По една година исполнета со креативни предизвици и нови искуства, студентите ги презентираат проектите на кои работеа во текот на академијата.
На Академиите за фотографија и Video Content Creator во Скала, финалниот испит претставува кулминација на целиот процес на учење, односно момент кога студентите ги презентираат проектите на кои работеа во текот на годината.
Иако проектите беа различни, заедничко за сите студенти беше тоа што испитот претставуваше можност да покажат како размислуваат, создаваат и комуницираат преку визуелни медиуми.

Финален испит на Академијата за Video Content Creation
Во рамки на финалниот испит студентите презентираа кратки играни филмови, музички видеа, видео контент (reels) за социјални медиуми.
Работата на повеќе различни формати им овозможи да експериментираат со различни пристапи и да развиваат сопствен визуелен стил.
„Презадоволна сум од трите проекти коишто ги претставив, беа авторски и се потрудив да оставам свој белег на нив“, вели Елена Иванов, студентка на Академијата за Video Content Creation.

Финалниот испит беше можност и менторите одблиску да го согледаат напредокот што студентите го направија во текот на академијата.
„Видов многу интересна комбинација на личен креативен печат кај секого, еден креативен раст од почетокот на академијата, заклучно со испитот“, сподели Огнен Антов, ментор по Креативна продукција.
Лазар Зафировски, ментор по предметот Креирање на видео содржини, додаде:
„Студентите беа навистина добро подготвени и сигурни во презентацијата на своите проекти. Особено ми се допадна што секој пристапи на свој начин и донесе различна идеја.“
Финален испит на Академијата за фотографија и визуелно креирање
Студентите презентираа проекти од повеќе области на фотографијата, меѓу кои студиска, модна, портрет, концепт, продукт и документарна фотографија, како и кратка видео содржина на одредена тема.
За Ангелина Наумовска, студентка на Академијата за фотографија и визуелно креирање, академијата била можност да истражува различни области на фотографијата и да открие во која насока сака понатаму да се развива.
„Би сакала повеќе да истражувам за продукт фотографија, но исто така да си останам на мојот фаворит, а тоа е модната фотографија.“
Марија Митреска веќе размислува како стекнатото знаење да го претвори во следен личен проект.
„Би сакала да продолжам со фотографија, да работам на свои идеи и да се пронајдам во насоката што најмногу ми одговара.“
Според Драги Неделчевски, ментор по Историја и теорија на фотографија и Документарна фотографија, студентите покажале сериозен напредок во текот на академијата.
„Испитот помина прекрасно! Иако студентите имаа кратко време, беа многу добро подготвени, елаборираа извонредно и сите покажаа голем напредок во работата.“
Како се формира конечната оцена?
Во Скала, конечниот резултат не зависи само од завршниот испит, туку го вреднува целиот процес на учење во рамки на семестрите и развојот на студентот. Секој ментор доделува поени и за работата во текот на семестарот и за јавниот испитен проект, при што семестарските резултати учествуваат со 40%, а јавниот испит со 60% од вкупната оценка.
Системот на вреднување ги опфаќа сите клучни аспекти на развојот на студентот: креативната идеја и концептот на проектот, техничката изведба и квалитетот на реализацијата, процесот на работа, ангажманот и професионалноста, способноста за аргументација и презентација на проектот, како и континуираниот ангажман преку домашните задачи и редовното присуство на наставата. На овој начин, студентите се поттикнуваат да развиваат не само технички вештини, туку и работни навики, одговорност, комуникациски способности и професионален однос кон сопствената работа.

Овој систем не ја оценува личноста на студентот, туку неговиот напредок, ангажман и подготвеност за следниот чекор во професионалниот развој.
Покрај редовното бодување, студентите можат да добијат и неограничен број дополнителни поени преку активности што придонесуваат за личен развој и развојот на заедницата.
Една од клучните вредности на овој систем е што ги поттикнуваме студентите сами да ги пријавуваат своите лични успеси стекнати за време на студирањето, поврзани со нивната студиска програма, како што се реализирани проекти, професионални соработки, изложби, натпревари, освоени признанија и други достигнувања. Ова е уште една оригиналност на нашиот систем, која ги мотивира студентите да создаваат и надвор од академските задачи.
Дополнителни поени се добиваат и за волонтерски активности, учество во организација на изложби и настани, креативен и технички придонес во проекти, како и за други активности што придонесуваат за развојот на студентската заедница.


Што следува по оценувањето?
Врз основа на вкупниот број освоени поени, студентите се стекнуваат со статусите Alpha, Beta и Gamma, како и со неформалниот Elite статус, кој претставува уште еден автентичен пристап кон вреднувањето и мотивацијата на студентите.
Овие статуси не претставуваат само признание за постигнатите резултати, туку служат и како основа за понатамошно вклучување на студентите во активностите на Скала. Во зависност од постигнатиот статус, студентите добиваат можности за јавна презентација на своето портфолио, учество на изложби, презентации и други настани, поврзување со компании и организации од индустријата, како и други форми на професионална афирмација, соработка и развој.
На овој начин, системот на вреднување не завршува со оценувањето само по себе, туку претставува почеток на следната фаза од развојот на студентите.
Elite статусот е дополнително признание, резервирано за студенти кои, покрај високите академски резултати, покажале исклучителна иницијативност, професионалност и придонес кон заедницата на Скала. Тој се формира врз основа на дополнителните поени стекнати преку активности надвор од редовните академски обврски и претставува основа за подлабока интеграција на студентите во работата на Скала, преку различни форми на соработка, асистентски ангажмани, менторство или други професионални можности.

Следен чекор
Студентите ќе ги презентриаат своите портфолија пред компании од индустријата со цел вработување, проекти и пракси.
А ти, доколку размислуваш да се занимаваш со фотографија или Video Content Creation и да изградиш портфолио со кое ќе можеш да се претставиш пред индустријата, сега е вистинскиот момент да го направиш следниот чекор.
„Скала не е само место каде што ќе научите нешто ново, туку ќе ви помогне да ја развиете својата креативност и да ја насочите кон кариера. Ви нуди и можност за стипендирање, искористете ја за да научите повеќе и уште повеќе да се подобрите себеси,“ – вели Огнен Антов.
Ангелина Наумовска е една од студентите што ја искористија оваа можност и своето Скала искуство го започна како стипендистка.
„Стипендијата е одлична можност и супер е да се искористи. И јас аплицирав, а и ти треба да го направиш тој чекор.“

Во тек е конкурсот за стипендии во Скала:
- 6 стипендии со 100% покриена школарина
- 12 стипендии со 50% покриена школарина
- 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:
- Кандидати без претходно искуство во областа (преквалификација)
- Кандидати со претходно искуство во областа (доквалификација)
Апликациите се отворени.
Искористи ја можноста и аплицирај денес.
























