Skip to content
студенти на академија за ентериер и 3D визуелизација во Скала Скопје

Каде реално работат ентериер дизајнери кај нас?

Кога ќе се спомне ентериер дизајн, многумина прво помислуваат на уредување на мебел. Но реалноста е многу поширока.

Што реално се очекува од junior ентериер дизајнер во Скопје?

Во студијата за ентериер дизајн и архитектонските бироа кај нас, од млад дизајнер ретко се очекува само „убав дизајн“. Се бара разбирање на просторот и функцијата, работа со материјали, осветллување, како и способност идејата да се претвори во крајно решение.

Тоа значи работа со мерки, техничка прецизност, комуникација со тим и клиенти и внимание на детали, а не само креативност.

студенти на академија за ентериер и 3D визуелизација во Скала Скопје

Работа како дел од тим (и надвор од него)

Во пракса, ентериер дизајнерите кај нас најчесто работат како дел од архитектонски и креативни тимови, но сè почесто и самостојно (freelance) или во соработка со приватни клиенти и компании.

 

Улогата на 3D визуелизацијата денес

Особено важен сегмент е дигиталната 3D визуелизација, која овозможува идеите да се претстават уште пред да постојат физички.
Ова е причината зошто ентериер дизајнерите денес имаат улога и во презентација, маркетинг и комуникација со инвеститори.

студенти на академија за ентериер и 3D визуелизација во Скала Скопје

Како AI влијае на професијата и дали може да не замени?

AI алатките веќе значително го забрзуваат процесот на работа, од пребарување идеи и материјали до брза концептуална визуелизација на просторот. Но тие не можат да ја заменат способноста за просторно размислување, техничка разработка и комуникација со клиент и изведувачи.

Во пракса, AI денес повеќе функционира како алатка што му помага на дизајнерот да работи побрзо и поефикасно.

Кај нас побарувачката за ентериер дизајнери континуирано расте, особено поради развојот на станбени комплекси, деловни простори и приватни инвестиции, што значи дека потребата од млади дизајнери со практични и технички вештини ќе продолжи да се зголемува и во наредните години

студенти на академија за ентериер и 3D визуелизација во Скала Скопје

Студентите на Скала најчесто работат…

Она што често се занемарува е дека оваа професија бара комбинација од креативност, техничко знаење и разбирање на луѓето. Студентите на Скала денес не креираат само „убав простор“, туку решаваат како просторот да функционира подобро и да одговара на потребите на корисникот.

Областа денес опфаќа различни правци, од работа на ентериери и просторно планирање до 3D визуелизација и презентација на просторни решенија.

студенти на академија за ентериер и 3D визуелизација во Скала Скопје

„Насоката не се избира однапред, туку се гради низ процесот. Кога работиш на различни типови проекти, многу полесно препознаваш каде имаш најголема сигурност и интерес.“

– вели Апостол Тноковски, ментор на Академијата за ентериер дизајн и 3D визуелизација во Скала.

 

студенти на академија за ентериер и 3D визуелизација во Скала Скопје

Академијата за ентериер дизајн и 3D визуелизација ќе те подготви за почеток на кариера, а Скала дополнително ти овозможува директен контакт со компании преку настанот „Скала по скала“, каде студентите ги презентираат своите портфолија пред претставници од индустријата и добиваат можности за пракса или прво вработување.

 

 

студенти на академија за ентериер и 3D визуелизација во Скала Скопје

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: