Skip to content
студенти во скала повикуваан на повик за стипендии

ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ: Провери до каде можеш да стигнеш

Уписите во Скала влегуваат во финалната фаза.

Доколку се уште размислуваш дали да започнеш нешое ново, да смениш професија, да го надградиш тоа што веќе го знаеш или конечно сериозно да ѝ дадеш шанса на својата креативност, ова е последниот повик за стипендии за академската 2026/27 година.

Повикот важи за академиите во Скала, а актуелниот модел предвидува:

  • 10 стипендии со 50% намалување на школарината
  • 25 ваучери од 15% до 30% намалување на школарината

На Академиите за:

 

скала академија за дизајн

 

Еден разговор. Тоа е сè.

Интервјуто за стипендија не е испит.
Нема точни и погрешни одговори.
Сакаме да разбереме што те интересира, што сакаш да создаваш и каде сакаш да стигнеш.
Теона Коларовска, стипендистка од последниот повик за стипендии, вели дека токму тоа ѝ оставило најсилен впечаток:

„Тимот на Скала не бараше само суви одговори, туку искрено се фокусираше на мојата визија, автентичност и страста што ја имам кон фотографијата и создавањето.“

За Клементина Аврамовиќ, книжевник по професија која одлучува да се насочи кон графички дизајн, разговорот бил можност многу поконкретно да ја разбере професијата:

„Детално ми беше објаснето кои кариерни можности ги нуди областа на графичкиот дизајн и кои се елементите што треба да ги совлада еден графички дизајнер.“

А Кристијан Ацевски, кој на 27 години прави професионален пресврт кон графичкиот дизајн, интервјуто го опишува вака:

„Целото интервју го доживеав како еден воведен час. Токму таквиот пристап беше пресуден да се запишам во Скала.“

 

Аплицирај за стипендија!

 

студенти во скала повикуваан на повик за стипендии

 

Не е важно од каде почнуваш. Важно е каде сакаш да одиш.

 

Оваа година меѓу кандидатите има луѓе со сосема различни приказни.
Богдан Попоски има 18 години, веќе креира облека за свој бренд и сака знаењето што го има да го претвори во посериозна професионална основа преку Академијата за моден дизајн.
Неговата мотивација е едноставна:

„Ќе имам можност да го учам тоа што ме прави среќен, да ги усовршам сегашните знаења и да стекнам многу нови.“

Од друга страна, Ана Панајотовиќ се опишува како почетник во модниот дизајн. Уште од мала ја интересираат модата и дизајнот, но сега сака интересот да го претвори во конкретно знаење.

„Сакам да научам многу повеќе за да си ги остварам своите цели.“

И токму во тоа е поентата.
Не постои „правилен“ момент од кој треба да започнеш, но секое одложување значи уште една пропуштена можност да провериш до каде можеш да стигнеш.

 

студенти во скала повикуваан на повик за стипендии

Ова е последниот повик.

 

Дојди и раскажи ни ја твојата приказна!

Направи го првиот чекор.

АПЛИЦИРАЈ ТУКА:

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: