Време е да го направите најважниот чекор кон вашата кариера во дизајнот. Те очекуваме во Скала на традиционалниот „Design + Cocktails“.
На 12-ти Септември, ви нудиме можност да ги откриете тајните на успехот директно од врвните професионалци во индустријата и универзитетски професори, сите ментори во Скала.
Пријавувањето е бесплатно – само регистрирајте се на следниов линк: Регистрација.
Во релаксирана атмосфера, со коктел по избор, ќе имате шанса да ги запознаете вашите идни ментори и колеги, и да дознаете како можностите во Скала ќе ви помогнат да растете и да се развивате, како во текот на студиите, така и по нивното завршување.
Овој настан е повеќе од обични „отворени денови“. Тоа е вашата шанса да ја почувствувате вистинската енергија на Скала – место каде што креативноста, иновацијата и страста се спојуваат за да создадат нешто исклучително. Запознајте ги луѓето кои ќе бидат дел од вашата креативна иднина, поставете прашања, споделете идеи, и дознајте како можете да го искористите вашиот потенцијал до максимум.
Ако сонувате за кариера во дизајнот или едноставно сакате да се втурнете во креативните води, ова е настанот кој не треба да го пропуштите!
Коктел и знаење за секој, додека првите 50 пријавени ќе добијат и специјално изненадување!
Што да очекувате?
Разговараме за Академиите за дизајн:
- Графички дизајн;
- Ентериер дизајн;
- Моден дизајн;
- UX/UI+ дизајн;
- Визуелни уметности (мултимедија);
- Фотографија;
— —
Агенда:
- 18:00ч. – 18:15ч.
Се сместуваме удобно и порачуваме коктел по избор. - 18:15ч. – 19:15ч.
Отворена дискусија и размена на лични искуства со дел од менторите. - 19:15ч. – 20:00ч.
Неформално дружење помеѓу гостите, менторите и тимот на Скала.
—
Распоред:
► 12 Септември / 18:00ч. – 19:30ч.
▷▷ Академии за: Графички дизајн / Визуелни уметности [видеографија + моушн дизајн + анимација] / Ux/Ui дизајн / Фотографија
• Зоран Кардула // [Popstar] Илустратор и Графички дизајнер;
• Дејан Џолев // Визуелен артист и Основач на Skala School;
• Гоце Кралевски // Филмски продуцент и Филмски монтажер / DNF Films
• Стефан Стојковски // UX/UI дизајнер.
▷▷ Академија за Моден дизајн
• Никола Булевски Буле // Универзитетски професор и Специјалист за конструкција на облека „Bella”;
• Ирина Тошева // Модна дизајнерка „Ирина Тошева“;
▷▷ Академија за Ентериер и продукт дизајн
• Илија Паунков // Ентериер дизајнер / BH Architects;
• Апостол Тноковски // [Popstar] Продукт дизајнер.
Не пропуштајте ја оваа шанса да научите повеќе за својата иднина во дизајнот и да се инспирирате од најдобрите во креативните индустрии.
Пријавувањето е бесплатно – само регистрирајте се на следниов линк: Регистрација.
—
Погледнете ја атмосферата од претходните Отворени денови во Скала!
Ве очекуваме! ♡