Повеќе од 500 ентузијасти за кариерни промени, прогресивни трагачи по актуелните знаења и љубители на нови искуства, забава и нетворкинг, присуствуваа на Патронатот на „Скала“ или популарно „Добро утро креативци“ – Саем за размена на креативни искуства и размисли.
Оваа година, фокусот беше ставен на образованието како главна тема или конкретно, „Искуството како најбрутален учител“, па затоа понудивме и реализиравме по две групи од 8 инспиративни работилници од актуелните случувања во индустриите на новото време, базар по иницијатива на нашите студенти и за крај, конструктивна и богата панел-дискусија за сите џуниор–профили, на тема: „Пораснав и што сега?“.
Секоја од работилниците беше исполнета со иновативни содржини, внимателно подготвени од експерти во своите области. Темите беа разновидни и ги покриваа најразличните аспекти на дизајн, кариера и маркетинг. Училниците беа полни, а секој учесник имаше можност да се изрази, да научи нови техники и да ги сподели своите мисли и идеи со останатите.
Крсто Златков кој ја претстави темата: „Од идеја до старт-ап“ (Lean Canvas Model). Учесниците имаа можност да научат како се создава квалитетен бизнис–план и практично да работат на развој на своите бизнис–идеи. За оваа работилница се бараше место плус! Додека официјалното пријавување се затвори за неполни 24 часа од нејзината објава, што зборува за прогресивното претприемачко расположение во еко-системот.
Додека ентузијастите за личен развој, ја посетија работилницата на Елена Костовска која одржа работилница за оптимизација на LinkedIn профил, наменета за сите оние кои работат на личен брендинг и кариера.
Владимир Ристевски, креативен директор во „Пиксел“ и ментор на Академијата за дигитален маркетинг, ја водеше својата работилница пред исто така, полна училница учесници кои ги дознаа новитетите и тајните на маркетингот и употребата на AI во него. Прекрасно беше да се запознаат различни профили на професионалци, не само маркетери.
Популарниот илустратор Андреј Павлов, алумни на Скала од Академијата за визуелни уметности, одржа напредна работилницата за графичка илустрација, на тема „визуелна метафора и ситемот 1+1“.
Биди и ти дел од „Скала“ и заедницата којашто поддржува развој и напредок преку најсовремени методи и технологии, аплицирај на отворениот повик за стипендии!
Ентузијастите за веб дизајн ја посетија работилницата на Андреј Стамевски. Учесниците на интерактивен начин научија повеќе за комуникација преку UI/UX-дизајн. Андреј е исто така алумни на Скала, додека денес е ко-основач и креативен директор на Moderm Marketing.
Во соседната училница, менторката Јелена Џокиќ одржа работилница за 3D-печатење, при што учесниците имаа можност да ги материјализираат своите идеи.
Исто така се реализираа и работилниците на фотографот Драги Неделчевски, на тема „автопортрет, селфи, самослик“, а преполно беше и модното атеље со менторките Катерина Тошева и Андријана Павловски на работилницата за мода кадешто учесниците имаа можност да им дадат нов живот на старите парчиња облека преку редизајн и поправка.
На крајот од денот, фокусот беше во една просторија, каде што се одржа панел–расправа на тема „Пораснав и што сега?“ или како поднаслов „Искуството како најбрутален учител!“.
Панелот беше модериран од основачот на „Скала“, Дејан Џолев, додека учесници беа алумни– студенти на „Скала“ од различни генерации и академии кои денес се професионалци во своите дејности: Андреј Павлов, графички дизајнер во „Division“, Бојан Матејин, Video Contet Creator во „Publicis“, Бинаса Дрндар, HR-Business Partner во „Inscale“ и Мирјана Јосифовска сопственичка на првиот македонски бренд за шапки.
Зборувавме за најголемиот проблем на секој млад човек во нашата заедница – што по завршување на нашето образование, факултет или академија, како да се вработиш или основаш компанија. Сите препреки и радости споделени од искуствата на нашите алумни– студенти.
Паралелно, во текот на целиот ден, се одржа и базар организиран по иницијатива на нашите тековни студенти од сите академии што зборува за чувството на нивната припадност и желба и тие да придонесат за Скала–заедницата. Нивната креативност беше преточена во низа рачни изработки од различни материјали, медии и комбинирани техники, уметнички дела, накит, дизајнерски артефакти од различен тип. На базарот беа изложени и можеа да се купат дела на: Анастасија Стевковска, Дона Димов, Крсто Глигорјадис, Катерина Симјаноска, Милена Петковска, Моника Стојковска, Огнен Анчевски, Стефани Стојановска, Стефан Божиновски, Стефан Ничевски, Трајче Стојанов, Наташа Латиновска и Нела Стојанова. [повеќе инфо наскоро] ^_^
Покрај учењето и креативното изразување, настанот беше и одлична платформа за запознавање и вмрежување со други креативци. Се создадоа нови пријателства и соработки коишто сигурно ќе продолжат да растат и да се развиваат и по завршувањето на саемот.
„Добро утро креативци” беше вистинска прослава на креативноста и иновативноста. Имавме можност да се инспирираме еден од друг, да научиме нови работи и да го збогатиме нашето креативно патување.
Биди и ти дел од „Скала“ и заедницата којашто поддржува развој и напредок преку најсовремени методи и технологии, аплицирај на отворениот повик за стипендии!