Изборот каде ќе учиш не е само одлука за образование, туку одлука за тоа како ќе започне твојата кариера.
Во Скала, фокусот е на практичната примена на знаењето и подготовката за реалната работа во индустријата.
Скала те поврзува со индустријата!
По завршување на академијата, студентите ги презентираат своите портфолија пред компании од индустријата, по што дел од нив продолжуваат на пракса, добиваат проектен ангажман или понуда за вработување.
Но дали си подготвен/а за ваков тип на студирање?
Студентите на Скала се проактивни, учествуваат на хакатони, работат на реални проекти со вистински клиенти и градат портфолио уште за време на студирањето…
Во Скала наставата се одвива со физичко присуство, затоа што директната работа со ментори, тим и простор прави вистинска разлика за твојот развој.
Зошто сега е време?
- Затоа што до 15 мај е активен попуст од 500 € за сите академии за учебната 2026/27 година.
- Навреме си обезбедуваш место, бидејќи бројот на студенти е ограничен.
- И добиваш можност за подолг период на плаќање, со повеќе и пониски рати.
Академии во Скала за учебната 2026/27 година:
Графички дизајн, креативна примена на AI и визуелни комуникации [погледни повеќе]
Ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација [погледни повеќе]
Дигитален маркетинг, стратегија + AI [погледни повеќе]
Видео продукција, нови медиуми + AI [погледни повеќе]
Фотографија и визуелно креирање [погледни повеќе]
Моден дизајн [погледни повеќе]
Се плашиш да вложиш затоа што мислиш дека ќе те замени AI?
Доколку не ги следиш новите методи на работа, ако не учиш како се користат новите алатки, подоцна многу потешко ќе се интегрираш во која било професија.
Само размисли: како твоите баба и дедо денес користат компјутерска тастатура или смартфон? Дали сакаш истото чувство на заостанување да го доживееш и ти во својата кариера?
Во академиите во Скала, AI алатките се дел од наставата и секојдневната работа. Ги користиме како поддршка за идеја, анализа, визуелизација, продукција и комуникација, затоа што иднината не е без AI, туку со луѓе што знаат да работат со него.
Дојди во Скала да поразговараме подетално на оваа тема.
Ако сакаш да започнеш кариера уште за време на студирањето, аплицирај денес и обезбеди си попуст до 15 мај.












