Доколку размислуваш да направиш следен чекор во своето образование и кариера, ова е вистинскиот момент да аплицираш за стипендија!
За да дознаеш што те очекува, разговаравме со минатогодишните стипендисти кои го споделија своето искуство од пријавувањето, интервјуто и студиите во Скала.
Со овој повик добиваш:
- 6 стипендии со 100% намалување на школарината
- 12 стипендии со 50% намалување на школарината
- 24 ваучери со попуст од 20% до 30%
Пријавувањето е отворено за две групи кандидати:
- Кандидати без претходно искуство: лица кои сакаат преквалификација и почеток од нула во нова професија.
- Кандидати со претходно искуство во областа: лица кои веќе работеле или учеле и сакаат доквалификација.

Стипендии се доделуваат за секоја од академиите на Скала:
- Академија за графички дизајн, креативна примена на AI, и визуелни комуникации
- Академија за дигитален маркетинг, стратегија + AI
- Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација
- Академија за видео продукција, нови медиуми + AI
- Академија за фотографија и визуелно креирање
- Академија за моден дизајн
Сите пријавени ќе поминат кратко интервју со тимот на Скала. Тоа е разговор преку кој подобро се запознаваме со твоите интереси, мотивација и насоката во која сакаш да се развиваш.
➜ ➜ Апликацијата е на крајот од текстот.
Импресии на стипендистите од интервјуто

Разговаравме со Теа Олевска, стипендистка на Академијата за дигитален маркетинг, стратегија + AI, за нејзиното искуство.
„Интервјуто воопшто не беше класично. Атмосферата беше сосема опуштена и ми овозможи да се претставам, но и да согледам дали го направив вистинскиот избор за мене. Особено големо внимание беше посветено кон запознавање со маркетинг индустријата и дискусија за најновите трендови.“
Своите импресии ги сподели и Филип Трифуновски, стипендист на Академијата за видео продукција, нови медиуми + AI.
„На интервјуто си поминав супер, во позитивна атмосфера. Разговорот брзо се разви во малку стручен разговор за самата академија, па веднаш се разбравме.“
За своето искуство ни раскажа и Марија Јакимова, стипендистка на Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација.
„Интервјуто помина прекрасно. Бев слушната и мотивирана!“

Со овој повик добиваш:
- 6 стипендии со 100% намалување на школарината
- 12 стипендии со 50% намалување на школарината
- 24 ваучери со попуст од 20% до 30%
Повикот е отворен за сите што сакаат да се образуваат и да изградат кариера во креативните индустрии, без разлика дали почнуваат од нула или веќе имаат искуство.
Аплицирај за стипендија до 1 јули!
Мотивацијата зад пријавувањето на кандидатите
Разговаравме со Анастасија Јаневска, стипендистка на Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација, за тоа што ја мотивирало да аплицира за стипендија.
„Ме мотивираше желбата да вложам во себе и во своето образование. Ме привлече тоа што преку оваа можност можам да бидам дел од средина каде што се цени трудот, желбата за учење и личниот напредок.“

Својата мотивација ја сподели и Ана Младеновска, стипендистка на Академијата за моден дизајн.
„Можноста да се препознаат трудот и талентот што ги вложувам беше главната причина да се пријавам. Тоа ми даде дополнителна мотивација да направам чекор напред и да се посветам уште повеќе на она што го сакам.“
За студиите во Скала
Разговаравме со Јована Николовска, стипендистка на Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација, за нејзиното искуство со студиите.
„Многу сум задоволна од студиите. Наставата е интересна, а особено ми се допаѓа што постојано работиме на проекти и задачи преку кои навистина се развиваме. Секој нов модул ми отвора нови перспективи и ми дава уште поголема мотивација да продолжам да се усовршувам.“

„Студиите во Скала се одвиваат на доста добро организиран начин. Академиите се во помали групи на студенти, што го прави подостапно и поефективно индивидуалното посветување на менторите со секој студент посебно, што според мене е многу важно.“
Додаде Пеце Давитковски, стипендист на Академијата за моден дизајн.
За тоа како изгледаат студиите од перспектива на фотограф, поразговаравме и со Ангелина Наумовска, стипендистка на Академијата за фотографија и визуелно креирање.
„Студиите во Скала ми поминуваат одлично. Работиме на различни проекти, учиме професионални техники за фотографирање и обработка, а менторите секогаш се подготвени да помогнат и да дадат корисен фидбек“

Добитници на стипендии од минатогодишниот повик:
-
Ангелина Наумовска – Академија за фотографија и визуелно креирање
-
Мартин Николовски – Академија за графички дизајн, креативна примена на AI, и визуелни комуникации
-
Филип Трифуновски – Академија за видео продукција, нови медиуми + AI
-
Јована Николовска – Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација
-
Анастасија Јаневска – Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација
-
Марија Јакимова – Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација
-
Пеце Давитковски – Академија за моден дизајн
-
Ана Младеновска – Академија за моден дизајн
-
Јована Крстевска – Академија за дигитален маркетинг, стратегија + AI
-
Теа Олевска – Академија за дигитален маркетинг, стратегија + AI
Сега е твојот ред. Аплицирај сега и стани дел од новата генерација стипендисти!


