Skip to content
Студенти од Академијата за дигитален маркетинг во Скала за време на финалната испитна сесија

Финален испит на Академијата за дигитален маркетинг

Финалниот испит е моментот кога студентите почнуваат да размислуваат како професионалци во индустријата.

 

По два семестри исполнети со работа, анализи и стратегии, студентите од Академијата за дигитален маркетинг, стратегија + AI добиваат задача што ги обединува сите знаења стекнати во текот на академијата.

Тоа е целосна маркетинг кампања подготвена како професионална презентација за реален клиент.

Студенти од Академијата за дигитален маркетинг во Скала за време на финалната испитна сесија

Што се учи во вториот семестар?

Во текот на вториот семестар, студентите учат како стратегијата да ја претворат во конкретна кампања. Програмата опфаќа:
  • Social media маркетинг и адвертајзинг
  • Google адвертајзинг
  • Search engine optimization (SEO)
  • Google Аналитика
  • Дигитална маркетинг стратегија
  • Визуелни комуникации
  • AI во дигитален маркетинг
  • Freelance работа и кариерен развој
Финалниот испит ги поврзува сите овие области формирајќи една целина.

Студенти од Академијата за дигитален маркетинг во Скала за време на финалната испитна сесија

Искуството од испитот на студентите

За искуството разговаравме со Марија Николиќ, студентка на Академијата за дигитален маркетинг, стратегија + AI:

„На почетокот имав трема, ама дефинитивно на крајот имав чувство како навистина кампањата да оживеа пред сите.“

Софија Томовска додаде:

„Ми се зголеми самодовербата, сега имам претстава како би можела утре да презентирам пред реални клиенти за една реална кампања.“

За многумина токму ова е најголемата вредност на испитот. Не само да изработат проект, туку да застанат зад своите идеи и да ги презентираат со сигурност.

Студенти од Академијата за дигитален маркетинг во Скала за време на финалната испитна сесија

Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Од перспектива на менторите

Во текот на академијата студентите работат со активни професионалци од маркетинг индустријата.

„На академијата работиме на реални проекти, споделуваме реални искуства од нашето секојдневие коишто ги градат студентите и им даваат различна перцепција за тоа што значи да се биде дел од дигиталниот маркетинг.“ – вели Мила Раковиќ, ментор по Social media маркетинг.

И Владимир Ристевски, ментор по Дигитална маркетинг стратегија, ги сподели своите импресии:

„Тимската игра кај студентите е одлична, многу си се поддржуваат едни со други, а навистина резултатите беа како да се професионални маркетери со долгогодишно работно искуство.“

Студенти од Академијата за дигитален маркетинг во Скала за време на финалната испитна сесија

За студиите на Академијата за дигитален маркетинг

За тоа како поминаа студиите, ни сподели Теа Олевска.

„Заедно со колешките си поминавме супер. Беше интересно и динамично бидејќи работевме на реални проекти, имавме многу дискусии со менторите кои беа многу корисни, а имаше и многу интересни средби после часовите.“

 

„Сите бевме тука поради интересот кон маркетингот, секој носеше различни идеи, ставови и креативност. Преку заедничките вежби и проекти научивме како да размислуваме и работиме како вистински тим, а во меѓувреме создадовме и пријателства што го направија целото искуство уште повредно.“ – вели Софија Томовска.


Повеќе од испит

На крајот од презентацијата студентите не добиваат само повратна информација за проектот.

„Она што многу ми се допаѓа кај студентите е тоа што презентациските вештини им се подобри од пола професионалци што ги знам и коишто се со години во индустријата.“ – вели Владимир Ристевски, ментор по Дигитална маркетинг стратегија.

За многумина ова е моментот кога првпат сфаќаат колку далеку стигнале од почетокот на академијата.

Од личност која сака да научи маркетинг до личност која може да подготви, аргументира и презентира целосна маркетинг кампања.

Студенти од Академијата за дигитален маркетинг во Скала за време на финалната испитна сесија

Порака од студентите до идните Скалаџии

„Сметам дека е важно да доаѓаат со физичко присуство, бидејќи тоа многу повеќе придонесува за развојот преку вежбите што се работат на час. Исто така помалку користење на AI и ослободување на својата креативност.“ – сподели Меланија Димова.

Марија Николиќ додаде:

„Да бидат храбри и да се пријават на стипендиите во Скала, затоа што е преубаво искуство кое носи премногу знаење, а и нови пријателства.“

Од студент до маркетер

Финалниот испит е последната презентација на академијата, но за многумина е почеток на нешто ново.

Тоа е моментот кога знаењето од часовите се претвора во реален проект, а самодовербата стекната низ целиот процес станува подготвеност за работа со клиенти, компании и сопствени идеи.

Ако и ти сакаш за една година да создадеш стратегија, кампања и портфолио со кое ќе можеш да застанеш пред реален клиент, сега е вистинскиот момент да го направиш првиот чекор.

 

Алумни студентки и денешни менторки во Скала раскажуваат за своето искуство, професионален развој и улогата на менторството во нивната кариера.

Во тек е конкурсот за стипендии во Скала:

  • 6 стипендии со 100% покриена школарина
    • 12 стипендии со 50% покриена школарина
    • 24 ваучери со попуст од 20% до 30%

Отворен повик за стипендии во Скала

Кандидатите можат да аплицираат во една од двете категории:

  1. Кандидати без претходно искуство во областа (преквалификација)
  2. Кандидати со претходно искуство во областа (доквалификација)

Апликациите се отворени до 1 јули.

Искористи ја можноста и аплицирај денес.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: