Разговараме со нашите студентки: Теона Милева, Маја Петревска и Елена Петковска студенти на Академијата за UX/UI+ дизајн, за нивните семестрални проекти по предметот „Графички елементи“ под менторство на Дејан Џолев.
Студентите имаа задача да креираат визуелен идентитет и хоум-пејџ за веб страна на тема „медицинско или рекретивно користење на марихуана“.
Разговараме за самата идеја, процесот на изработка, нивното влијание и искуството со менторот низ академските часови, студентите ни открија интересни и уникатни детали. Секој од студентите имаше задача да развие визуелен идентитет за лендинг-пејџ, на тема: медицинска или рекреативна употреба на канабис.
★
Се одлучив за оваа идеја/стил поради…
Теона Милева:
Пред се, бев инспирирана од самата природа, може и да се забележи во мојот pattern на самите ризли, исто како и боите на колор палетата. Користејќи таканаречени “природни” елементи, сакав да доловам некое чувство на симплистичност, но сепак модерност/ trendy feel.
Маја Петревска:
Поттикната од моментите на бидување alone, together во Lost in Translation на Sofia Coppola го развивав бренд идентитетот на начин на кој ќе биде отелотворена идејата за само-рефлексија, истакнувајќи ја потребата за согледување на уметноста на бавното бидување. Оваа идеја може да се види во самото лого на брендот, во репетитивните елементи на образецот (мекост/ранливост/избледување на границите помеѓу елементите) како и во самиот landing page.
Елена Петковска:
Се одлучив за оваа идеја бидејќи стануваше збор за креирање на бренд идентитет на тема на којашто дотогаш немав работено. Уште повеќе, главната задача на проектот беше да се понуди не само визуелно решение, туку и на вистински начин да се пренесе чувството коешто го нуди продуктот. Ова беше доволен предизвик за да се почне со работа.
Дополнително, како UX/UI дизајнер кој што сака да се насочи кон Продукт Дизајн, работата на еден ваков проект кадешто треба да се креира бренд идентитет, а потоа и лендинг-пејџ, за мене претставуваше едно навистина вредно искуство.
Проект: Nuage (french term for “cloud”), Маја Петревска
★
При процесот на дизајнирање се соочив со…
Теона Милева:
Многу обиди и се разбира грешки – trial and error. Од барање на соодветен mock up, што би одговарал на мојот проект, до неодлучност поради креирање на премногу верзии на patterns и колор палети. Сфатив всушност колку внимание и посветеност се бара за креирање на еден функционален, а и се разбира естетски бренд.
Маја Петревска:
Важноста на интердисциплинарното истражување и реферирање кое го рефлектира мојот личен сензибилитет и резултира со автентичен бренд идентитет кој е конзистентен во својот израз. Паралелно, следејќи ја методологијата на менторот Џолев, реферирав и со наративната атмосферичност на филмовите на Tarkovsky, чувството, атмосферата и палетата во филмовите на Sofia Coppola, прелевањето и мекоста на делата на Joan Miro и Claude Monet, делата и мислата на Yves Klein како и сонливоста но и егзистенцијалноста на shoegaze звуците на NewDad.
Елена Петковска:
Како при работа на секој друг проект, и овде заземав холистички пристап за да креирам проект кој ќе има значење и поврзаност со сѐ останато кое го имам научено и го работам. Барајќи критичко размислување, ова е секогаш најтешкиот предизвик при работата, меѓутоа и највреден елемент од истата.
Проектот беше доволно обемен за да применам сѐ од досега наученото: најпрво, знаењето од часовите по ликовни елементи и принципи и Photoshop кај менторот Џолев, па сѐ до Illustrator кај менторот Кардула, часовите по Типографија кај менторот Влатко и секако, научените принципи од UX/UI и Веб Дизајн кај менторите Стефан и Игор.
Проект: EquilibriaMeds,Елена Петковска
Погледнете Live Demo од финалниот проект на следниот линк: https://bit.ly/4aq9eN3
★
За соработката при процесот, за менторот Дејан Џолев…
Теона Милева:
Со помош на менторот Џолев и неговото комбинирање на дигиталното со традиционалното, можам да кажам дека ми отвори нови начини на размислување како и изразување на моите идеи. Гледајќи ги неговите примери, како и начинот на кој менторот нѐ поттикнуваше да размислуваме (out of the box), ме инспирираше да создадам нешто што не само естетски би изгледало добро, туку и со кое јас би се гордеела.
Маја Петревска:
Многу ми се допадна методологијата на менторот и експерименталниот пристап при развој на самиот проект. Начинот на кој менторот Џолев комбинираше аналогни техники на скицирање додека истовремено го поттикнуваше истакнувањето на нашиот личен сензибилитет создаде атмосфера во која се чувствував удобно да експериментирам со различните начини на изразување на една идеја. Во процесот тргнавме од идентификување на асоцијативно чувство а завршивме со успешно преведување на тоа чувство во бренд идентитет.
Елена Петковска:
Најмногу ми се допадна, а воедно и најмногу ми помогна пренесеното знаење од страна на менторот во однос на тоа од кои сѐ елементи се состои еден бренд идентитет, односно, дека едно бренд решение содржи многу повеќе од само визуелниот дел.
Уште повеќе од помош беше тоа што секој час работевме на одреден чекор, детално анализирајќи и дискутирајќи ги, а следејќи ги сите овие чекори, неизбежно е дека ќе се креира квалитетно финално решение. Ова е принцип на работа којшто го научив и продолжив да го применувам и во идните проекти.
Проект: Cannabo – компанија за ризли, Теона Милева
★
Роденденски попуст до 20 МАЈ ! Студирај за само 4.100 ден. масечно – Резервирај место!
★