Skip to content
панел дискусија-академија за дигитален маркетинг-скала-џолев

Од идеја до вирален тренд -како да изградите креативен mindset? -маркетинг панел дискусија

Неодамна се случи првиот од низа панел-дискусии во организација на „Скала“, овојпат со фокус на тема од областа на  Дигиталниот маркетинг, во соработка со дигиталната маркетинг-агенција „Пиксел“, на тема: „Од идеја до вирален тренд -како да изградите креативен mindset“, одржан во просториите на „Startup Club“ -Скопје.


Настанот беше наменет за сите
кои сакаат да дознаат повеќе за создавањето на содржини на социјалните медиуми, како да ги истражат трендовите, концептот на виралност и стратегиите коишто им помагаат на луѓето да постигнат успех во тоа.

 


На панелдискусијата, говорници беа контенткреаторите: Александра Трпеска позната како @majestic.at лајф стајл блогерка и контент креаторка која повеќе од 10 години создава сдржини на социјалните мрежи која моментално има над 35.000 следбеници на инстаграм и многубројни соработки со брендови и други кретори и Марија Мешкова која има над 1 милион следбеници на инстаграм профилот @ZenfluentMaria а над 2 милиони вкупно преку останатите мрежи како тик-ток и youtubе, на кои создава содржини за иновативни дигитални курсеви за комуникација, дигитални продукти, како и работилници во живо.
Од  другата страна имавме и претставници од индустријата и тоа: Дијана Труниќ-Илиеска која е дел од самите почетоци на e-commerce платформата, дигиталниот мол Ananas.mk, кадешто ја има позицијата Campaign Manager и Владимир Ристевски, креативен директор во full-service агенцијата „Пиксел и ментор на Академијата за дигитален маркетинг во Скала.

Креирањето на содржина за социјалните медиуми е голем предизвик, бидејќи потребите и интересите на публиката постојано се менуваат, па затоа одговоривме на сите клучни прашања низ призмата на примери од двете страни. 

 

Искористи ја можноста да се запишеш на Академијата за Дигитален маркетинг, во ран уписен рок и заштеди 500€. Погледни повеќе на овој линк.


Дискусијата ја започнавме со прашањето
: Што е важно при создавање на содржини и кои се разликите од претходно и денес?

Александра која е веќе 10 години контент-креатор и која започнала како блогерка, ни го објасни нејзиниот процес на создавање на содржини како и промената на форматот преку којшто се пласираат истите со текот на времето. 

Александра за нејзинините почетоци како  креатор на содржини ни сподели…

На почетокот, додека го пишувавме со Дани блогот fashion DNA, беше текст и фотографија и зборувавме на теми од секојдневниот живот, лајфстајл, по падот на читаност на блогот, се префрливме на фотографија и потоа се роди културата на Youtube сè до тоа да дојдеме и на Инстаграм да се постираат видеосодржини, reels. Можам да кажам дека денес од текст и фотографија гледаме 90% видеа, бидејќи луѓето најмногу можат да сочувствуваат со видеоконтент и да ја почувствуваат енергијата. 


Марија Мешкова се надоврза
, споделувајќи ни дека луѓето немаат веќе време и трпение да гледаат содржина повеќе од 3 секунди ако не им е интересна или привлечна, па затоа секое видео мора да има добар hook или јадица за да привлече.

Марија или @ZenfluentMaria, стана вирална во рок од 6-7 месеци со активно пласирање на содржина, па ни сподели дека тоа се должи на добра стратегија и план за создавање и објавување.

Ако сте контенткреатор, најважно е да сте креативни, затоа е битно да си создадете систем, бидејќи не секогаш ќе бидете креативни, а не смеете да си го дозволите тоа.
Накратко, мојот систем беше: една цела недела се посветувам исклучиво на истражување и запишување идеи, втората недела создавам скрипта, додека третата недела снимам видеа, а четвртата недела ги објавувам. Тоа е процес од еден месец за создавање на контент за идниот месец.

 

Дијана напомена дека конзистентноста и мрежата на луѓе кои ги пратат содржините на брендовите се многу битни сегменти. Целта е поврзувањето на луѓето со живоста на брендот и работата на градење на доверба помеѓу луѓето и самиот бренд.

Владимир истакна дека е најбитно да знаеме кому му се обраќаме и преку кои канали тоа го правиме, како и да бидеме автентични во тоа коешто го создаваме.

 

 


Како креираме стратегија за некој бренд…

На прашањето како Пиксел во стратегиите за своите клиенти додава вредности и ги следи трендовите на новите генерации го издвои примерот за кампањата за пензиските друштва којашто ја направи Пиксел, Засади Желба -визија за платформа којашто е наменета да биде на долг рок, има функција да им ги претстави пензиските друштва на младите. Прво, името на кампањата звучно алудира дека засадуваме дрво што е еколошки, додека делот со желба има преносна порака којашто се поврзува со промена и растот на тоа дрво. 

Марија Мешкова ни сподели дека една од најважните и клучни работи е да го имате изградено вашиот идеален клиент, односно од каде доаѓа, колку години има, кои му се интересите за да знаете точно на која публика се обраќате.
Мотивацијата за создавање и за двете креаторки се истрајноста и љубовта кон тоа коешто го правите, истражувањето и комуникацијата со својата заедница се клучни фактори.

За моментот на скалабилноста и стрегијата за тоа кога се користат paid ads,
Владимир истакна дека е најдобро да се користат за брендови и за продажба на продукти и услуги каде што тоа има смисла да се допре до поширока и нова публика, како и тоа дека колаборациите се game changer за скалабилноста.
Додека за добивање на следбеници, органскиот reach и колаборациите се клучни.

Анализата на аналитиките за успешноста на употребените стратегии е 360 маркетинг, вели Дијана.
Битно е кој сегмент од аналитиката е цел на истражување. Потребно е да ја знаете својата публика и содржината којашто таа публика сака да ја гледа без разлика дали вам таа содржина ви се допаѓа или не, како и следење на кој контент достигнува виралност, а кој не.
Целта на Ананас како e-commerce сајт е да ги промени навиките за купување на луѓето на овие простори, најбитно да дојдат и да ги видат производите на сајтот па сè до моментот на check out. Сите најголеми играчи во e-commerce во светот започнуваат со буквата А па така и Ананас, кој има и навивачки слоган кој лесно се асоцира со брендот-  Клик, Бум, Трас“.
Важно е да знаеме кој производ на која публика го продаваме, но и на која мрежа го пласираме- позиционирање на контент во зависност од мрежа и публика.

 


 

 

Продуктивната панелдискусија ја завршивме со неколку заклучоци за сите кои сакаат да влезат во светот на дигиталниот маркетинг и тоа дека треба постојано да се надоградуваме и учиме, затоа и ја создадовме Акдемијата за дигитален маркетинг во соработка со Пиксел која ја има најобемната и добро промислена програма со тим на ментори кои се експерти во областа.


Уписите за новата генерација студенти на Академијата за Дигитален маркетинг е во тек! Погледни повеќе на овој линк.


×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: