„Долгогодишната соработка со Скала е одличен пример како заеднички може да придонесеме за професионален развој и нови можности за младите дизајнери и маркетери“, вели Јана Марковска – извршен директор и сопственик на full-service маркетинг агенцијата DO:MORE.
Соработката помеѓу Скала и DO:MORE веќе подолго време се развива преку професионален ангажман на студентите, при што изминатите години неколку студенти добија можност за трајно вработување.

Од денес, оваа соработка прераснува во партнерство што ќе отвори простор за нови форми на соработка преку реални проекти за тековните студенти, гостински предавања и поактивно поврзување на студентите со тимот на DO:МORE.
Со Јана Марковска разговаравме за важноста на поврзувањето помеѓу образованието и индустријата и како ваквите партнерства реално влијаат на младите ентузијасти за кариера.

На кој начин оваа соработка може да придонесе за вашата компанија?
„Како и досега, се надевам и понатаму дека Скала ќе биде извор на квалитетни креативци кои ќе станат дел од тимот на DO:MORE.“
Во рамки на агенцијата, студентите имаат можност да се развиваат во области како digital marketing, social media management, graphic design и content creation, а наскоро и video production.
„Досегашното искуство ни покажа одлични резултати – практикантите кои дојдоа од Скала многу брзо станаа дел од тимот и денес се вработени и активно придонесуваат во работата.“
DO:MORE е full-service маркетинг агенција која работи на креативни кампањи, digital marketing, content creation и брендинг решенија, со современ пристап и комуникација што создава реална поврзаност помеѓу брендовите и луѓето.

Зошто е важно поврзувањето помеѓу образованието и индустријата?
„Партнерството помеѓу образованието и компаниите е клучно за создавање кадри подготвени за реалниот пазар на труд. Преку практична работа, менторство и директно вклучување во реални проекти, студентите стекнуваат искуство, а компаниите добиваат можност да препознаат и развиваат нови таленти.“
Што им недостасува на младите кадри денес?
„Радозналост, желба за континуирано учење и одговорност.
Овие вредности се препознаваат кај студентите од Скала.
„Највпечатливо е што кај овие млади луѓе не постојат изразите ‘не знам’ или ‘не можам’ – наместо тоа, тие пристапуваат со љубопитност, проактивност и желба секогаш да најдат решение.“
Во време кога многу компании бараат практично подготвени кадри, ваквите партнерства им овозможуваат на студентите да го добијат тоа искуство уште за време на студирањето, преку реална работа и задачи.
Ако сакаш да учиш преку пракса, современи AI алатки, ментори со повеќедецениско искуство во индустријата, ова е твојот следен чекор.

Закажи инфо средба и дознај повеќе за:
- Академијата за графички дизајн, креативна примена на AI и визуелни комуникации
- Академијата за дигитален маркетинг со практична примена на AI
- Академиjaта за видео продукција и нови дигитални медиуми + AI
- Академијата за фотографија и визуелно креирање
Можеш да закажеш инфо средба со програмскиот координатор на Академиајта
Драга Јана и драги алумни од DO:MORE, ви благодариме за дружбата во Скала. Со задоволство ве очекуваме повторно на ладно кафе, јаготки и нови разговори за следните заеднички проекти и соработки.



