Skip to content
повик за стипендии скала

Повик за стипендии во Скала: твојата желба може да биде кариера

Дали понекогаш чувствуваш дека можеш повеќе од тоа што моментално го правиш? Дека твојата страст кон дизајн, маркетинг, технологии не треба да остане само хоби? Скала повторно го отвора повикот за стипендии за академската 2025/26 година – и можеби токму ова е моментот што го чекаше.

 

Што вклучува повикот?

Оваа година, на располагање се:

  • 14 стипендии со 50% намалување на школарината
  • 28 ваучери со попуст од 15% до 25%

Повикот е отворен за сите ентузијасти што сакаат да се образуваат и изградат кариера во креативната индустрија, без разлика дали веќе имаат искуство или имаат желба за преквалификација.

„Најголемо изненадување ми беше интервјуто, мислев дека ќе биде формално, а всушност беше како разговор со луѓе што веруваат во мојата визија.“– изјави Стефан, стипендист на Академијата за видеографија и анимација, денес вработен како видеограф во „Пиксел – маркетинг агенција“.

 

Аплицирај за стипендија!

 

 

Две категории, една цел – твој развој

 

Секој кандидат се пријавува во една од двете категории:

  1. Кандидати со претходно искуство во областа – лица кои веќе работеле или учеле и сакаат доквалификација.
  2. Кандидати без претходно искуство – лица кои сакаат преквалификација и почеток од нула во нова професија.

Независно од категоријата, сите пријавени ќе бидат поканети на кратко интервју со координаторите и дел од менторскиот тим. Овој разговор не е тест, туку пријателска можност да се запознаеме подобро – со твојата мотивација, потенцијал и интереси.

„На интервјуто не ми бараа совршени одговори, бараа искреност. Не беше важно што сè уште не знам, туку што сакам да научам“. – изјави Зорица, стипендистка на Академијата за Ентериер и продукт дизајн, денес архитект во архитекстонско биро. 

 

реални-проекти-академија-за-ентериер-и-продукт-дизајн-скала-академии

Избери ја академијата што ќе го промени твојот живот

 

Повикот за стипендии важи за следните академии:

Наставните програми во Скала се внимателно конципирани за да понудат целосна едукација, но и реална подготовка за вклучување во индустријата. Секој студент низ годината работи на свое портфолио, кое на крајот јавно го презентира пред професионалци од компаниите – прва вистинска можност за пракса или вработување.

„Стипендијата ми помогна да го следам својот сон“. – изјави Александар, стипендист на Академијата за графички дизајн, денес тим-лидер во компанијата „X Gate“.

 

Аплицирај тука!

 

александар стевананџија-скала-џолев-академија-за-графички-дизајн

 

Скала не е само училиште. Скала е заедница.

 

Веќе над 13 години, Скала создава генерации креативци кои денес работат во компании, студија и институции низ цела Македонија и пошироко. Но, она што ја прави оваа заедница посебна не е само знаењето – туку чувството дека не си сам(а) на овој пат.

„Од првиот ден се чувствував како дома. Не беше важно дали сум почетник или професионалец – важно беше дека сум мотивирана. Скала ми даде простор да учам, но и да бидам своја.“ – изјави Александра, стипендистка на Академија за UX/UI дизајн, денес дел од тимот на „Тhe Better Creative“, агенција за дизајн.

 

Не ја пропуштај шансата

 

Ако си на пресвртница, ако сакаш повеќе од своето образование, ако бараш нов почеток или вистинска насока – ова е моментот да аплицираш.

„Во Скала ми посветија време и внимание, токму тоа ми ја даде храброста да го следам својот кариерен пат“. – изјави Стефани, стипендистка на Академијата за дигитален маркетинг, дел од маркетинг и ПР тимот на MIKROSAM

 

Аплицирај веднаш!

 

стипендистите повикауваат-на -стипендии-скала

Стипендијата не е само попуст.

 

Таа е почеток на твојата приказна!
Време е да направиш чекор. Ќе бидеме тука да те поддржиме на секоја скала од патот.

Навистина сум среќна дека успеав со помош на Академијата да направам преквалификација и да го работам тоа што од секогаш сум го посакувала!“ –  изјави Теа, стипендистка на Академијата за моден дизајн, денес дел од тимот „Stylitics“ компанија од Њујорк која нуди визуелни решенија за продажба на модни парчиња.

 

 

Аплицирај за стипендија!

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: