Skip to content
скала-џолев-добро утро креативци

Повеќе од 500 ентузијасти го посетија Патронатот на Скала

Повеќе од 500 ентузијасти за кариерни промени, прогресивни трагачи по актуелните знаења и љубители на нови искуства, забава и нетворкинг, присуствуваа на Патронатот наСкала или популарно „Добро утро креативци“ – Саем за размена на креативни искуства и размисли. 

 

Оваа година, фокусот беше ставен на образованието како главна тема или конкретно, „Искуството како најбрутален учител“, па затоа понудивме и реализиравме по две групи од 8 инспиративни работилници од актуелните случувања во индустриите на новото време, базар по иницијатива на нашите студенти и за крај, конструктивна и богата панел-дискусија за сите џуниорпрофили, на тема:Пораснав и што сега?“.  

Секоја од работилниците беше исполнета со иновативни содржини, внимателно подготвени од експерти во своите области. Темите беа разновидни и ги покриваа најразличните аспекти на дизајн, кариера и маркетинг. Училниците беа полни, а секој учесник имаше можност да се изрази, да научи нови техники и да ги сподели своите мисли и идеи со останатите.



добро утро креативци скала кариера старт-ап крсто златков академија


Крсто Златков кој ја претстави темата: „Од идеја до старт-ап“ (Lean Canvas Model). Учесниците имаа можност да научат како се создава квалитетен бизнисплан и практично да работат на развој на своите бизнисидеи. За оваа работилница се бараше место плус! Додека официјалното пријавување се затвори за неполни 24 часа од нејзината објава, што зборува за прогресивното претприемачко расположение во еко-системот. 

 

 

Додека ентузијастите за личен развој, ја посетија работилницата на Елена Костовска која одржа работилница за оптимизација на LinkedIn профил, наменета за сите оние кои работат на личен брендинг и кариера.

 

добро утро креативци

 

Владимир Ристевски, креативен директор во „Пиксел“ и ментор на Академијата за дигитален маркетинг, ја водеше својата работилница пред исто така, полна училница учесници кои ги дознаа новитетите и тајните на маркетингот и употребата на AI во него. Прекрасно беше да се запознаат различни профили на професионалци, не само маркетери.

 

академија за дигитален маркетинг пиксел скала владимир ристевски

 

академија за дигитален маркетинг пиксел скала владимир ристевски

 

Популарниот илустратор Андреј Павлов, алумни на Скала од Академијата за визуелни уметности, одржа напредна работилницата за графичка илустрација, на тема „визуелна метафора и ситемот 1+1“. 

 

академија за графички дизајн џолев скала андреј павлов добро утро креативци илустратор

 

академија за графички дизајн џолев скала андреј павлов добро утро креативци илустратор

Биди и ти дел од „Скала“ и заедницата којашто поддржува развој и напредок преку најсовремени методи и технологии, аплицирај на отворениот повик за стипендии!

Ентузијастите за веб дизајн ја посетија работилницата на Андреј Стамевски. Учесниците на интерактивен начин научија повеќе за комуникација преку UI/UX-дизајн. Андреј е исто така алумни на Скала, додека денес е ко-основач и креативен директор на Moderm Marketing.

 

андреј стамевски веб дизајн академија скала добро утро креативци фигма

 

Во соседната училница, менторката Јелена Џокиќ одржа работилница за 3D-печатење, при што учесниците имаа можност да ги материјализираат своите идеи.

 

 

Исто така се реализираа и работилниците на фотографот Драги Неделчевски, на тема „автопортрет, селфи, самослик“, а преполно беше и модното атеље со менторките Катерина Тошева и Андријана Павловски на работилницата за мода кадешто учесниците имаа можност да им дадат нов живот на старите парчиња облека преку редизајн и поправка.

 

 

 

 

На крајот од денот, фокусот беше во една просторија, каде што се одржа панелрасправа на тема „Пораснав и што сега?“ или како поднаслов „Искуството како најбрутален учител!“.

Панелот беше модериран од основачот на Скала“, Дејан Џолев, додека учесници беа алумнистуденти на Скала од различни генерации и академии кои денес се професионалци во своите дејности: Андреј Павлов, графички дизајнер во Division, Бојан Матејин, Video Contet Creator воPublicis, Бинаса Дрндар, HR-Business Partner во Inscale“ и Мирјана Јосифовска сопственичка на првиот македонски бренд за шапки.

Зборувавме за најголемиот проблем на секој млад човек во нашата заедница – што по завршување на нашето образование, факултет или академија, како да се вработиш или основаш компанија. Сите препреки и радости споделени од искуствата на нашите алумнистуденти. 

 

добро утро креативци скала дејан џолев

 

Паралелно, во текот на целиот ден, се одржа и базар организиран по иницијатива на нашите тековни студенти од сите академии што зборува за чувството на нивната припадност и желба и тие да придонесат за Скалазаедницата. Нивната креативност беше преточена во низа рачни изработки од различни материјали, медии и комбинирани техники, уметнички дела, накит, дизајнерски артефакти од различен тип. На базарот беа изложени и можеа да се купат дела на: Анастасија Стевковска, Дона Димов, Крсто Глигорјадис, Катерина Симјаноска, Милена Петковска, Моника Стојковска, Огнен Анчевски, Стефани Стојановска, Стефан Божиновски, Стефан Ничевски, Трајче Стојанов, Наташа Латиновска и Нела Стојанова. [повеќе инфо наскоро] ^_^

Покрај учењето и креативното изразување, настанот беше и одлична платформа за запознавање и вмрежување со други креативци. Се создадоа нови пријателства и соработки коишто сигурно ќе продолжат да растат и да се развиваат и по завршувањето на саемот.

 

мелани дигит добро утро креативци

 

Добро утро креативци” беше вистинска прослава на креативноста и иновативноста. Имавме можност да се инспирираме еден од друг, да научиме нови работи и да го збогатиме нашето креативно патување.

Биди и ти дел од „Скала“ и заедницата којашто поддржува развој и напредок преку најсовремени методи и технологии, аплицирај на отворениот повик за стипендии!

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: