Skip to content
џолев скала

Серија поткасти: За дизајнерските работи, со Дејан Џолев

„За дизајнерските работи“ е серија во која Дејан Џолев, основач и CEO на Скала, со 20+ години искуство во креативните индустрии, отворено зборува за сè што треба да знаеш за да станеш и да се развиваш како дизајнер.

 

ЕПИЗОДА 4: Физичка или Он-лајн академија? Во оваа епизода зборуваме за една од најактуелните теми денес – физичко или онлајн образование, но и ќе поставиме едно многу подлабоко прашање: дали сме навистина подготвени за промена и за вложување во сопствениот развој.

 

 

ЕПИЗОДА 3: 5 критериуми за успешно интервју за работа во креативните индустрии. Во оваа епизода откриваме кои се 5-те клучни критериуми според кои компаниите од креативните индустрии одлучуваат дали ќе те вработат. Без разлика дали си графички дизајнер, фотограф, видеограф или дигитален маркетер, овие вредности се она што регрутерите и менаџерите навистина го бараат – многу повеќе од диплома или сертификат.

 

 

 

Аплицирај за стипендија во Скала!

 

Поразговаравме со Марија Николиќ од Куманово – стипендистка на Академијата за дигитален маркетинг. Таа својата креативност ја изразува на повеќе начини, од готвење до разни креативни активности во секојдневието. Ја прашавме како си помина на интервјуто за стипендии.

Марија Н.: „На интервјуто за стипендии си поминав многу пријатно, со многу нови и интересни сознанија за дигиталниот маркетинг и целата маркетинг мрежа која е неопходна во секоја компанија.“

 

Своето искуство ни го сподели и Маринела Блажеска, стипендистка на Академијата за фотографија, дипломиран економист во областа на е-бизнис, која има намера да започне кариера во креативните индустрии.

Маринела: „Интервјуто го доживеав како пријатно и инспиративно искуство. Имав можност искрено да ја споделам мојата приказна, страста кон фотографијата и визијата за мојот идeн развој. Се чувствував прифатено и мотивирано, а тоа дополнително ме охрабри дека сум на вистинскиот пат.“

 

Што вклучува повикот?

На овој повик, на располагање се:

  • 12 стипендии со 50% намалување на школарината
  • 12 ваучери со попуст од 15% до 25%

Повикот е отворен за сите ентузијасти што сакаат да се образуваат и изградат кариера во креативната индустрија, без разлика дали веќе имаат искуство или имаат желба за преквалификација.

 

Аплицирај за стипендија тука!

 

ЕПИЗОДА 2: 5 можности за кариера како графички дизајнер. Во оваа епизода зборуваме на темата: Каде работи графичкиот дизајнер? Односно – како изгледа индустријата одвнатре, каде е твоето место во неа и кои се можностите за развој.

 

ЕПИЗОДА 1: 6 тајни што никој не ти ги кажуваза да станеш графички дизајнер. Во првата епизода зборуваме за „што е дизајн?“ и што навистина треба да знаеш за да станеш графички дизајнер.

 

Аплицирај за стипендија во Скала!

 

 

Слично позитивно искуство имаше и Мелани Марјановиќ од Скопје – стипендистка на Академијата за моден дизајн.

Мелани: „Атмосферата беше преопуштена и спонтана. Разговорот течеше одлично и чувствував дека можам слободно да ги споделам своите идеи и визии.“

 

Своите впечатоци ги сподели и Марија Перчинковска, стипендистка на Академијата за видео продукција, анимација и нови дигитални медиуми:

Марија П.: „Средбата ги задоволи сите мои стандарди за тоа како треба да изгледа интервју од овој тип. Разговорот беше пријатен и се споделија важни информации. Најважно од сè, темите помогнаа да се расчисти сликата за мојот кариерен пат, по што бев подготвена за нова одлука.“

Инспирацијата, како што вели, ја наоѓа во напуштени простори и изгубени предмети, во маалските улици на Скопје низ кои шета со точак, во својот дневник што ѝ носи јасност и организираност.

 

Пријави се и започни кариера во креативните индустрии!

 

Што вклучува повикот?

На овој повик, на располагање се:

  • 12 стипендии со 50% намалување на школарината
  • 12 ваучери со попуст од 15% до 25%

Повикот е отворен за сите ентузијасти што сакаат да се образуваат и изградат кариера во креативната индустрија, без разлика дали веќе имаат искуство или имаат желба за преквалификација.

 

Аплицирај за стипендија тука!

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: