оваа идеја, бидејќи при изработување на автопортретот не сакав да се задржам до реалистично исцртување на своја фотографија. Слободата во илустрирање ми овозможи да размислам out of the box и да се претставам во многу поекпресионистички cartoonстил, наместо да се задржувам до правилата на реалноста.

 

Автопортрет –Маринела Миланова

 


При процесот на креирање, се соочив со…

Крсто Глигорјадис:
При процесот на креирање се одлучив да експериментирам со сите алатки и знаења коишто ги поседувам за да можам да креирам дело коешто ќе биде автентично. Многу долго време се задржав на палетата на бои, бидејќи сметав дека тоа е многу важен елемент за да го постигнам тоа што го сакав.


Маринела Миланова:

Искрено при самиот процес на креирање не се соочив со ниту една потешкотија


Ана Стојанова:
Не се соочив со некои потешкотии низ самиот процес на илустрирање, но ми требаше мало себеистражување со цел да се прикажам себеси на начинот на којшто самата се доживувам. Целта ми беше да се прикажам во мојот омилен стил на илустрација.

 

 

 

 


За соработката при процесот, за менторот би сакал/а да кажам…

Крсто Глигорјадис:
Секогаш кога соработувам со менторот Зоран Кардула ми претставува огромна чест и задоволство. Најдобрите совети во мојата кариера ги имам добиено од него. Секоја негова повратна информација е конструктивна и помага за реализирање на успешно креативно решение.


Маринела Миланова:
Менторот ми овозможи сосема поразлична перспектива од вообичаенитата која ја носев со себе. Со големо задоволство работев на дадениот проект од ментор Зоран Кардула.


Христина Ѓорѓиевска:
Кардула одлично ја врши својата работа, дава одлични совети за почетници со илустрација и гради солидна основа кај студентите којашто има потенцијал да се надоградува. 


Ана Стојанова:

Со менторот Кардула, имав одлична соработка! Начинот на којшто предаваше беше јасен и разбирлив и ми помогна многу брзо да ги совладам сите алатки на Illustrator. Неговата поддршка ми помогна да ги реализирам сите свои идеи.

 

Автопортрет –Христина Ѓорѓиевска

 

Биди дел од „Скала“, фати ран уписен рок до 15-ти мај и заштеди 500 евра!

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: