Skip to content
студентки од Скала на модна ревија Shtip Fashion Days 2026

Од скица до реалност: Студентките на Скала со свои креации на Shtip Fashion Days 2026

На 17 и 18 април, во Градскиот трговски центар во Штип се одржа најновото издание на Shtip Fashion Days 2026. Настанот, препознатлив како клучна точка на македонската мода, оваа година внесе нови дизајнерски визии и енергија на сцената.

 

Во рамките на настанот, учество зедоа и студентките од Академијата за моден дизајн на Скала, кои за краток период успеаја да стигнат до својата прва ревија. Тие се претставија со сопствени автентични креации, со што успешно го означија својот почеток во модната индустрија.

 

Прва вечер и прво професионално искуство за студентките

Темата на Shtip Fashion Days 2026 годинава беше инспирирана од Kia и моделот EV4, со фокус на одржливост и минималистички дизајн во сиви тонови. Студентките – Ана Младеновска, Матеа Стојановска, Сандра Камчева и Мелани Марјановиќ – се претставија на првата вечер од настанот, каде со своите креации внесоа почетна млада енергија.

студентки од Скала на модна ревија Shtip Fashion Days 2026

Патот до модната писта

Создавањето на една модна колекција бара месеци посветена работа и носи бројни креативни предизвици.  Од почетната идеја и скица, преку избор на материјали и изработка, па сè до финалниот изглед, студентките поминаа низ краток, но исклучително продуктивен период.  

Ана Младеновска вели дека процесот бил брз и динамичен, но и исполнет со возбуда и нови вештини до завршната креација. 

„ Процесот се одвиваше релативно брзо, со ограничено време за изработка. Од првичната скица, па сè до веста дека сме примени, па до финалниот производ, поминаа само две до три недели. “

студентки од Скала на модна ревија Shtip Fashion Days 2026

Од перспектива на студентките

Ги прашавме студентките како помина процесот од скица до готов модел, во периодот од октомври до настанот, и каква беше атмосферата во бекстејџот.

Матеа Стојановска, студентка на Академијата за моден дизајн, вели: 

„ Процесот беше интензивен и креативен, со постепен развој на идејата до финалниот изглед, додека бекстејџ атмосферата беше динамична, исполнета со возбуда, концентрација и адреналин пред презентацијата. “ 

За процесот, Мелани Марјановиќ вели: 

„ Процесот од скица до готов модел беше предизвикувачки и исполнет со посветеност и креативни одлуки, со моменти на брзо решавање на неочекувани ситуации. Атмосферата во бекстејџот беше возбудлива, со „сладок хаос“ и силна тимска енергија.“ 

Искуството го сподели и Ана Младеновска: 

„ Благодарение на одличната комуникација, особено со колешките од Скала, времето помина во позитивна атмосфера и тимска поддршка, а како прво искуство од „другата страна“ – во бекстејџот, јасно покажа дека целиот вложен труд навистина вредел. “ 

Сандра Камчева вели:

„Иако имавме само 12 дена за изработка на креацијата, што претставуваше голем предизвик, сепак успешно го реализиравме проектот како тим, и покрај тоа што конструкција учиме само неколку месеци. Вложивме голем труд за да создадеме нешто уникатно. Атмосферата во бекстејџот беше одлична, а целото искуство ми покажа дека со упорност и љубов може да се постигне многу.“

студентки од Скала на модна ревија Shtip Fashion Days 2026

Финалниот резултат и исполнувањето на очекувањата

Мелани Марјановиќ го сподели искуството: 

„ Презадоволна сум од финалниот резултат, кој ги надмина моите очекувања. Ова за мене беше едно многу големо искуство кое ми донесе нови знаења, самодоверба и мотивација да продолжам понатаму со уште поголема желба.” 

Сандра Камчева вели: 

„Сметав дека за натпревар треба да создадам нешто уникатно во кое ќе вложам многу труд. Ги надминав сопствените очекувања и бев пресреќна со изгледот на креацијата, преку која ја прикажав уникатноста на човекот инспирирана од Kia EV4. Ова е едно од моите најдобри искуства досега и мотивација да продолжам со уште подобри дизајни и да го постигнам посакуваниот успех.“

За Ана Младеновска, резултатот ги надминал очекувањата: 

„ Задоволството да се види како идејата оживува во реалност е навистина посебно. И покрај краткото искуство, поставените цели беа успешно исполнети, што го прави успехот уште позначаен.“ 

Матеа Стојановска вели: 

„ Многу сум задоволна од крајниот резултат. Моделот успешно ја претстави почетната идеја и на крај изгледаше поефектно и посилно од тоа што првично го замислував.“

студентки од Скала на модна ревија Shtip Fashion Days 2026

Први чекори кон модната кариера

Со учеството на Shtip Fashion Days 2026, студентките од Скала направија значаен чекор кон својата кариера во модната индустрија, покажувајќи дека со посветеност и креативност идеите можат да станат реалност. Ова искуство не само што им донесе практични знаења, туку и самодоверба и мотивација за понатамошен развој, претставувајќи силен почеток на нивниот професионален пат. Нивните први чекори на модната писта се доказ дека со вистинска поддршка, идеите можат да прераснат во успешни креации.

 

Кариера како моден дизајнер

Инспирирани од ваквите искуства, многу млади креативци се одлучуваат да го продолжат својот пат во модниот дизајн. Академијата за моден дизајн на Скала нуди можност да го поминеш целиот процес – од основни скици и развивање на креативни идеи, па сè до работа на реални проекти и учество на модни ревии. Преку практична настава и менторска поддршка, студентите добиваат вистинско искуство и подготвеност за модната индустрија.

студентки од Скала на модна ревија Shtip Fashion Days 2026

Често поставувани прашања:

Дали академијата обезбедува практична настава?
Да, наставата е базирана на практична работа, каде студентите активно работат на свои креации и проекти.

Што точно ќе научам за време на академијата за моден дизајн?
Ќе научиш да креираш модни скици, да избираш материјали, да развиваш колекција и да ја реализираш од идеја до финален производ.

Дали студентите имаат можност да учествуваат на модни ревии и реални проекти?
Да, студентите работат на реални проекти и имаат можност да ги претстават своите креации на модни настани и ревии.

 

 

Студии во Скала?

Закажи средба со нашиот тим

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: