Skip to content
скала инфуленсер маркетинг контект креатор

MasterClass: Content Creation & Influencer Marketing: новата реалност за раст на младите бизниси

И за овој Masterclass во Скала ќе се бара место плус.


Особено важна тема за сите претприемачи, content creators, сопственици на брендови и услуги, инфлуенсери и млади маркетери…


Ќе зборуваме на тема:
„Новата реалност за раст на младите бизниси: content creation и influencer marketing.“

мастерклас за content creation и influencer marketing во Скала Скопје

Потребата претприемачите активно да ги позиционираат и развиваат своите брендови и услуги на социјалните медиуми денес е речиси неопходна, а со тоа расте и потребата од квалитетни content creators и нови форми на дигитална комуникација.

Токму затоа, создаваме простор каде овие две страни (сопственици на бизниси и content creators) ќе се сретнат, поврзат и добијат појасна слика за реалните можности за раст, соработка и развој.

Masterclass-от е наменет за сите што сакаат подобро да го разберат современиот пристап кон комуникацијата, од претприемачи, content creators, инфлуенсери и млади маркетери, до брендови кои сакаат стратешки да го развиваат своето присуство и бизнис.

Детали за настанот

Датум: 20 мај (среда)
Време: 19:00
Локација: Скала, Центар Скопје


➔ Задолжителна пријава поради ограничен број на посетители.
Пријавата е достапна подолу во текстот.

 

Говорници ::

 

➔ Мила Раковиќ

мастерклас за content creation и influencer marketing во Скала Скопје

Тим лидер на дигиталниот сектор во една од најпрепознатливите маркетинг агенции „Пиксел“. Дигитален маркетер со богато портфолио во социјални медиуми, следење трендови и менаџирање тимови. Ментор на Академијата за дигитален маркетинг на Скала.

 

 

➔ Лазар Зафировски

Social Media Campaign Manager во Телеком. Со професионално портфолио градено како Content Manager и Social Media Specialist во маркетинг агенцијата „Publicis“, една од најистакнатите агенции во маркетинг индустријата. Својата кариера ја започна пред една деценија како фотограф во Fashionel/Elena Luka. Алумни и ментор во Скала. 

 

 

➔ Владимир Ристевски

мастерклас за content creation и influencer marketing во Скала Скопје

Партнер и креативен директор во маркетинг агенцијата „Пиксел“, како и CEO на „Eventika“ – компанија за организација на настани. Со долгогодишно искуство во дигитален маркетинг и развој на стратегии. Ментор на Академијата за дигитален маркетинг на Скала.  

 

Модератор ::

 

➔ Дејан Џолев

 мастерклас за content creation и influencer marketing во Скала Скопје

Основач и CEO на школата за дизајн и технологија „Скала“ со 20+ години искуство во креативните индустрии. Воедно и ментор во областа на визуелните комуникации.

 

Пријави се тука:

Доколку си компанија или бренд во развој или контент креатор кој сака да изгради автентична содржина – се гледаме на настанот!
Влезот е бесплатен, но пријавата е задолжителна поради ограничени места.

 

мастерклас за content creation и influencer marketing во Скала Скопје

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: