Skip to content
Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија

Првиот чекор кон кариера во ентериер дизајн

Финалниот проект ги обединува сите знаења и вештини стекнати во текот на двата семестри.

 

Студентите од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација изработија целосен проект за ентериер на стан, кој го презентираа пред своите ментори.

 

Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија


Што се учи во вториот семестар?

Во текот на вториот семестар, студентите учат како една идеја да ја претворат во функционално и визуелно разработено дизајнерско решение.

Програмата опфаќа:

  • Дизајн процес
  • Дизајн на ентериер
  • Дигитално рендерирање (Rhinoceros 3D)
  • Дизајн на плочест материјал (TrunCAD)
  • AI и дигитална интелигенција
  • Кариера и личен развој

Финалниот испит ги поврзува сите овие области, претворајќи ги во еден целосен проект.

 

Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија

Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија


Искуството од испитот на студентите

За искуството разговаравме со Александра Кузмановска, студентка на Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација:

„На испитот ми беше преинтересно, имав супер фидбек од менторите и ми беше вистинско задоволство да ги видам проектите на сите мои колешки.“

И Анастасија Стојкова сподели:

„На испитот си поминав прекрасно! Премногу сум задоволна од коментарите на менторите и се надевам дека и во иднина ќе соработуваме со нив.“

 

Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија

Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија


Од менторската перспектива

Во текот на академијата студентите работат со активни професионалци од индустријата кои секојдневно го пренесуваат своето знаење и искуство.

Апостол Тноковски, ментор по Дизајн процес, ги сподели своите впечатоци од финалниот испит:

„Испитот помина феноменално, се забавувавме и имаше многу интересни идеи. На мојот предмет секој час се работат различни концепти кои студентите ги развиваат според различни принципи на инспирација. Сите студенти го изработија она што беше договорено.“

Тој додава дека академијата е одлична основа за сите што сакаат да се насочат кон продукт дизајнот.

„Секој што сака да се занимава со продукт дизајн, на академијата ќе ги совлада алатките што се користат во оваа област и ќе развие чувство за тоа што значи да се биде продукт дизајнер.“

 

Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија

 

Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија


Порака од студентите до идните Скалаџии

Александра има јасна порака до сите што размислуваат да се запишат:

„Ги охрабрувам сите да се запишат во Скала, бидејќи е едно прекрасно искуство пред сè. Можеш да научиш многу и е една нова врата што ти се отвора за во иднина да можеш да бидеш дизајнер.“

Анастасија додаде:

„Од моето искуство во Скала би препорачала на секој што има идеја и сака да вложува труд во себе да се запише и да го искуси ова, бидејќи има многу дружење, убави настани и позитивна атмосфера во која се учат многу нови работи.“

 

Отворен повик за стипендии во Скала

 

Аплицирај тука!

 

 


Како се формира конечната оцена?

Во Скала, конечниот резултат не зависи само од завршниот испит, туку го вреднува целиот процес на учење во рамки на семестрите и развојот на студентот. Секој ментор доделува поени и за работата во текот на семестарот и за јавниот испитен проект, при што семестарските резултати учествуваат со 40%, а јавниот испит со 60% од вкупната оценка.

Системот на вреднување ги опфаќа сите клучни аспекти на развојот на студентот: креативната идеја и концептот на проектот, техничката изведба и квалитетот на реализацијата, процесот на работа, ангажманот и професионалноста, способноста за аргументација и презентација на проектот, како и континуираниот ангажман преку домашните задачи и редовното присуство на наставата. На овој начин, студентите се поттикнуваат да развиваат не само технички вештини, туку и работни навики, одговорност, комуникациски способности и професионален однос кон сопствената работа.

Овој систем не ја оценува личноста на студентот, туку неговиот напредок, ангажман и подготвеност за следниот чекор во професионалниот развој.

Покрај редовното бодување, студентите можат да добијат и неограничен број дополнителни поени преку активности што придонесуваат за личен развој и развојот на заедницата.

Една од клучните вредности на овој систем е што ги поттикнуваме студентите сами да ги пријавуваат своите лични успеси стекнати за време на студирањето, поврзани со нивната студиска програма, како што се реализирани проекти, професионални соработки, изложби, натпревари, освоени признанија и други достигнувања. Ова е уште една оригиналност на нашиот систем, која ги мотивира студентите да создаваат и надвор од академските задачи.

Дополнителни поени се добиваат и за волонтерски активности, учество во организација на изложби и настани, креативен и технички придонес во проекти, како и за други активности што придонесуваат за развојот на студентската заедница. 

 

Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

 

Што следува по оценувањето?

Врз основа на вкупниот број освоени поени, студентите се стекнуваат со статусите Alpha, Beta и Gamma, како и со неформалниот Elite статус, кој претставува уште еден автентичен пристап кон вреднувањето и мотивацијата на студентите.

Овие статуси не претставуваат само признание за постигнатите резултати, туку служат и како основа за понатамошно вклучување на студентите во активностите на Скала. Во зависност од постигнатиот статус, студентите добиваат можности за јавна презентација на своето портфолио, учество на изложби, презентации и други настани, поврзување со компании и организации од индустријата, како и други форми на професионална афирмација, соработка и развој.

На овој начин, системот на вреднување не завршува со оценувањето само по себе, туку претставува почеток на следната фаза од развојот на студентите.

Elite статусот е дополнително признание, резервирано за студенти кои, покрај високите академски резултати, покажале исклучителна иницијативност, професионалност и придонес кон заедницата на Скала. Тој се формира врз основа на дополнителните поени стекнати преку активности надвор од редовните академски обврски и претставува основа за подлабока интеграција на студентите во работата на Скала, преку различни форми на соработка, асистентски ангажмани, менторство или други професионални можности.

 

Студенти од Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација во Скала за време на финалната испитна сесија


Од студент до дизајнер

Финалниот испит е последната презентација на академијата, но за многумина е почеток на нова фаза во нивниот развој.

Тоа е моментот кога првите идеи стануваат реализирани простори, а учењето се претвора во сопствен дизајнерски израз.

Александра Кузмановска веќе има јасна визија за следниот чекор:

„По академијата планирам да работам како фриленсер, до изложбата и до презентацијата пред компании, а потоа да работам во некоја компанија или да си продолжам со фриленс.“

 

Ако и ти сакаш за една година да научиш како се развива целосен ентериер проект, од концепт, преку 3D визуелизација, до финална презентација, сега е вистинскиот момент да го направиш првиот чекор.

Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Во тек е конкурсот за стипендии во Скала:

  • 6 стипендии со 100% покриена школарина 
  • 12 стипендии со 50% покриена школарина
  • 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

Отворен повик за стипендии во Скала

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:

  1. Кандидати без претходно искуство во областа (преквалификација)
  2. Кандидати со претходно искуство во областа (доквалификација)

Апликациите се отворени.

Искористи ја можноста и аплицирај денес.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: