Skip to content
студенти на академија за дигитален маркетинг во Скала Скопје

Што точно работи дигитален маркетер (во реалноста, не во опис на професија)

Кога некој ќе каже „сакам да работам дигитален маркетинг“, најчесто мисли на водење Instagram профил или креирање објави за брендови. И сосема разбирливо, тоа е највидливиот дел од професијата. Но во пракса, особено во локалната индустрија, маркетингот функционира како систем од повеќе улоги што работат заедно, а не како една позиција.

 

Што реално се очекува од junior маркетер во Скопје

Во агенциите и компаниите кај нас од млад маркетер ретко се очекува само објавување содржина. Се бара следење трендови, разбирање публика и јасна комуникација со тим.
Тоа значи организација, одговорност и чувство за насока, не само креативност.

студенти на академија за дигитален маркетинг во Скала Скопје

Социјални медиуми и performance маркетинг – различни насоки во иста професија

Интересно е што студентите најчесто сакаат да работат со социјални медиуми и токму таму често започнува првиот професионален чекор.

Во исто време, маркетинг агенциите имаат голема потреба и од луѓе што работат со Meta Ads, Google Ads и аналитика, области кои се развиваат постепено и стануваат особено вредни со искуство.

Со тек на време, многу маркетери природно преминуваат од content кон strategy, performance или аналитика, или пак остануваат во content и се специјализираат во таа насока. Токму оваа можност за движење низ различни улоги е една од најголемите предности на дигиталниот маркетинг како професија.

 

Како изгледа работата во маркетинг тим

Маркетерот најчесто работи како дел од тим. Тој пишува бриф за дизајнер, дефинира публика, поставува KPI индикатори и анализира резултати од кампања.
Не одлучува што ќе се снима. Одлучува зошто се снима.
Во соработка со арт директор, фотограф или видеограф се гради комуникација што има стратегија, а не само визуелна форма. 

студенти на академија за дигитален маркетинг во Скала Скопје

Со какви клиенти работат маркетерите кај нас

Во локалниот контекст маркетерите најчесто работат со домашни брендови и компании од секаков тип. 

Во поголемите агенции се работи и на кампањи за странски пазари или глобални брендови присутни локално како Coca-Cola, T-Mobile, Porsche, Mercedes-Benz, Pepsi, Heineken, KFC, Burger King, ZARA… како и банки и телекомуникациски оператори и многу други популарни брендови присутни на домашниот пазар.

Тоа овозможува рано стекнување искуство со различни индустрии, нешто што ретко се случува во други професии.

студенти на академија за дигитален маркетинг во Скала Скопје

„Дигитален маркетер“ не е една професија

Една од најголемите заблуди кај младите е дека дигиталниот маркетинг е една позиција.

„Дигитален маркетер не е една професија. Тоа е поле со повеќе специјализации низ кои можеш да се движиш и да растеш со текот на кариерата.“ 

– ни сподели Владимир Ристевски, креативен директор и партнер во Pixel Digital и ментор на Академијата за дигитален маркетинг во Скала.

„Можеш да започнеш како social media manager, а подоцна да станеш копирајтер, performance маркетер, стратег, акаунт менаџер или маркетинг директор. Токму оваа подвижност ја прави професијата долгорочно одржлива и многу забавна!“ – додаде Владимир

студенти на академија за дигитален маркетинг во Скала Скопје

Што навистина бараат маркетинг агенциите

Агенциите најчесто не бараат „совршен кандидат“. Бараат личност што сака да учи.

Се вреднува ентузијазам, љубопитност и интерес за нови технологии. Познавање Meta Ads 

Manager и Google Ads е силна предност уште на почеток, додека reporting ретко се очекува од junior кандидати, но кога ќе се совлада станува една од највредните вештини во професијата.

 

Каде се развива кариера во дигитален маркетинг

Маркетингот денес не е краток курс за социјални медиуми, туку поле во кое може да се изгради кариера во агенции, интерни тимови на компании, меѓународни франшизи или сопствен бизнис. Дел од алумните на Скала веќе работат на проекти за глобални брендови уште во раните фази од професионалниот развој.

студенти на академија за дигитален маркетинг во Скала Скопје

Како да ја избереш својата насока во маркетинг

Ако размислуваш за кариера во дигитален маркетинг, најважното прашање не е дали оваа професија има иднина, туку која насока во неа одговара на твојот профил.

Академијата за дигитален маркетинг + AI е поставена токму како систем што комбинира стратегија, аналитика, performance маркетинг, content системи и современи AI workflows, за да можеш да влезеш во индустријата подготвен за реалните задачи што ги бараат агенциите денес.

студенти на академија за дигитален маркетинг во Скала Скопје

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: