Skip to content
отворени денови-скала-џолев-академии-дизајн-технологија

Прва средба „Отворени денови“, зборувавме за отворените можности!

На едно место се собраа сите млади ентузијасти, подготвени за нови образовни и професионални подвизи и дел од нашите ментори на „Отворени денови“ во просториите на „Скала“.


Присутните имаа можност да се разладат со мохито и да влезат во светот на Скала каде што за кариерните можности нема граници!

„Отворени денови + коктели“-  оваа година се одржа во два дена и беше повод за неформален разговор и запознавање со програмите и менторите од сите 11 академии во Скала.

 

Првиот ден беше посветен на академиите за Визулени уметности, Графички дизјан, Фотографија, Моден дизајн и академијата за Ентериер и продукт дизајн.

Меѓу присутните ментори беа: 

  • Никола Булевски Буле // Универзитетски професор и Специјалист за конструкција на облека „Bella” + „Nikola Buleski – Bule“; 
  • Гордана Вренцоска // дизајнер + декан на Факултетот за арт и дизајн;
  • Дејан Џолев //  основач и CEO на Skala School;
  • Илија Паунков // ентериер-дизајнер – BH Architects.

 

Додека пак вториот ден беше посветен на Aкaдeмиите за технологија и комуникации и тоа: Акдемијата за UX/UI+ дизајн, Product owner и секако најуктелните академии за Дигитален маркетинг и Човечки ресурси(HR) + регрутација. 

Дел од менторите кои ни се придружија вториот ден беа: 

  • Владимир Ристевски // Partner & Creative Director Piksel;
  • Стефан Стојковски // UX/UI дизајнер;
  • Данче Масларова Стојановска // Principal Product Owner Lead / RLDatix;
  • Александар Радически // Talent Acquisition Manager / RLDatix;

 

 

 

Се споделија различни искуства, се разговараше на различни теми од индустријата, а многумина имаа шанса и директно да се поврзат со менторите и нивните академски програми, работата, да дознаат повеќе за можностите на пазарот, да дискутираaт на различни теми, да дознаат нови работи и секако – да се дружат.

Па така на дел од дискусијата беа поставени прашања за чиjшто одговори беа најмногу заинтересирани присутните и тоа:

Што е она што практично го изучуваат студентите на часовите?

Менторката Гордана Вренцоска ни одговори:

Секогаш тоа што се изучува потребно е да има практична примена, па затоа постојано се трудам задачите и вежбите кои ги изработуваме со студентите да произлезат од реалниот свет и реалните проблематики кои се актуелни. Преку тие проекти пробуваме да одговориме на некои неодговорени прашања и да понудиме идејни решенија, а многу од тие проекти понатака добиваат и свое „Ехо“

 

 

Менторот Дејан Џолев пак се осврна на важноста од физичка настава и наставна програма: 

Онлајн настава, или генерално интернет образованието е навистина погрешна стратегија доколку имаме намера да се преквалификуваме во нова дејност, затоа што ние најчесто на интернет се едуцираме со тоа што сметаме дека ни е потребно, но вистинското образование многу повеќе се бави со тоа што ние не сме ни свесни дека е важно за нашата идна професија! 

 

 

 

Во рамки на вториот ден посветен на академиите за технлогија и комуникации, од присутните ментори меѓу кои владееше прекрасна синергија ви издвојуваме изјави од Владимир Ристевски и Александар Радически како претставници на Академиите за Дигитален маркетинг и Човечки ресурси(HR) + регрутација.

Во однос на Академијата за Дигитален маркетинг Владимир ни сподели: 

Идејата на Академијата и зошто да ја изберете Скала како следна дестинација е затоа што ќе ви ги прошири вашите видици. Мора да научите што значи еден екосистем на вештини, да знаете што се случува онлајн, да го покриете делот на  „copywrite“, да покриете дел од начин на активација на вашата креативност, како да комуницирате со клиенти и со колеги. Ќе научите како да го зборувате јазикот на дигиталниот маркетинг што не е само креативност туку е и анализа на податоци, анализа на engagement, резултати од e-mail маркетинг кампањи итн.
Ќе научите како да пороцените каков еко систем ви е потребен и како да го создадете.
Поентата на Академијата е да ви ги даде сите можни вештини во детали, а вие со тек на време да се пронајдете каде сакате да функционирате и како во овој свет на дигиталниот маркетинг.

 

 

Александар Радически пак подетално ни ја долови добро промислената програма на Академијата за Човечки ресурси(HR) + регрутација. 

Нашата цел е да го поттикнеме и  развиеме „Critical thinking“ кај студентите.
На оваа Академија ќе ги поминеме сите аспекти од  Човечки ресурси и регрутацијата. Ние сме неформално образование и ви го споделуваме стекантото знаење преку години искуство, вие ја имате таа можност да го исцрпите нашето знаење.
Ќе работиме на практични примери, реални сценарија се со цел да ги доловиме сите аспекти и позиции во човечките ресурси.
Ова е широко поле кадешто ќе можете сами да одлучите со кој аспект сакате да се занимавате.

 

Покрај прекрасните дискусии кои ги имавме двата дена со менторите дружбата продложи и во неформална атмосфера а особена благодарност и до останатите ментори кои беа присутни и достапни за разговор и тоа: Гоце Кралевски, Ирина Тошева, Нена Гиевска, Мила Раковиќ и Игор Добросавлевиќ.

Ни претставува особена чест и одговорност да се запознаеме со новата генерација која несомнено е новата сцената како во кретивните така и во IT индустриите.

 

 

 

Првиот академски час ги очекува на 14 октомври 2024, а УПИСИТЕ на академите за дизајн и технологија СЕ ВО ТЕК!

 

За сите кои не беа во можност да ни се придружат, ги повикуваме  да не посетат во нашите простории, секогаш сме отворени за разговор, совет и консултација. Закажете средба со нашиот тим преку пополнување на формата на овој линк.

Ви благодариме за прекрасната енергија, се гледаме на следна инспиративна  дружба!

 

Ран упис до 15 јуни! Резервирај си место!

 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: