Skip to content
Владимир ристевски-интервју-академија за дигитален маркетинг-скала

Новопечени хибрид професии ќе бидат иднината во маркетинг – Владимир Ристевски

Разговараме со Владимир Ристевски, партнер и креативен директор во Пиксел и ментор на најактуелната Академија за дигитален маркетинг во Скала создадена во соработка со Пиксел – full-service агенција.

 

Како за почеток, какво е чувството да сте дел од една нова приказна – првата Академија за дигитален маркетинг како партнерски проект на водечката Школа за дизајн и технологија, Скала и компанијата лидер во областа на дигиталниот маркетинг во Македонија, Пиксел?

Чувството е одлично, возбудливо е како и секогаш кога се започнува нешто ново. За нас дополнителна вредност има фактот што ваквата идеја сме ја имале со години и „ни стоела во фиока“, а сега имаме можност да ја реализираме брзо и квалитетно со феноменалните партнери од Скала.

Тоа се оние моменти кога ќе најдеш луѓе со иста енергија, мисија и визија и кои се на иста бранова должина во иста единица време и едноставно знаеш дека сега и тука ќе направите нешто убаво заедно.

 

Единаесет години постоење на Пиксел и огромна низа на предизвици. Од досегашното искуство, што е покомплексно, работа со клиенти и менаџирање на очекувања или едукација и менаџирање на интерни тимови?

Сѐ е комплексно и сѐ е едноставно во исто време. Едно се енергијата, знаењето и способностите за да дојдеш до определена точка во растот и развитокот на една компанија, сосема друг збир на вештини ти требаат за работење со клиенти, а трет збир на вештини за едукација и менаџирање на интерни тимови. Веројатно рецептот за успех е дека треба паралелно да се работи на сите овие вештини одеднаш.

Предноста на Пиксел е што од сам старт сме повеќе партнери и можевме да се посветиме на повеќе аспекти паралелно без ниеден дел да трпи. Како што растевме и се развиваме јасно беше дека ќе мораме да градиме професионална организација и тимови со менаџери и тим лидери во рамките на различните сектори. 

 За да го оствариме ова, знаевме дека водачите на тимовите треба да ги обучиме за работа со клиенти и управување на проекти, но најмногу и да им ја дадеме довербата дека може да ги решаваат проблемите на нивен начин, но во согласност со културата на компанијата и организациските вредности. И да, едукацијата е можеби најважен дел од сево ова.

 

Искористи ја можноста да се запишеш на Академијата за Дигитален маркетинг, во ран уписен рок и заштеди 500€. Погледни повеќе на овој линк.

 

Кои се најактуелните и најплатените професии поврзани со дигиталниот маркетинг, а кои се оние кои се многу барани, но најмалку присутни на нашиот пазар?

 Сѐ повеќе на површина испливуваат новопечени професии од областа на користење на вештачката интелигенција во дигиталниот маркетинг и би рекол дека овие новопечени хибрид професии ќе бидат иднината на нашата индустрија. Она што мора секој од нас да го разбере е дека не смееме да си дозволиме да влеземе во комфорна зона каде што ќе запреме со учење, бидејќи тоа ќе биде погубно за нас како маркетери. 

Во однос на кои професии се барани, а најмалку присутни кај нас, би рекол „Стратег за SEO“ од проста причина што Македонија е мал пазар и нашиот јазик го зборуваат малку луѓе и нема многу простор некој да работи SEO на тоа ниво за да има потреба од таков вид на професија. 

Во идеален свет, еден Стратег за SEO би требало да се грижи за целокупното техничко функционирање на една голема веб страница која продава услуги/производи во соработка со девелопмент тимот, за корисничкото искуство со UI/UX дизајнерите, за начинот на кој треба да се поттикнат корисниците да ја завршат нарачката во координација со тимот за маркетинг и продажба, за содржината на таа веб страница со копирајтерите, за креативните начини како да се настапи на дигиталните канали во соработка со менаџерите за реклами и за социјални медиуми и конечно за целото функционирање на еко системот на екстерни канали кои треба да носат сообраќај до таа веб страница.

 

Издвојте четири најважни вештини и квалитети што им се потребни на дигиталните маркетери за да успеат на денешниот конкурентен пазар?

Како најважни први би ги издвоил способноста за прилагодливост и учење во од. Мора да учите нови работи, мора да бидете љубопитни, да не се плашите да експериментирате, да учите од грешките, да учите од другите, да слушате мислења од неистомисленици бидејќи не секогаш вашите идеи се најдобри. 

Познавањето на начинот на којшто функционираат адвертајзинг платформите е исто така многу важно за да можете да научите како да креирате соодветна содржина. Стратешко размислувањее последната вештина која ќе  ја развиете со тоа што ќе го креирате целиот бренд наратив во приказна која треба да „вози“ со години, но и со тоа што редовно ќе следите аналитика и ќе влечете заклучоци.

 

Како експерти во областа, дали едукација на тема дигитален маркетинг која би била надополнета со практична примена е клучна или не?

 За да станеш навистина добар во која било област мора да знаеш теорија и мора да пробаш да го примениш тоа што го учиш. Ако научиш теорија, а немаш пракса, нема да ги знаеш предизвиците со кои маркетерите секојдневно реално се соочуваат и со тек на време ќе заборавиш што си учел. 

Ако работиш практично, а немаш добра поткованост во теорија, ќе правиш грешки во чекори и времето што ќе ти треба за да завршиш некоја маркетинг активност ќе ти се дуплира и ќе бидеш неефективен и неефикасен.

 Следствено на тоа – едукативниот процес мора да покрива добра теориска основа со практична примена на реални проекти, што е всушност и концептот на Академијата за дигитален маркетинг на Скала и Пиксел каде што студентите ќе добијат сеопфатен и холистички пристап во нивната наобразба кон специјализирање во полето на дигиталниот маркетинг.

 

Кога започнува академијата и кои се можностите за кариера по нејзиното завршување?

Академијата започнува на 13 мај и ќе понуди навистина опширна и квалитетна програма од полето на дигиталниот маркетинг којашто во комбинација со пракса ќе ги обучи студентите да бидат спремни за предизвиците со кои би се соочиле во секојдневното работење во реалниот свет. 

Тука секако доаѓа и поврзувањето на најдобрите кандидати со потенцијални работодавачи од индустријата коишто се во потрага по квалитетен кадар, а меѓу нив секако е и Пиксел кој многу често дава можности на млади луѓе да ја започнат нивната кариера во нашата компанија, па дури и да напредуваат со полна пареа на високи позиции. 

 

И за крај, кои три совети би ги дале на јуниор дигиталните маркетери кои штотуку го започнуваат своето дигитално патување?

 Постојано да следат трендови, да не се плашат да експериментираат, да бараат и прифаќаат фидбек од пријатели, колеги, соработници, стручни лица од индустријата, да учат нови алатки, да си ги освежуваат знаењата на конференции, обуки и на фестивали. Да не се оптеретуваат со очекувања за брз успех и да не се плашат да прават грешки, бидејќи од грешките се учи најдобро и најефективно, а потоа си доаѓа и успехот.

 

академија-за-дигитален-маркетинг-скала


Уписите за новата генерација студенти на Академијата за Дигитален маркетинг е во тек! Погледни повеќе на овој линк.


×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: