Студирањето во Скала не се состои само од предавања.
Во Скала најважните работи ретко се случуваат само на час. Тие се случуваат додека работиш на проект со колегите, разговараш со менторите, го браниш своето решение пред публика или ја прославуваш добро завршената работа. Затоа една академска година не ја паметиш по бројот на часови, туку по луѓето што ќе ги запознаеш, искуствата што ќе ги стекнеш и професионалецот во кој ќе прераснеш.
Подолу можеш да видиш како изгледа целата учебна година, хронолошки, од октомври до октомври. Од првите предавања и хакатони, преку испитните сесии и студентските настани, па сè до финалните презентации и свеченото доделување на дипломите.
СЕМЕТАР I

➜ Прв учебен ден
Академијата започнува со неформална дружба, запознавање со менторите и генерацијата со која ќе ги поминеш следните месеци. Ќе дознаеш како ќе изгледа наставата, ќе го добиеш календарот на активности и распоредот на часови, а заедно ќе ги поставиме и првите цели за академската година што следува.


➜ Модул 1: Воведни предмети
Во првиот модул ги поставуваш темелите на професијата. Ги изучуваш основните принципи и ги совладуваш првите алатки преку практични вежби и задачи. Воедно, ова е периодот кога генерацијата постепено станува заедница од идни колеги, соработници и пријатели.
➜ Модул 2: Клучни предмети
Откако ќе ги совладаш основите, започнува најважниот дел од наставата. Следува продлабочување на знаењето преку клучните предмети, повеќе практична работа и сè покомплексни проекти. Тука веќе не учиш само како да користиш алатки, туку како да размислуваш и да носиш одлуки како професионалец во својата област.
➜ Хакатон 1: Реален проект за клиент
До овој момент веќе ќе имаш работено на многу практични задачи, но сега доаѓа првиот вистински предизвик. Работиш на реален проект за реален клиент, со конкретен бриф, јасни рокови и финална презентација. А по завршувањето, следуваат награди, дружење, т.е. журка! 🙂


➜ Студентска забава
Неформална дружба на студентите, менторите и тимот на Скала, далеку од училниците и секојдневните обврски. Одлична можност да запознаеш студенти од другите академии, да се вмрежиш, да размениш искуства и да создадеш пријателства што често продолжуваат и по завршувањето на студиите.

➜ Прва испитна сесија
Заборави на класичната слика за испитна сесија. Наместо тестови и учење напамет, овде го презентираш сето она што си го создавал во текот на првиот семестар. До овој момент твоето портфолио веќе е исполнето со проекти, задачи и практична работа. Секој проект го разгледува целиот менторски тим, се отвора дискусија, се анализира процесот и добиваш искрен, аргументиран и конструктивен фидбек од професионалци од различни области.




➜ Распуст + Недела на знаење
За време на распустот организираме специјална Недела на знаење исполнета со гостински предавања, работилници, презентации и инспиративни разговори со професионалци од креативните индустрии. Одморот е важен, но ова е можност да излезеш од секојдневната рутина, да слушнеш нови идеи, да запознаеш интересни луѓе и да започнеш новиот семестар со свежа инспирација.
СЕМЕТАР II

➜ Модул 3: Напредни предмети
Со почетокот на вториот семестар веќе имаш цврста основа и портфолио зад себе. Сега следува надградување на стекнатите знаења преку понапредни техники, професионални процеси и методологии на работа. Проектите стануваат покомплексни, а предизвиците сè поблиски до оние со кои ќе се сретнеш во професионалната кариера.



➜ Хакатон 2: Реален проект за клиент
Вториот хакатон е чекор поблиску до реалната професионална работа. Повторно работиш на проект за вистински клиент, но овој пат со поголема самостојност, поголема одговорност и повисоки очекувања. До овој момент веќе имаш доволно знаење и искуство за да го водиш целиот процес. Од разбирање на брифот, преку развој на решението, до негова финална презентација.
➜ Модул 4: Клучни напредни предмети
Ова е најинтензивниот дел од академијата. Знаењата и вештините што си ги стекнал дотогаш ги поврзуваш во целосен професионален процес, од првата идеја и планирањето, до реализацијата и финалната презентација. Работиш на сериозни и комплексни проекти, со сè поголема самостојност и внимание кон квалитетот на секој детал.



➜ Добро утро креативци!
Еден ден во годината целата креативна заедница на Скала се собира на едно место. Студенти, алумни, ментори, професионалци од индустријата и бројни гости се среќаваат за да разменат искуства. Во текот на денот те очекуваат предавања, работилници, панел-дискусии, изложби, базари, музичка програма и многу неформални разговори од кои често се раѓаат нови соработки, пријателства и професионални можности.



➜ Втора испитна сесија
Последната испитна сесија претставува заокружување на целата академска година. Преку проекти, практични задачи и презентации ќе покажеш колку си напредувал од првиот ден на академијата. Повторно следува анализа и разговор со целиот менторски тим, но овој пат фокусот е насочен кон она што следува – финалното портфолио, завршните презентации и твоите први професионални чекори.
ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА НАСТАВАТА
Иако редовната настава завршува, академската година сè уште не е комплетна. Следува период во кој целото знаење, искуство и проектите што си ги создал ги претвораш во професионално портфолио. Паралелно се подготвуваш за јавните презентации, каде својата работа ќе ја претставиш пред компаниите, партнерите и пошироката публика. За многумина, токму тука започнуваат првите професионални можности.

➜ Модул 5: Подготовка за презентација пред компании
Последниот модул е посветен на она што следува по академијата. Го селектираш и уредуваш своето професионално портфолио, ги доработуваш најдобрите проекти и учиш како јасно и убедливо да ја презентираш сопствената работа. Целта е да бидеш подготвен не само да создаваш квалитетни проекти, туку и со самодоверба да ги претставиш пред публика, компании и потенцијални клиенти.
➜ Презентација пред компании
Проектите ги презентираш пред претставници на компании, студија, агенции и продукциски куќи, со можност директно да се запознаеш со потенцијални работодавци, клиенти и соработници. Токму на овој настан, во изминатите десет години, стотици студенти на Скала ги започнаа своите кариери, преку прво работно место, пракси, нов проект или долгорочна професионална соработка.



➜
➜ Студентка изложба
По една година учење, работа и создавање, доаѓа моментот проектите да излезат пред јавноста. На традиционалната студентска изложба ги претставуваме најдобрите дела создадени во текот на академската година пред семејството, пријателите, компаниите, партнерите и пошироката публика. Тоа е можност да се прослави сработеното, но и уште еднаш да се воспостават нови професионални контакти и соработки.


➜ Доделување дипломи
Академската година завршува онака како што и треба! Со свечено доделување на дипломите и голема студентска прослава. Заедно со студентите, менторите и алумните го одбележуваме сето она што го поминавме во текот на годината: часовите, проектите, предизвиците, новите пријателства и првите професионални успеси. Со дипломата во раце, официјално го заокружуваш образовниот процес и стануваш дел од алумни заедницата на Скала – заедница која продолжува да се расте, поврзува, соработува и по завршувањето на студиите.

➜ Следниот чекор е твој
Сега останува само да го направиш првиот чекор. Во Скала често велиме „Скала по скала“, затоа што веруваме дека секоја професионална кариера започнува со една добра одлука.
Септемвриските уписи се во тек. Закажи бесплатна консултација, посети нè во Скала и заедно ќе ја пронајдеме програмата што најдобро одговара на твоите интереси, амбиции и професионални цели.




























