Skip to content
Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Од студенти до професионалци и ментори во модната индустрија

Ретко кое образование може да ја раскаже оваа приказна: четири студентки од различни генерации на Акдемијата за моден дизајн, но ги поврзува сличен пат. 


Едно попладне во Скала.

На кафе и колачи ни дојдоа Кате, Мирјана, Андријана и Марија, кои  припаѓаат на различни генерации, но ги поврзува сличен пат. Прво како студентки, потоа како практиканти, професионалци, основачи на сопствени брендови, асистенти на курсеви и конечно како ментори кои денес работат со новите генерации студенти.

Додека разговаравме за нивните први часови, професионалните предизвици, брендови, работни позиции и проектите на кои работат денес, повторно се потсетивме на нешто што отсекогаш сме го верувале: вистинската вредност на образованието не е само во знаењето што ќе го стекнете, туку и во луѓето што ќе ги запознаете, искуствата што ќе ги споделите и заедницата што ќе ја изградите околу себе.

„Бесценети се дружбите, создавањето нови контакти и размената на искуства кои ги стекнав во Скала“, вели Катерина Тошева.


Речиси сите нивни приказни имаат една заедничка точка. Никој не зборуваше само за предмети, оценки или проекти. Повеќе зборуваа за луѓето што ги сретнале, разговорите што ги воделе и можностите што се отвориле подоцна.

За Андријана Павловски, токму тие искуства помогнале знаењето постепено да се претвори во самодоверба.

„Скала не ми даде само вештини, туку и начин на размислување, професионален пристап и самодоверба да ги следам сопствените цели.“

 

Катерина Тошева

skala-akademija-za-moden-dizajn-alumni-mentori

Катерина Тошева алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Катерина Тошева алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.


Катерина кога дојде во Скала, зад себе веќе имаше повеќе од една деценија искуство во модната индустрија. Сепак, академијата за неа претставуваше можност за нова перспектива и навлегување во дигиталните технологии и современите производствени процеси.

По Академијата работи на меѓународни проекти за дигитална визуелизација на облека и соработува со компании од Македонија, Израел, Кина и САД. Паралелно го развива брендот Le-Te, а по пет години работа како ментор на курсевите по кроење и шиење, денес своето искуство го пренесува и на студентите на Академијата за моден дизајн, преку предметот Конструкција и моделирање на облека.

„Менторството за мене е природно продолжение на сè што сум учела и работела низ годините. Верувам дека знаењето и искуството имаат вистинска вредност само кога се споделуваат.
Нема поубаво чувство од тоа несебично да пренесувате знаење, а за возврат да бидете опкружени со млади луѓе кои размислуваат поинаку и ве поттикнуваат и самите да гледате на работите од нов агол.“

 

 

Но кога зборува за своите студентски денови, Катерина најмалку се задржува на предметите, задачите и испитите. Наместо тоа, се присети на атмосферата што ја носи со себе и денес.

„Секогаш кога ќе помислам на тие денови поминати на академијата, чувствувам катче или дом исполнет со дух на креатива и исполнетост.“

 

И по сите години работа во индустријата, Катерина сè уште ја препознава истата креативна енергија што некогаш ја привлекла кон академијата.

 

Мирјана Јосифовска

skala-akademija-za-moden-dizajn-alumni-mentori

Мирјана Јосифовска алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Мирјана Јосифовска алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

 

Мирјана е една од најпрепознатливите млади модни претприемачи од новата генерација македонски дизајнери. Нејзиниот бренд MIJA е првиот македонски бренд специјализиран за дизајнерски шапки и аксесоари за коса. Особено препознатлив е нејзиниот пристап кон одржливиот дизајн.

Паралелно со развојот на брендот, Мирјана соработува со бројни креативци и алумни студенти од различни области, градејќи мрежа на професионални соработки што денес е важен дел од нејзината работа.

„Кога работиш на проекти како фотографија или моден дизајн, важно е да се поврзеш со луѓе кои го разбираат процесот и делат слична креативна визија. Вмрежувањето отвора многу можности за вистински соработки и е одличен начин да учиме едни од други и да си помагаме во градењето на кариерите.“

 

 

За Мирјана, менторството е природно продолжение на искуството што го стекнала низ развојот на сопствениот бренд. Покрај дизајнот, таа секојдневно работи со процеси поврзани со брендирање, комуникација, производство и претприемништво, знаења што денес ги пренесува и на студентите преку предметот Моден бренд и менаџмент.

Кога подоцна разговорот нè врати кон нејзините студентски денови, Мирјана се присети на луѓето што оставиле најголема трага во нејзиниот развој.

„Најважниот аспект од Академијата за моден дизајн беа менторствата што ги добив. Во текот на процесот запознав луѓе од кои научив многу, не само за техничките аспекти на модната индустрија, туку и вредни животни лекции што ми помогнаа во личниот и професионалниот развој.“

 

Денес, како ментор, Мирјана го пренесува истото знаење и поддршка што некогаш ѝ помогнале да го изгради сопствениот професионален пат.

Академија за моден дизајн: од идеја до професија

 

Во јавноста често постои впечаток дека модниот дизајн е исклучиво креативна професија. Но современата модна индустрија бара многу повеќе од добра идеја и талент за цртање.

Денешниот моден дизајнер мора да разбира конструкција на облека, материјали, производство, дигитални алатки, визуелна комуникација, брендирање, маркетинг и претприемништво.

Токму затоа Академијата за моден дизајн во Скала е конципирана како едногодишна програма која ги поврзува сите овие дисциплини во еден практичен процес. Од првата скица до финалниот производ. Од идеја до колекција. Од студентски проект до професионално портфолио.

А можеби најголемата потврда за вредноста на тој процес се токму нашите драги студентки-колешки и пријатели кои денес предаваат на академијата.

 

Андријана Павловски

skala-akademija-za-moden-dizajn-alumni-mentori

Адријана Павловски алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Адријана Павловски алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

 

По завршувањето на Академијата, Андријана го продолжува својот професионален пат директно во индустријата. Праксата во Bella прераснува во работен ангажман, каде што се вклучува во различни модни проекти и производствени процеси, стекнувајќи практично искуство во процесот на изработка на облека.

Истовремено, останува активна и во образовниот процес. Најпрво како асистент, а потоа и како ментор кој денес ги води студентите низ првите чекори во кроењето и шиењето.

„Она што ме мотивираше да останам дел од едукативниот процес беше можноста да го пренесам знаењето понатаму. Сè што сум научила низ пракса и работа, денес има поголема вредност кога можам да го споделам со некој што е на почеток.“

 

 

Кога разговорот нè врати на нејзините студентски денови, Андријана се присети на тоа што очекувала, а што навистина добила од академијата.

„Очекував да научам техника и основи, но добив многу повеќе од тоа. Добив сигурност во работата и јасна насока како да се движам понатаму во индустријата.“

 

Таа јасна насока што ја добила за време на студиите подоцна ја водела кон работа во индустријата, но и кон улогата на ментор.

 

Марија Трајковска

skala-akademija-za-moden-dizajn-alumni-mentori

Марија Трајковска алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Марија Трајковска алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

 

Марија на Академијата дојде со веќе изграден интерес за визуелна комуникација, но токму предметот Дигитална илустрација ѝ отвори нов начин на размислување и ја насочи кон природно спојување на модата со графичкиот дизајн.

По Академијата работи како графички дизајнер во маркетинг агенција, каде што своето знаење од модната илустрација го пренесува во поширок креативен контекст. Паралелно го развива и својот бренд Tangled Threads, препознатлив по рачно изработени плетени чанти, преку кој продолжува да го истражува спојот меѓу дизајнот, текстурата и формата.

По неколку години работа како асистент на курсевите по кроење и шиење, денес своето искуство го пренесува и како ментор на Академијата, преку предметот Дигитална модна илустрација.

„Како асистент многу ми помогна тоа што не бев сама низ процесот и имав слобода постепено да се привикнувам на улогата. Тоа ми беше добра основа за започнување и на менторската позиција.“

 

 

Кога се навраќа на своите студентски денови, Марија најмногу се задржува на почетната љубопитност со која влегла во процесот, без прецизно дефинирани очекувања, што подоцна се покажало како клучно за нејзиниот развој.

„Најпрво сакав да научам да шијам. Немав конкретни очекувања и токму тоа го направи искуството уште подобро.“

 

Таа отвореност кон нови знаења подоцна се покажала како една од најважните причини поради кои денес успешно работи во повеќе креативни области истовремено.

 

Еден круг што продолжува

Додека ги допивавме кафињата, разговорот повторно се враќаше на темите што ги носи секоја генерација студенти: првите часови, стравовите, проектите што изгледале невозможни и првите професионални успеси.

Разликата е што овојпат тие приказни не ги раскажуваа студенти, туку професионалци со изградени кариери, брендови и проекти.

Можеби токму тоа е најубавиот дел од оваа приказна. Не затоа што четири студентки станале ментори, туку затоа што прво станале професионалци, а потоа се вратиле да го споделат своето знаење.

Ако и ти чувствуваш дека модата е повеќе од хоби, можеби оваа приказна е поглед во она што допрва те очекува. Ние ќе бидеме тука да ти помогнеме да го направиш првиот чекор.

 

Можеби токму ти ќе бидеш следната личност која по неколку години ќе седне на истата маса како колега, професионалец и ментор на некоја нова генерација.

 

Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Аплицирај за 100% стипендија!!

 

  • 6 стипендии со 100% намалување на школарината
  • 12 стипендии со 50% намалување на школарината
  • 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

 

Отворен повик за стипендии во Скала

 

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:

 

1. Кандидати без претходно искуство во областа (потреба од преквалификација)
2. Кандидати со претходно искуство во областа
(потреба од доквалификација)

 

Апликација!


Искористи ја шансата пред некој друг да го заземе твоето место.

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: