Skip to content
отворени денови скала school академии за дизајн и технологија

Design + Cocktails дружба во Скала

Време е да го направите најважниот чекор кон вашата кариера во дизајнот. Те очекуваме во Скала на традиционалниот „Design + Cocktails“.

 

На 12-ти Септември, ви нудиме можност да ги откриете тајните на успехот директно од врвните професионалци во индустријата и универзитетски професори, сите ментори во Скала.

 

 

Пријавувањето е бесплатно – само регистрирајте се на следниов линк: Регистрација.

 

 

Во релаксирана атмосфера, со коктел по избор, ќе имате шанса да ги запознаете вашите идни ментори и колеги, и да дознаете како можностите во Скала ќе ви помогнат да растете и да се развивате, како во текот на студиите, така и по нивното завршување.

Овој настан е повеќе од обични „отворени денови“. Тоа е вашата шанса да ја почувствувате вистинската енергија на Скала – место каде што креативноста, иновацијата и страста се спојуваат за да создадат нешто исклучително. Запознајте ги луѓето кои ќе бидат дел од вашата креативна иднина, поставете прашања, споделете идеи, и дознајте како можете да го искористите вашиот потенцијал до максимум.

Ако сонувате за кариера во дизајнот или едноставно сакате да се втурнете во креативните води, ова е настанот кој не треба да го пропуштите!

Коктел и знаење за секој, додека првите 50 пријавени ќе добијат и специјално изненадување! 

 

Што да очекувате?

 

Разговараме за Академиите за дизајн:

 

— —

Агенда:

  • 18:00ч. – 18:15ч.
    Се сместуваме удобно и порачуваме коктел по избор.
  • 18:15ч. – 19:15ч.
    Отворена дискусија и размена на лични искуства со дел од менторите.
  • 19:15ч. – 20:00ч.
    Неформално дружење помеѓу гостите, менторите и тимот на Скала.

 

Распоред:

 

► 12 Септември / 18:00ч. – 19:30ч. 

▷▷ Академии за: Графички дизајн / Визуелни уметности [видеографија + моушн дизајн + анимација] / Ux/Ui дизајн / Фотографија

• Зоран Кардула // [Popstar] Илустратор и Графички дизајнер;

• Дејан Џолев // Визуелен артист и Основач на Skala School;

• Гоце Кралевски // Филмски продуцент и Филмски монтажер / DNF Films

• Стефан Стојковски // UX/UI дизајнер.

▷▷ Академија за Моден дизајн

• Никола Булевски Буле // Универзитетски професор и Специјалист за конструкција на облека „Bella”;

• Ирина Тошева // Модна дизајнерка „Ирина Тошева“;

▷▷ Академија за Ентериер и продукт дизајн

• Илија Паунков // Ентериер дизајнер / BH Architects;

• Апостол Тноковски // [Popstar] Продукт дизајнер.

 

 

Не пропуштајте ја оваа шанса да научите повеќе за својата иднина во дизајнот и да се инспирирате од најдобрите во креативните индустрии.

 

 

Пријавувањето е бесплатно – само регистрирајте се на следниов линк: Регистрација.

 

 

 

Погледнете ја атмосферата од претходните Отворени денови во Скала!

 

 

 

 

Ве очекуваме! ♡ 

 

отворени денови скала school академии за дизајн и технологија

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: