Skip to content
Мила Раковиќ академија за дигитален маркетинг скала school

Што треба да прават дигиталните маркетери денес за да бидат подготвени за „утре“?

Во октомври започнува Академијата за дигитален маркетинг на „Скала“ и „Пиксел“, којашто ќе им обезбеди на студентите сеопфатно знаење во полето на дигиталниот маркетинг. 

 

Разговаравме со Мила Раковиќ, Digital Team Lead во маркетингагенцијата „Пиксел“ за дигиталниот маркетинг како најбрзорастечка глобална професија. Мила е една од вкупно 16-те ментори на Академијата. 

 

„Чувствувам голема чест и одговорност да бидам дел од еден нов почеток, со посебна приказна уште од самиот старт“ – вели Мила. 

 

 

Развој на стратегиите за дигитален маркетинг во 2024 година и најновите трендови во индустријата

Од технолошки аспект, работите се менуваа со голема брзина изминатата година, па стратешкиот пристап и неговиот развој во дигиталниот маркетинг станаа неизбежни теми за разговор. Дискутиравме со Мила за стратегиите и најновите трендови во индустријата и ја прашавме за нејзиното искуство како Digital Team Lead во full-service агенцијата „Пиксел“

 

Стратешкиот пристап во моментот се развива во две насоки: персонализирано искуство и интеграција на вештачка интелигенција на секој можен начин, во било која форма. На моменти е вистински предизвик да се следат трендовите поради брзите промени и преминувања – од една работа којашто функционирала добро, во друга работа којашто започнала да се развива во комплетно друга насока – ни објасни Мила.

 

 

Во однос на трендовите, Мила верува дека трендот со видео-содржини којшто е актуелен последните години, ќе биде најмоќната алатка и во иднина, но со поткрепа од вештачката интелигенција.

 

Сигурна сум дека секој од вас ги има забележано рилчињата со необичен почеток и брза транзиција коишто потоа преминуваат во product promotion based комуникација којашто навидум изгледа смешна, но сепак успева да го задржи вниманието и да ја постигне целта преку нашата љубопитност. Да бидеме најреални, што е тоа коешто може да ни го задржи вниманието додека „скроламе“ на телефон, барем 5 секунди, а да не е видео со необичен почеток и добра транзиција? – вели Мила. 

 

Мила Раковиќ академија за дигитален маркетинг скала school

 

Промена на потребите на потрошувачите во дигиталната ера и најдобри практики за адаптирање на маркетинг-стратегиите 

Со брзиот напредок на дигиталната технологија, зголемената достапност на информации и широкиот избор на продукти којшто е достапен со само еден клик, потребите на потрошувачите се менуваат. Тие сега бараат побрзи, поефикасни и персонализирани услуги. 

Како резултат на промената на потребите на потрошувачите, се менуваат и маркетинг- активностите и стратегиите за адаптирање на новите барања и потреби. 

 

Очекувањата на потрошувачите сами по себе постојано еволуираат и стануваат сè покомплексни. Тие не се задоволуваат повеќе со општи, универзални пораки, слогани или објави, туку бараат искуство (CX) приспособено на нивните индивидуални потреби и интереси. Па затоа ние, маркетерите, постојано се обидуваме да креираме уникатно искуство коешто ќе придонесе кон развивање на маркетинг-стратегии коишто комплетно се базираат на анализи од активно следење на потрошувачките навики коишто потоа градат лојалност којашто ни е клучна во целиот процес – изјави Мила.

 

Во тек се уписите на нови студенти за учебната
2024/25 година. 

 

 

Вештачката интелигенција и автоматизацијата ја менуваат улогата на улогата на дигиталните маркетери 

Прашањето за вештачката интелигенција и автоматизацијата во работата, како и промената на улогата на дигиталните маркетери и потребните вештини за успех во дигиталниот маркетинг, е едно од најчесто поставуваните прашања на социјалните мрежи. Има и причина зошто е тоа така. 

 

Успешни маркетери ќе бидат токму оние кои ќе успеат да ги користат овие нови алатки за да создадат поефикасни, покреативни и персонализирани маркетинг-стратегии коишто ќе ги задоволат потребите на модерните потрошувачи – вели Мила.

 

 

Дали секоја кампања мора да стане вирална за да биде успешна?

Според Мила, виралноста во дигиталниот маркетинг е важна, но не е клучен фактор за успех.

 

Виралните содржини придонесуваат до поголема видливост, но не мора да значи дека таа видливост ќе придонесе за зголемување на продажбата, следачите или за некаков долгорочен успех. Успешноста на една дигитална кампања зависи од многу фактори – цели, таргетирање на точна публика, релевантност на порака и способност да се создаде вредност за корисниците. 

 

 

Време е за одлука! Погледни ја Академијата за дигитален маркетинг
на „Скала“ и инвестирај во својата кариера. 

 

 

Академијата за дигитален маркетинг на „Скала“ и „Пиксел“ е поделена на два семестри, секој фокусиран на различни аспекти од дигиталниот маркетинг. 

Во првиот семестар, студентите ќе ги слушаат предметите: Вовед во маркетинг, Бренд менаџмент, Дигитална маркетинг-стратегија, Copywriting, Digital PR, E-mail маркетинг, Content Marketing и Visual Storytelling. 

Во вториот семестар, програмата продолжува со предметите: Google Адвертајзинг, Google Аналитика, CR акаунт менаџмент, Social Media маркетинг и адвертајзинг, AI во дигитален маркетинг, Основи на графички дизајн, Search Engine Optimization, Продажба и Freelance.

 

Очекувањата на Мила за Академијата за дигитален маркетинг се високи и таа верува дека оваа академија има огромен потенцијал да направи значајна промена во кариерниот пат на студентите, обезбедувајќи ги не само со теорија, туку и со практични знаења од реалниот свет. 

 

 

Што треба да прават маркетерите денес за да бидат подготвени за „утре“? 

Неизбежно е да размислиме како ќе изгледа иднината на дигиталниот маркетинг и што маркетерите треба да прават денес за да бидат подготвени за идните промени. Мила препорачува маркетерите да бидат љубопитни и упорни во изучувањето на новите алатки и техники од вештачката интелигенција и да ги следат клучните трендови.

 

Можностите ќе бидат бесконечни, а промените неизбежни. Сите мали бизниси со многу малку вложен труд ќе можат да станат големи, видеосодржините ќе бидат присутни во 90% од вкупните содржини на онлајн-платформите. Иницијативата „Privacy Sandbox“ ќе создаде нови стандарди за онлајн-приватност коишто ќе влијаат на онлајн- рекламирањето, а ќе има и автоматизирање на процеси за коишто сме мислеле дека никогаш не би можеле да ги автоматизираме – вели Мила. 

 

 

Како Академијата за дигитален маркетинг на „Скала“ и „Пиксел“ ќе ги подготви студентите за работа во реалниот свет? 

☆ Веднаш по завршување на Академијата за дигитален маркетинг, студентите ќе бидат подготвени за работа во креативната и технолошка индустрија – во агенции, корпорации и како независни/фриленс маркетери! 

 

Студентите на Академијата ќе научат „помалку“ теорија „by the book“ (тоа ни е основата којашто не можеме да ја скокнеме), а повеќе практична обука од наше досегашно искуство и работење на реални проекти коишто би ги опфатиле сите модули. Развојот на вештини за креативно и стратешко размислување ќе биде нагласено со посебен акцент и истото студентите ќе ги подготви за работа во маркетинг-агенции, корпорации или како независни маркетери – вели Мила. 

 


Менторски совет до сите идни студенти на Академијата за дигитален маркетинг 

 

Мојот совет до студентите е да се фокусираат на: континуирано учење, проактивност, љубопитност, желба за експериментирање, out of box размислување, следење трендови, максимално искористување на можности на AI, отворена комуникација со ментори и секако, уживање и забавување во целиот процес! – вели Мила.

 

 

 

Групите на некои академии на „Скала“ се веќе полни.

Закажи средба и фати последно место!

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: