Skip to content
професионална соработка меѓу студентите на скала академија за моден дизајн

Студентите на „Скала“ – професионални соработници во креативните индустрии!

Вмрежувањето меѓу студентите на „Скала“ е повеќе од учење – тоа е клуч за професионален развој, заеднички соработки, работа на реални проекти, размена на идеи и заемна поддршка што им помага во градењето успешни кариери.

 

Модната дизајнерка Мирјана Јосифоска, алумни на Академијата за моден дизајн на „Скала“, е основачка на првиот македонски бренд за шапки „Мирјана Јосифоска“. Практиканти кај Мирјана се студентите Зуле Коцева од Академијата за моден дизајн и Трајче Стојанов од Академијата за графички дизајн. Фотографиите за нејзината нова колекција пак, ги направи Тео Костовски, студент на Академијата за фотографија.

 

Во овој текст разговараме со Мирјана, Тео, Трајче и Зуле кои ги споделија своите импресии и истакнаа колку е значајна меѓусебната соработка на студентите за нивните кариери!

 

професионална соработка меѓу студентите на скала академија за моден дизајн

 

Студентка на Академијата за моден дизајн на „Скала“ – сопственичка на првиот македонски дизајнерски бренд за шапки

 

Брендот „Мирјана Јосифоска“ е првиот македонски дизајнерски бренд за шапки. Сопственичката Мирјана, алумни-студентка на Академијата за моден дизајн на „Скала“, ни раскажа дека внимателно го следи пазарот и врз основа на повратните информации од клиентите, постојано го подобрува дизајнот и прави промени на постојните производи за да одговараат на очекувањата на клиентите.

 

Производството е одржливо дизајнирано и етички произведено во Тетово – град со долга текстилна традиција. Посветуваме големо внимание на квалитетната изработка и на storytelling, преку коишто нашите клиенти можат длабоко да се поврзат со секој производ. Нашите производи коишто се инспирирани од класичната женска убавина, не се само стилски и еколошки, туку и носат приказни коишто оставаат траен впечаток – вели Мирјана.

 

 

Групите на некои академии веќе се полни. Закажи
СРЕДБА и фати последно место! 

 

 

Студент на Академијата за фотографија на „Скала“ – фотограф на новата колекција шапки на „Мирјана Јосифоска“

 

Неодамна, Мирјана ја издаде својата нова колекција шапки наречена „Two Women“ којашто е инспирирана од безвременската убавина и стил на француските икони од 60-тите години, Брижит Бардо и Кетрин Денев.

 

Фотограф на новата колекција на „Мирјана Јосифоска“ е Тео Костовски, студент на Академијата за фотографија на „Скала“. Соработката на колекцијата „Two Women“ претставува негов прв моден едиторијал и според Тео, овој проект најуспешно го одразува она што го учел за време на Академијата за фотографија и ја покажува неговата подготвеност за сите предизвици во однос на работата како фотограф.

 

Преку модниот едиторијал за новата колекција на Мирјана Јосифоска, успеав да ги истакнам моите фотографски способности, а воедно и го збогатив моето портфолио со еден извонреден сет и продукт – вели Тео.

 

професионална соработка меѓу студентите на скала академија за моден дизајн

 

Тој додава дека, иако со Мирјана го делат истиот роден град, пресреќен е што „Скала“ ги споила за оваа соработка. 

 

Соработката со Тео беше исклучително пријатна. Тој успеа да ја долови емоцијата и инспирацијата зад новата колекција преку своите фотографии и навистина сум многу задоволна од резултатот! – изјави Мирјана.

 

Инаку, колекцијата е снимена на кањонот Матка и е ода на двојноста на женственоста каде што младешкиот, разигран дух на Бардо е балансиран со софистицираната елеганција на Денев.

 

Колекцијата ги комбинира пастелните нијанси и кежуал дизајните со потемни, рафинирани креации коишто го носат контрастот на секоја жена – од игривост до зрелост, од светло до темно – вели Мирјана.

 

Погледни ја новата колекција на Мирјана Јосифоска и модниот едиторијал на Тео Костовски!  

моден едиторијал тео костовски мирјана јосифовска скала академија за фотографија академија за моден дизајн

 

 

Шминка: Викторија Гиноска
Фризура: Димитар Илиевски
Модел 1: Надја Миланова
Модел 2: Ива Чекарова (Моделс Ин)

 

 

Студенти на Академиите за графички дизајн и моден дизајн на „Скала“ – практиканти кај Мирјана Јосифоска

 

Зуле Коцева од Академијата за моден дизајн и Трајче Стојанов од Академијата за графички дизајн се практиканти кај Мирјана Јосифоска. Според Мирјана, соработката со други алумни-студенти од „Скала“ е од особена важност, особено во визуелните и креативни индустрии.

 

Кога работиш на проекти како фотографија или моден дизајн, важно е да се поврзеш со луѓе кои го разбираат процесот и делат слична креативна визија. Вмрежувањето меѓу студентите отвора многу можности за вистински соработки и е одличен начин да учиме едни од други и да си помагаме во градењето на кариерите – вели Мирјана.

 

професионална соработка меѓу студентите на скала академија за моден дизајн

 

Иако праксата трае само 3 месеци, Трајче ни раскажа дека е многу благодарен за сè што научил за време на праксата и за тоа што сфатил како се одвива соработката, процесот, комуникацијата и темпото во една фирма.

 

Како графички дизајнер, мојата задача е да ја водам целата графичка слика претставена на социјалните медиуми. Соработката ни е онлајн (remote), со тоа што најпрвин се слушаме за задачата што е наменета за тој ден, а потоа во текот на работното време, имаме повторно дискусии за самите творби – вели Трајче.

 

Погледни ги дизајните на Трајче Стојанов за новата колекција на Мирјана Јосифоска!  

 

 

Тој додава дека најинтересно од праксата е слободата којашто ја има во креативното изразување.

 

Зуле ни раскажа дека за време на праксата кај Мирјана Јосифоска, нејзините примарни задачи вклучуваат изработка на технички цртежи, истражување на модни стилови низ историјата и анализа на брендови. Работејќи со Мирјана, таа има можност да биде дел од процесот на креирање и да го следи целиот креативен процес – од идеја до финален производ.

 

професионална соработка меѓу студентите на скала академија за моден дизајн

 

Соработката со Мирјана има големо значење за моето професионално искуство и портфолио. Од неа учам техники и тајни од занаетот коишто се незаменливи. Ова искуство ми овозможува да ги изострам вештините и да создадам професионално портфолио коешто ќе ми помогне во понатамошната кариера – вели Зуле.

 

 

Уписите за новата учебна 2024/25 година се во тек!
Закажи
СРЕДБА! ♡

 

 

 

Академијата за моден дизајн на „Скала“ има значајна улога во развојот на Мирјана како дизајнерка и основачка на свој бренд

 

Покрај вмрежувањето, Мирјана ни раскажа дека „Скала“ одиграла значајна улога во нејзиниот развој како дизајнерка и основачка на свој бренд. Преку Академијата за моден дизајн, таа стекнала технички вештини за дизајнирање и шиење, како и целосно разбирање на процесот на создавање моден производ – од идеја до финален производ.

 

Најважниот аспект од Академијата за моден дизајн на „Скала“ беа менторствата коишто ги добив! Во текот на процесот, запознав ментори од кои научив многу, не само за техничките аспекти на модната индустрија, туку и вредни животни лекции коишто ми помогнаа во личниот и професионалниот развој. Ова искуство ме научи како да го водам мојот бренд и да се справувам со предизвиците на патот! – вели Мирјана. 

 

 

Стипендистите те повикуваат на стипендии!

На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“. Аплицирај за стипендија на следиот линк!


 

 

Другарски совет до сите идни студенти на Академијата за моден дизајн на „Скала“

 

Советот на Мирјана до сите идни студенти е да ја искористат секоја можност којашто ја нуди Академијата!

 

Бидете љубопитни, не плашете се да поставувате прашања и експериментирајте со вашите идеи. Учете го занаетот – тоа е многу важно, но исто така, посветеноста и дисциплината се вистинскиот пат за успех. Академијата ќе ви даде основа, но вие сте тие кои треба да ја искористите на свој начин – бидете упорни и верувајте во својата креативност! – вели Мирјана.

 

Зуле ги советува студентите да го искористат времето во „Скала“ за да експериментираат и да го пронајдат својот уникатен стил.

 

Не плашете се од грешки, бидејќи тие се дел од процесот на учење. Направете ја секоја задача со страст и посветеност – тоа ќе ве однесе чекор подалеку! – вели Зуле. 

 

Тео пак, ги советува идните студенти да работат константно и да не се плашат од конкуренција.

 

Мојот најголем развој го постигнав заедно со моите колеги кои на пазарот често се сметаат за конкуренција. Но, во „Скала“ ние бевме едно тело, си помагавме, учевме заедно (па дури и од заедничките грешки) и се поддржувавме за да ги постигнеме сите наши зацртани цели! – вели Тео.

 

Активностите од новата колекција на Мирјана Јосифоска се финансирани во рамки на проектот „Зелени Идеи“ кој го спроведува „АРНО“ со поддршка од Фондот на Браќата Рокфелер(Rockefellers Brothers Fund).

 

Стипендистите те повикуваат на стипендии! 

На последниот повик за стипендии, „Скала“ ќе додели вкупно 22 стипендии за учебната 2024/25 година и дополнителни 33 ваучери со попуст за упис на aкадемиите во „Скала“. Аплицирај на следиот линк!

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: